Новиот извршен директор Марвин Рамке: „Ќе поставиме нови мерила во финансиската индустрија.“

Марвин Рамке е новиот извршен директор на групацијата EOS од февруари 2022 година. Во ова интервју ги открива неговите планови за иднината и ги посочува предизвиците со кои се соочуваат менаџерите во денешно време.

  • Новиот извршен директор става силен акцент на меѓународен план.
  • Групација EOS: од национален давател на услуги за наплата на долгови до меѓународен финансиски инвеститор со технолошки напредок
  • Социјалната одговорност и разновидноста се двигатели на групацијата EOS.

Здраво Марвин, честитки за новата функција. Кој беше Вашиот прв официјален чин како нов извршен директор на EOS и како се чувствувате?

МАРВИН РАМКЕ: Ви благодарам многу! Прво ги повикав сите мои нови директно подредени за да им кажам дека ми е многу мило што ќе работам со нив. Собирам тим од апсолутни експерти и одвај чекам да почнам да работам со нив. Веќе имам многу идеи за иднината. Во исто време, секако, ги почитувам одговорностите на оваа функција. 

Убеден сум дека во иднина ќе поставуваме нови мерила во финансиската индустрија и не само во секторот за наплата на долгови, туку и надвор од него.
Марвин Рамке, извршен директор на групацијата EOS

Каде сакате да ја однесете групацијата EOS во следниве години?

Од национален давател на услуги за наплата на долгови, EOS се разви во финансиски инвеститор од меѓународен калибар којшто сега во голема мера заработува во странство. Ние сме една од водечките компании за наплата на долгови во Европа. И тоа е нешто на што со право можеме да се гордееме. Но, сè уште имаме многу потенцијал. Мислам дека мојата најважна задача е да поставам стандарди со EOS во целата финансиска индустрија, а не само надвор од секторот за наплата на долгови.

И како ќе успеете да го изведете тоа?

Ние, како групација, треба да се зближиме уште повеќе и да соработуваме поинтензивно на меѓународно ниво. Во случајот со ИТ-проектите и откупот на побарувања тоа веќе функционира многу добро. Во други области можеме да работиме уште подобро, на пример при оптимизација на процесите со помош на технологијата, т.е. оптимална соработка меѓу луѓето и технологијата. 

Одликите на добриот менаџер се храброст и отвореност. И покрај неизвесноста, добриот менаџер овозможува стабилност и ги мотивира луѓето да му се придружат на заедничкиот пат.
Марвин Рамке, извршен директор на групацијата EOS

Кој е најитниот предизвик со кој ќе треба да се справи EOS во следните неколку години?

Без сомнеж, тоа е „Борба за таленти“. Има сè поголем недостиг од квалификувана работна сила, како што веќе очигледно забележуваме денес. Тоа е уште една причина зошто е важно за нас да се зближиме како групација и да се прикажеме на меѓународно ниво. Не смееме да гледаме само на локалниот пазар на труд. Постојат таленти низ цел свет и ние треба да ги убедиме талентираните лица да се вклучат во EOS и да преземат атрактивна улога, без разлика дали се во Хамбург, Париз или Будимпешта. Уверен сум дека јазикот има клучна улога, па затоа во иднина ќе се користи повеќе англискиот јазик и во нашето главно седиште во Хамбург. Ова ќе биде единствениот начин да се регрутираат најдобрите меѓународни таленти.

Општествената одговорност на претпријатието неодамна беше поставена како тема за највисокото раководство во EOS: Како планирате да продолжите со овој пристап?

Според мене, д-р Михаел Ото беше еден од првите претприемачи којшто го сфати прашањето за социјална одговорност навистина сериозно. И по 20 години во групацијата Ото, тоа стана дел и од мојата ДНК. Ние ќе се залагаме за нашите вредности на меѓународно ниво, а во овој контекст зборувам и во име на моите колеги од Одборот на EOS. Истото се однесува на општествената одговорност на претпријатието воопшто, а особено на разновидноста. Разновидноста е важна тема во групацијата веќе подолго време. Една од нашите најитни цели во моментов е значително да го зголемиме бројот на жени на раководни функции во следните неколку години.

Според Вас, со што се одликува добриот менаџер?

Никогаш не сме имале толку промени како во денешно време. Ова е тежок предизвик и за менаџерите. Од една страна, тие треба да бидат способни да ги обликуваат промените во сопствената компанија без да знаат 100 проценти каде ќе ги однесе патувањето затоа што светот постојано се менува. Истовремено, нивна работа е да го поддржат својот персонал. Значи, за мене, одликите на добриот менаџер се храброст и отвореност, како и способност да се издржи неизвесноста. Затоа, добрите менаџери обезбедуваат стабилност среде оваа промена и ги мотивираат луѓето да им се придружат на заедничкото патување. 

Дали имате на кого да се угледате за да ве води?

Немам пример како таков, но следам едно едноставно правило: Сакам да учам нешто ново секој ден и да бидам малку подобар и попаметен отколку претходниот ден. 

Обратете се кај нас ако сакате да дознаете повеќе информации за Марвин Рамке и за групацијата EOS.

Sabrina Ebeling
Corporate Communications & Marketing

Телефон: +49 40 2850-1480

s.ebeling@eos-solutions.com

Photo credits: Benno Ochs, Sebastian Vollmert