Java Developer (mid-level)

ПРИДРУЖИ СЕ НА УСПЕШНИОТ ТИМ на позиција

Java Developer (mid-level)

   ИТ и Системи       

ЕОЅ Матрих е дел од групацијата ЕОS, водечка финансиска компанија во Европа и експерт во областа на наплата и откуп на побарувања. ЕОЅ е компанија присутна во 26 земји во светот, со околу 7,000 вработени и насекаде во светот нуди еднакви можности за вработување и обука

Профил:

  • Солидни познавања од објектно-ориентирано програмирање
  • Солидно познавање на RESTful API
  • Практично искуство со Java EE 8+
  • Практично искуство со примена на практики и шеми за дизајн и развој на софтвер
  • Практично искуство со JPA и Hibernate
  • Практично искуство со развој на ниво на бази на податоци: процедури, оптимизација на query-ја, техники на индексирање (Oracle, MySQL, MSSQL)
  • Практично искуство со споделување на знаење (презентации, менторирање, придонес во „база на знаење“)
  • Практично искуство со развој на софтвер како дел од тим
  • Практично користење на англиски јазик (пишана и вербална комуникација)
  • Проактивност
  • Желба за постојано учење, надградување и споделување на знаењето
  • Внимание кон детали
  • Упорност, истрајност и постојаност во работењето
  • Способност за приспособување на нивото на комуникација со членовите на тимот и клиентите
  • Практично искуство во развој на мобилни апликации ќе се смета како предност
  • Практично искуство во интеграција на апликации со телефонија ќе се смета како предност

Одговорности:

  • Развој, тестирање, корекција и документирање на софтвер (нови функционалности или промени на постоечки модули)
  • Обезбедување на помош и поддршка на колегите од тимот при развој, тестирање и документирање на функционалности
  • Учество во ревидирање на кодот на колегите од тимот
  • Учество во евалуација и ревидирање на користените методологии и алатки за развој на софтвер
  • Комуникација со клиентите на позитивен и професионален начин
  • Стекнување и надградување на доменски знаења кои ќе придонесат за подобро разбирање на софтверот кој се изработува
  • Споделување на знаења со колегите од тимот во EOS Mакедонија и со тимовите за развој на софтвер од останатите ЕОЅ компании
  • Усвојување на културата на ЕОЅ и работа во согласност со принципите на ЕОЅ

Придобивки:

  • Можност за работа со колеги од тимови во земјите каде EOЅ има ИТ тимови
  • Пријателска, позитивна и здрава работна околина, фокусирана на развој на секој член од тимот
  • Работа во интернационална компанија
  • Можности за постојано учење и надградување

Заинтересираните кандидати треба да ги достават своите биографи на mk-hr@eos-маtrix.com

Пристигнатите биографии ќе се чуваат во рок од 1 година по истек на огласот, освен доколку испраќачот не назначи поинаку.

 

www.eos-matrix.mk

www.eos-solutions.com