Насмеани вработени на состанок

Одлични сме во справувањето со Вашите неплатени побарувања

Ви обезбедуваме парични текови

Експерти сме во полето на меѓународно управување со побарувања: наплата, откуп на побарувања и целосно преземање на деловниот процес. Со приспособени услуги за B2B и B2C.

Создаваме взаемно корисни решенија што Ви обезбедуваат парични текови, на начин што Ви одговара Вам и на вашите клиенти. Бидејќи знаеме дека денешните должници се Ваши идни клиенти. Притоа, Вие може да се насочите кон идниот развој на компанијата. Звучи добро? Стапете во контакт со нас.

Нашите таленти и технологии работат низ целиот свет

Раководители што ги поддржуваат нашите таленти

Генерален директор на EOS Матрих Македонија и EOS Косово
Катерина Бошевска е магистер по економски науки, со изразени менаџерски способности, длабоко познавање на локалните деловни практики и бизнис заедницата. Покрај домашното искуство, во својата кариера има долгогодишно искуство во работењето со странски компании, развивање и имплементирање на проекти со домашни и странски партнери и соработници. Кон ЕОЅ пристапува на 01.11.2005 на позицијата Финансиски директор.

Раководител на оддел за развој на бизнис
Верица Хаџи-Смилевска е дел од EOS Матрих Македонија од 2010 година, кога својата кариера во ЕОЅ ја започна преку Програмата за менаџмент тренинг. Пред превземање на позицијата Раководител на оддел за развој на бизнис има искуство на позиции во Оперативниот и Одделот за деловна аналитика во рамките на ЕОЅ. Верица е магистер по бизнис администрација.   

Раководител за наплата во Оперативниот оддел
Маја Котеска е дел од ЕОS Матрих Македонија од самото основање на компанијата во 2003 година. Своето долгогодишно искуство во областа на наплата на побарувања го стекнува преку  практичните знаења и етаблирање на успешни процеси за наплата во Оперативниот оддел на компанијата. Од февруари 2009 е назначена на позиција Менаџер за наплата, а во моментот е на позиција Раководител за наплата во Оперативниот оддел. Своето формално образование го завршува на економски факултет на универзитетот Кирил и Методиј, отсек МБА Менаџмент.  

Раководител на Финансии
Александра Крајческа станува дел од тимот на EOS Матрих Македонија во Октомври 2009 година на позицијата Финансиски аналитичар во Одделот за финансии. Својата кариера ја започнува во реномираната ревизорска куќа КПМГ Македонија и зад себе има 10-годишно искуство како Постар ревизор. Александра Крајческа е Дипломиран економист и како дел од ЕОЅ тимот е одговорна за изготвување на Финансиски извештаи како и Финансиска анализа на податоците поврзани со работењето на компанијата. На позицијата Раководител на Финансии и Известување, стапува во Март 2015 година.

Раководител на оддел за деловна аналитика
Димитар Грижев е магистер по економски науки. Својата кариера ја започнува во Стопанска Банка во 2003 година. Во Мај 2006 година се приклучува во тимот на ЕОS Матрикс. Димитар поседува изразени аналитички способности и бизнис логика. Тој има долгогодишно искуство во подготовка на бизнис анализи и оперативни извештаи, како за потребите на менаџментот, така и за потребите на клиентите на ЕОS.