Импринт

EOS Матрих ДООЕЛ

Ул. Аминта Трети бр. 1
1000, Скопје
Македонија

Тел.: +389 2 3200400
Факс: +389 2 3200334

Генерален директор
Катерина Бошевска

Централен регистар
5754704


И покрај сите напори да се осигури точноста и ажурирањето на информациите на оваа веб страница, EOS Матрих ДООЕЛ и нејзините соработници не гарантираат за точноста, прецизноста и соодветноста на кои било информации. Под никакви околности, EOS Матрих ДООЕЛ или нејзините партнери нема да бидат одговорни за директни, индиректни или посебни штети или последици од користењето или потпирањето на информациите содржани на оваа веб страница. Сите обработени податоци што се содржани на URL- то на EOS Матрих ДООЕЛ се чуваат во безбедно опкружување. Податоците се обработуваат единствено со цел да се обезбедат одговори на Вашите прашања и истите нема да бидат достапни за други лица или за други цели. 

Известување за заштита на приватноста

Веб-следење и користење колачиња

Заштитата на Вашата приватност ја сфаќаме многу сериозно кога ги собираме, обработуваме и користиме Вашите лични податоци во согласност со законските барања, па затоа сакаме да се чувствувате пријатно и безбедно кога го користите нашиот веб-сајт. Оваа изјава за заштита на податоците се однесува само на овој веб-сајт, а не на поврзаните веб-сајтови.

Овој веб-сајт користи технологија etracker за да собере податоци за однесувањето на посетителите. Овие податоци кои се собираат анонимно се користат за маркетиншки причини и за оптимизирање. Сите податоци од посетителите се зачувуваат со помош на анонимен кориснички ID и може да се додаваат на профил на користење. Можно е да се употребат колачиња за да соберат или зачуваат вакви податоци, но податоците остануваат строго анонимни. Податоците нема да се користат за лична идентификација на посетителот и не се додаваат на какви било лични податоци. Собирањето и складирањето на податоци може да биде одбиено во секое време во однос на подоцнежните услуги.

Користење на Siteimprove Analytics

Оваа веб-страница користи Siteimprove Analytics, услуга за веб-аналитика којашто ја обезбедува Siteimprove. Siteimprove Analytics користи „колачиња“, што се всушност текстуални датотеки кои се ставаат во вашиот компјутер, за да му помогнат на EOS Матрих ДООЕЛ да анализира како посетителите ја користат страницата. Информациите генерирани со помош на колачињата за начинот на којшто посетителите ја користат веб-страницата ќе бидат складирани и обработени од страна на Siteimprove на сервери во Данска.

IP адресите неповратно се анонимизираат пред податоците да бидат ставени на располагање во Siteimprove Analytics или Intelligence Suite за EOS.

EOS ќе ги користи овие информации за евалуација на начинот на којшто посетителите ја користат веб-страницата, за составување извештаи за активноста на веб-страницата, како и за подобрување на искуството на сите посетители на веб-страницата. Siteimprove нема да ги пренесе овие информации на трети лица, ниту пак ќе ги користи за какви било маркетинг или рекламни цели.

Ова се колачињата кои Siteimprove ги користи на оваа веб-страница:

Име на колачето: nmstat

Тип: Трајно - истекува по 1000 дена

Ова колаче се користи за да помогне во евидентирање на начинот на кој посетителите ја користат веб-страницата. Се користи за собирање статистички податоци за користењето на страницата, како на пример податоци за тоа кога посетителот последен пат ја посетил страницата. Колачето не содржи лични податоци и се користи само за веб-аналитика.

Име на колачето: siteimproveses

Тип: Колаче на сесија

Ова колаче се користи чисто за следење на низата од страници кои посетителот ги гледа во рамки на веб-страницата при нејзина посета. Со користење на оваа веб-страница, посетителот се согласува Siteimprove да врши обработка на неговите/нејзините податоци на начин и за цели како што е наведено погоре.

Може да го спречите Siteimprove Analytics да ги собира вашите податоци со кликање на следнава врска. Ќе биде поставено колаче за откажување кое ќе спречи собирање на Вашите податоци во иднина при посета на оваа веб-страница:

Деактивирај

Колачиња од сесии што се потребни за работата на веб-сајтот

Овие колачиња автоматски се складираат на серверот со помош на PHP за секој корисник. По правило, тие се бришат по 20 минути неактивност на корисникот на веб-сајтот.

Промотивни колачиња

EOS исто така користи колачиња за определени промоции што се складираат и по завршувањето на времетраењето на дадената сесија („упорни колачиња“). Овие колачиња, меѓу другото, обезбедуваат определени промоции да Ви се прикажуваат само еднаш и без повторување.

Колачињата остануваат складирани во Вашиот прегледувач сè додека не ги избришете. Секако, може да го конфигурирате прегледувачот на тој начин што колачињата нема да се складираат на Вашиот хард диск. Деталите за начинот на промената на поставките за колачиња во Вашиот прегледувач може да се најдат во делот Помош во Вашиот прегледувач.