Должници
+389 2 3200 400 Испрати порака
Корисници
+389 2 3200 400 Испрати порака
Контактирајте нѐ

Со нетрпение очекуваме да слушнеме од Вас.

  1. Компанија
  2. Квалитет

Финансиски услуги со разум и чувства

EOS Матрих: вашиот партнер за финансиски решенија

Со разум и чувства во финансиите – оваа парола го сумира начинот на кој ние ја разбираме нашата работа. Ние сме експерти во она што го работиме и целиме кон исполнување на највисоките стандарди за квалитет. Како дел од Групацијата EOS, ние сме посветени на јасно дефинирани вредности на кои вие можете да се потпрете. Тие се заедничкиот именител на нашата работа и ја утврдуваат рамката за сите наши активности и постапки.

Водечките принципи на Групацијата EOS се фокус и разбирање. Фокус, бидејќи ние успешно ги исполнуваме нашите задачи со сигурност и одлучност. Разбирање, бидејќи ние одговараме на секоја ситуација со разновидност и со отворен ум со цел да изнајдеме оптимално решение за сите наши партнери. Ние се ангажираме за нашите клиенти како давател на услуги и партнер, додека должниците ги третираме како клиенти на нашите клиенти. Нашиот фокус е изнаоѓањето на заеднички прифатливи решенија за сите вклучени страни.

Јасни вредности, висок квалитет

Меѓународните вредности на Групацијата EOS се утврдени во Кодексот на однесување, кој има функција на насока во нашето секојдневно работење. Преку овој Кодекс, ние имаме утврдено како EOS работи и начинот на кој ги третираме како нашите клиенти и клиентите со неподмирен долг, така и нашите вработени и партнери: со високи стандарди и огромна почит.

Ова е клучот за нашиот успех:

  • Ние развиваме индивидуални решенија за секој клиент.
  • Ние се потпираме на обучените кадри и во нашите тимови го носиме само најдоброто, концентрирајќи се на мирољубив и пријателски дијалог со сите страни.
  • Ние ги почитуваме вашите клиенти и се трудиме да најдеме решение коешто е соодветно за индивидуалната состојба на секоја вклучена страна.
Затвори Компанијата EOS користи колачиња за да ви понуди најдобра можна услуга. Со користењето на овој веб-сајт потврдувате дека смееме да зачувуваме колачиња на вашиот компјутер и да ги користиме. Тоа можете да го промените во секој момент, во поставките за колачиња.промените во секој