Корисници
+389 2 3200 400 Испрати порака
Медиуми
+389 2 3286 450 Испрати порака
Контактирајте нѐ

Со нетрпение очекуваме да слушнеме од Вас.

  1. Компанија
  2. Медиуми
  3. Настани

Запознајте се со EOS – сретнете се со нас на некој од претстојните настани

Ние учествуваме на разновидни настани со цел да ги споделиме најдобрите практики, да откриваме новитети, да инспирираме, да исполнуваме цели, да стекнуваме нови знаења и да решаваме проблеми. Можеби и вие ќе се сретнете со нас во некоја таква прилика?

Ние сме свесни колку е важно поврзувањето и комуникациите со цел да се биде во чекор со најновите случувања и да се разменат корисни информации. Освен тоа, ние навистина го вреднуваме личниот контакт што се овозможува на ваквите настани. Токму затоа ние учествуваме на настани како саеми, конгреси и други средби од областа на нашата дејност. Во продолжение е дадена листа на настани  на кои ќе учествуваме во блиска иднина. Ќе ни биде задоволство доколку ни се придружите!

Како добра деловна традиција, веќе неколку години по ред, EOS Матрих учествува на Меѓународниот саем на финансии, деловни можности и економски развој ФИНЕКСПО во Скопје, Македонија.

Во текот на дводневниот настан, финансиските компании го презентираат своето работење, вклучувајќи и учества на дебати и тркалезни маси на експерти и бизнисмени. Овој настан обезбедува можности за презентирање на идните политики и планови, како и нови производи и услуги пред сите учесници во финансискиот сектор во Македонија. Размената на идеи и искуства е од огромна важност и истата ќе придонесе за подобро структурирање на идните стратегии за развој на финансискиот систем.

Предизвиците со кои се соочуваат финансиските системи како последица на глобалната финансиска криза наложуваат потреба од промени во државните регулативи и построга контрола на учесниците во финансискиот сектор.

Затвори Компанијата EOS користи колачиња за да ви понуди најдобра можна услуга. Со користењето на овој веб-сајт потврдувате дека смееме да зачувуваме колачиња на вашиот компјутер и да ги користиме. Тоа можете да го промените во секој момент, во поставките за колачиња.промените во секој