Должници
+389 2 3200 400 Испрати порака
Корисници
+389 2 3200 400 Испрати порака
Контактирајте нѐ

Со нетрпение очекуваме да слушнеме од Вас.

  1. Компанија
  2. Менаџерска структура

Менаџментот на EOS Матрих во Македонија

Посветени на добросостојбата и успехот на компанијата

Генерален директор

Катерина Бошевска е магистер по економски науки, со изразени менаџерски способности, длабоко познавање на локалните деловни практики и бизнис заедницата. Покрај домашното искуство, во својата кариера има долгогодишно искуство во работењето со странски компании, развивање и имплементирање на проекти со домашни и странски партнери и соработници. Кон ЕОЅ пристапува на 01.11.2005 на позицијата Финансиски директор.

Раководител на оддел за развој на бизнис

Верица Хаџи-Смилевска е дел од EOS Матрих Македонија од 2010 година, кога својата кариера во ЕОЅ ја започна преку Програмата за менаџмент тренинг. Пред превземање на позицијата Раководител на оддел за развој на бизнис има искуство на позиции во Оперативниот и Одделот за деловна аналитика во рамките на ЕОЅ. Верица е магистер по бизнис администрација.   

Раководител на оддел за правни работи

Памела Вељаноска е дел од тимот на EOS Матрих Македонија од Април 2015 година на позицијата Раководител на Правниот оддел. Своето искуство го започнува во реномирано Адвокатско друштво “ПЕПЕЉУГОСКИ“ и зад себе има 5 годишно работно искуство. Во Октомври 2013 година се здобива со уверение за положен правосуден испит, а во Декември 2013 година се здобива со уверение за положен испит за Застапник за права од интелектуална сопственост. Како дел од тимот на EOS Матрих Македонија, Памела е одговорна за претставување и заштита на правата и правните интереси на компанијата, раководење и унапредување на правниот оддел во компанијата и раководење со процесот на правна наплата на побарувања.

Раководител за наплата во Оперативниот оддел

Маја Котеска е дел од ЕОS Матрих Македонија од самото основање на компанијата во 2003 година. Своето долгогодишно искуство во областа на наплата на побарувања го стекнува преку  практичните знаења и етаблирање на успешни процеси за наплата во Оперативниот оддел на компанијата. Од февруари 2009 е назначена на позиција Менаџер за наплата, а во моментот е на позиција Раководител за наплата во Оперативниот оддел. Своето формално образование го завршува на економски факултет на универзитетот Кирил и Методиј, отсек МБА Менаџмент.  

Раководител на Финансии

Александра Крајческа станува дел од тимот на EOS Матрих Македонија во Октомври 2009 година на позицијата Финансиски аналитичар во Одделот за финансии. Својата кариера ја започнува во реномираната ревизорска куќа КПМГ Македонија и зад себе има 10-годишно искуство како Постар ревизор. Александра Крајческа е Дипломиран економист и како дел од ЕОЅ тимот е одговорна за изготвување на Финансиски извештаи како и Финансиска анализа на податоците поврзани со работењето на компанијата. На позицијата Раководител на Финансии и Известување, стапува во Март 2015 година.

Раководител на оддел за деловна аналитика

Димитар Грижев е магистер по економски науки. Својата кариера ја започнува во Стопанска Банка во 2003 година. Во Мај 2006 година се приклучува во тимот на ЕОS Матрикс. Димитар поседува изразени аналитички способности и бизнис логика. Тој има долгогодишно искуство во подготовка на бизнис анализи и оперативни извештаи, како за потребите на менаџментот, така и за потребите на клиентите на ЕОS.

Затвори Компанијата EOS користи колачиња за да ви понуди најдобра можна услуга. Со користењето на овој веб-сајт потврдувате дека смееме да зачувуваме колачиња на вашиот компјутер и да ги користиме. Тоа можете да го промените во секој момент, во поставките за колачиња.промените во секој