Подемот на фирмите за Регулаторни технологии: Може ли ВИ (вештачка интелигенција) навистина да го направи усогласувањето помалку ризично, досадно и скапо?

Новиот тип на фирми за финансиска технологија ветува дека ќе го направи усогласувањето крајно лесно: Фирмите за регулаторни технологии користат вештачка интелигенција и машинско учење за да им помогнат на компаниите да ги разберат своите податоци и да ги известат за безбедносните ризици или прекршувањата на законот. Дали нивните понуди се одржлива опција за секторот за глобални финансиски услуги или сопствените решенија се патот по кој треба да се оди?

Управувањето со ризикот и регулаторната усогласеност поттикнуваат многу емоции во индустријата на финансиски услуги: страв од последиците од неусогласеност, иритација на некои од барањата и раздразнување од бескрајниот прилив на новите регулативи. Значи, не изненадува тоа што новиот тип на ИТ стартапи наречени фирми за регулаторни технологии (RegTechs) привлекува многу внимание - и инвестиции - со ветување дека ќе ја заврши работата преку користење на машинско учење и вештачка интелигенција (АИ). Во 2016 година, студијата на KPMG покажува дека инвеститорите во мали компании инвестирале преку 994 милиони американски долари на глобално ниво во овој нов сектор, што претставува пораст од 70 отсто во однос на 2015 година со 582 милиони американски долари.

Проблемот кој фирмите за регулаторни технологии ветуваат дека ќе го решат е огромен: истражувањето на Thomson Reuters за компаниите за финансиски услуги покажа дека повеќе од половината очекувале дека нивните трошоци за усогласување значително ќе се зголемат во 2018 година, главно поради новите закони и регулативи, како што се општите регулативи за заштита на податоците (GDPR). ВИ би можела да помогне, вели Зибиле Вајнгарт, директорката за усогласеност на EOS Holding, дури иако, според неа, сè уште не е на потребното ниво: „Овие системи учат сами. Тоа може да се случи - и побрзо отколку што можеме да очекуваме, особено за стандардизираните процеси. Google Translate е добар пример - постигна напредок многу брзо и доста успешно“.

Нови деца во финансиското соседство

ВИ и машинското учење би можеле да бидат добри во справувањето со огромните количини на податоци кои ја поплавуваат организацијата. Но, ова нема да помогне кога таа организација дури и не знае какви податоци има. Недостатокот на транспарентност во ИТ пејзажите во многу организации претставува ризик за усогласување - а внатрешниот ризик не е дури ни половина од проблемот, како што беше забележано во неодамнешниот случај на Cambridge Analytica и Facebook.

Многу фирми за регулаторни технологии се всушност одвоени делови на фирмите за финансиски технологии, оној тип на стартапи кој првично им помогна на банкарството и осигурувањето да се справат со дигиталната револуција.

Сепак, фирмите за финансиски технологии, како што е PayPal, наскоро почнаа да се натпреваруваат со старомодните услуги, па дури и ги надминаа. Беше само прашање на време кога овие фирми за финансиски технологии ќе почнат да се соочуваат со некои од истите регулаторни проблеми и проблемите со усогласеноста, како и традиционалните финансиски услуги. Не е изненадување што на технологијата се гледаше како на одговор на овие проблеми и се родија фирмите за регулаторни технологии.

Само иновации во фирмите за финансиски технологии нема да ја завршат работата

Значи, што сака индустријата од Регулаторните технологии? Главно да им помогнат да добие смисла она што го имаат. Скоро секоја регулатива бара информациите да бидат целосни, точни и разбирливи, а тука Регулаторните технологии доаѓаат на своето. Технологијата може да ги дестилира огромните количини на податоци во „контролни табли“, што ги прави одлучувањето и регулаторниот надзор многу поедноставни. На пример, необичните трансакции може полесно да се идентификуваат, помагајќи ѝ на организацијата да се справи со процесите против перење пари (AML) - нешто на кое секој службеник на AML ќе аплаудира, земајќи ги во предвид казните со кои се соочуваат за непочитување.

Кога станува збор за барањата за познавање на вашите клиенти (KYC), Вајнгарт гледа голем потенцијал во блокчејн технологијата: „KYC може да стане полесно за сите компании кои работат во секторот на финансиската индустрија, бидејќи блокчејнот потенцијално може да доведе до еден вид целосно децентрализирана и дигитализирана идентификација, што ќе им овозможи безбедна и доверлива идентификација на деловните партнери, без потреба од копии на документи“.

Како да се имплементираат Регулаторните технологии во меѓународна организација

Значи, што треба да направи една организација за прифаќање на Регулаторните технологии? ЕОЅ е многу хетерогена организација. Наоѓањето на решенија за целата група значи да се земат предвид барањата на индивидуалниот бизнис, што може да биде бавна работа. А пристапот со широка четка не изгледа изводлив. „Сакаме да користиме модуларни ИТ-алатки, фокусирајќи се на најважните нешта и каде овие системи можат да додадат вредност“, вели Вајнгарт. „Ова не е Регулаторна технологија сама по себе, туку повеќе координација на усогласеноста и управувањето со ризикот низ пошироката група. “

Една од областите на кои работи EOS е скрининг на деловните партнерите: „Ние се потпираме на провајдер со чии услуги можеме да примениме вештачка интелигенција со пребарувачи за самостојно учење и индивидуално приспособливи параметри за пребарување. Сметаме дека така е многу полесно да се добијат информации за потенцијалните деловни партнери - а и да потрошиме многу помалку време правејќи го тоа. Технологијата може да помогне да се отстранат досадните работи, што е добро за моралот на персоналот и може да ни овозможи да работиме побрзо. Но, во исто време, мораме да бидеме сигурни дека нашите луѓе се зад нас и не се чувствуваат преоптоварени; инаку новите системи нема да го добијат потребното прифаќање“.

Доброто управување со проекти е клучот за имплементација на Регулаторните технологии

Усогласеноста не е само процес; таа е, исто така, и начин на размислување - дел од културната ДНК на една организација. Зибиле Вајнгарт верува дека луѓето, а не ИТ или ВИ, ја дефинираат културата: „Имаме корпоративна култура базирана на силен збир на етички принципи. Гласот од врвот е исто толку важен колку и напорите на сите вработени низ целата организација. Секој во EOS навистина се обврзува да го прави тоа што го зборува“.

Отстапувањето на контролата врз клучниот процес на ИТ системот е значаен ризик. Дел од предизвикот лежи во дизајнот на системите. Некој треба да ги разбере проблемите со регулативата и усогласеноста за да ги вгради во алгоритмите и кодот. Некој треба да ги собере заедно процесите, политиките, документацијата и податоците за да ги поткрепи системите. Некој треба да биде во можност да ги погледне резултатите и да знае дека тие се доверливи и - што е најважно - имаат смисла, постојано.

Но кој е тој „некој“? Колку од постарите раководители се ИТ експерти? Клучот тука е доброто управување со проекти, вели Вајнгарт: „Нашите различни специјалисти за усогласеност и правна соработка работат рака под рака со луѓето од ИТ“. Еден пример за оваа соработка е проектот кој има за цел одново да го открие управувањето со наплатата на побарувањата - истовремено обезбедувајќи дека сите процеси остануваат во тек со законските барања.

За усогласеноста не постои решение „клуч на рака“

Како што истакнува г-ѓа Вајнгарт, ЕОЅ не е компанија за финансиски услуги во построга смисла на зборот, како што се банките или т.н. систематски финансиски институции со нивното мноштво трансакции. Значи, ИТ платформите тука не мора да бидат толку сложени, што само покажува дека не постои приод дека една големина одговара за сите. Секоја компанија треба да биде претпазлива и пробирлива во врска со областите кои можат да се решат со помош на решенијата на Регулаторните технологии. Процесот на KYC сигурно може да биде поддржан, како и процесите на AML воопшто. Мапирањето на прашањата за внатрешна и надворешна ревизија со регулаторни наоди е лесно. Секоја област која може да се стандардизира без губење на интегритетот на податоците е зрела за Регулаторните технологии и најверојатно ќе ја врати (не безначајната) инвестиција многу пати. Како резултат на тоа, Регулаторните технологии имаат потенцијал да бидат многу повеќе од помал брат на Финансиските технологии.

Сподели го ова

Печати