Во EOS, големите податоци (Big data) нема да функционираат без луѓето кои управуваат со нив

Кога машините се вселуваат, луѓето стануваат застарени: Не е точно, вели тимот кој го води Центарот за аналитика на ЕОЅ: Тие имаат изградено платформа за аналитика која е поставена да го трансформира бизнисот на пазарите на EOS и да создаде начин на размислување воден од податоци низ целата организација.

Откако Јоахим Гелер се приклучи на EOS Group во декември 2017 година, тој седна да размисли како да го обликува Центарот за аналитика. Неговата задача беше: да ѝ помогне на EOS и нејзините активности во 25 земји кои ја претвораат во компанија која е водена од податоци. „За да го направам тој голем скок напред, веднаш сфатив дека прво мораме да направиме чекор назад“, вели Гелер, седејќи во конференциска сала во канцеларијата на EOS во центарот на градот Хамбург.

Со седиште во Германија, EOS има силно присуство и учинокот во управувањето со побарувањата во Европа. Различни земји како Полска, Шпанија и Босна се наоѓаат на листата на локации на континентот. Но, EOS исто така работи и во Русија и преку Атлантикот во Канада и САД. Ова ја покажува големината на задачата со која се справуваат Гелер и неговиот тим во Центарот за аналитика (CoA): Не станува збор само за создавање платформа за деловна интелигенција. Се работи за вградување на начин на размислување воден од податоци во работната култура на повеќе од 55 филијали, кои опслужуваат околу 20.000 клиенти ширум светот, истовремено ширејќи го носењето на одлуки водено од податоци и прифаќањето на технологијата зад него.

Развивање на систем кој ќе работи со повеќе услуги за наплата

„Ние сме една силна движечка сила зад дигитализацијата во EOS, а тоа, исто така, значи доведување на податоците во одредена форма и трансформирање на податоците во информации“, вели менаџерот. „Првично, се работи за пристап до извори на податоци, проверка на квалитетот на истите и создавање историја“. Со развојот на платформата, Центарот за аналитика може да ги интегрира локалните системи за наплата на побарувањата веќе воспоставени во филијалите на EOS низ целиот свет и да го премести аналитичкото донесување одлуки на платформата: Единиците на EOS можат да го задржат јадрото на нивниот систем за наплата што одговара на барањата на нивниот пазар - CoA (Центарор за аналитика) ќе го поврзе со својата инфраструктура, зајакнувајќи го со моќта на науката за податоците и визуелизацијата на податоците на целото претпријатие, истовремено обезбедувајќи ја приватноста на секој клиент со користење само на анонимизирани податоци.

За да добиете подобра идеја за тоа како функционира Центарот за аналитика, полезно е да ги погледнете луѓето зад него. Персоналот на единицата вклучува многу различни профили: „Од една страна, секогаш сме во потрага по нови таленти со технички фокус“, вели менаџерот на тимот Патрик Вите. Научниците за податоци, развивачите на софтвер, инженерите за податоци и архитектите на платформи може да одговараат на барањата. Тие ја дизајнираат и управуваат со Платформата за аналитика, која останува во срцето на напорите на CoA (Центарот за аналитика) да ја трансформира EOS и да ѝ помогне да остане лидер во бизнисот.

„Наша цел е да го најдеме најефикасниот начин за префрлање на податоците од различните земји на ЕОЅ во платформата за аналитика, следејќи ги правилата за заштита на податоците на ЕУ“, вели Вите. „Тоа ни овозможува да дизајнираме модели за прогнози, да користиме вештачка интелигенција и да создаваме канали за да ги вратиме наодите на оперативната страна - обезбедувајќи им конкурентна предност“.

Мислете глобално, делувајте локално

Центарот за аналитика, исто така, вклучува советодавен оддел кој промовира споделување на најдобрите практики околу анализата, вклучувајќи ја и безбедноста на податоците и заштитата на приватноста во сите филијали. „Ние можеме да ги поддржиме колегите да анализираат податоци во еден дел од светот, истовремено помагајќи да ги подобриме постоечките статистички модели во друг дел од светот“, вели Вите. „За да го постигнеме тоа, ние работиме рака под рака со нашите колеги низ целата EOS Group“. Тука на сцена стапува втората група на професионалци во CoA: Аналитичките консултанти и научниците за податоци, повеќето од нив со методичка позадина која се движи од математика до економија. „Потребно е широко множество на вештини за да се осигураме дека бизнис потребите се идентификуваат и решаваат со вистински аналитички пристап“, вели Вите.

Самиот Вите се здобил со диплома од статистика на Универзитетот во Дортмунд, а подоцна работел за меѓународна компанија за анализа на бизниси пред да се приклучи на EOS во 2012 година. „Потребните вештини ги стекнав тука во EOS“, вели тој. Но, нема пропишан начин - во тимот на CoA ќе се сретнете со луѓе кои не би ни можеле да ги очекувате во финансискиот сектор: „Ние исто така имаме и теоретски физичар кој неколку години работеше како консултант пред да ни се придружи“.

Примена на агилна методологија врз финансиските услуги

Вите и неговиот колега Јоахим Гелер чувствуваат голема динамика во тимот на CoA. „Атмосферата на стартап е она што ме донесе тука на прво место“, вели Гелер, кој претходно работел во банкарскиот сектор веќе неколку години. „CoA е многу агилен, многу културно разновиден тим со свое темпо“.

Како EOS да поставил својата сопствена Fintech компанија, бизнис моделот на CoA наликува на тоа што го докажуваат многу нови стартапи: Прво ја издигнаа платформата за аналитика, подоцна ги прилагодија операциите и им овозможија на партнерите да ги поврзат своите системи со понуда на API. И, се разбира, постојано го тестираат, учат и го подобруваат системот, следејќи ги правилата за агилен развој на софтвер. Со една голема разлика во поглед на животот на стартапите: Тимот на CoA може да работи на иновативни финансиски технологии, без да мора да ги задоволи инвеститорите. Во EOS, најважна е долгорочната посветеност на клиентите.

Примена на приодот воден од податоци врз процесот на собирање податоци

И додека процесот на промена веќе е во тек во Германија, со први случаи на употреба управувани од новиот софтвер наречен FX, CoA сега гледа да ги поддржи и другите единици во прифаќањето на слични начини на размислување водени од податоци. Гелер верува дека успешните приказни ќе го отворат патот и ќе создадат вистински поттик за носителите на одлуки: „Тоа е како модерен маркетинг: Треба да придобиете фанови кои ќе го водат овој процес напред“, вели тој.

„Секој случај со кој се соочуваме мора да резултира со директни придобивки за клиентот“. Луѓето прво: Агилниот начин на работа се користи многу во CoA.

Загриженоста дека технологијата на големите податоци може да ги замени луѓето и работните места е неоснована, вели Вите: „Ние зависиме од нашите експерти да ги интерпретираат достапните податоци за потрошувачите и да прашуваат вистински прашања кои системот за анализа на податоци треба да ги одговори“. Еден начин на кој персоналот на EOS може да гледа на машинското учење и вештачката интелигенција е да го спореди со паметен „соработник“ кој им помага да донесуваат подобро информирани и персонализирани одлуки за следната најдобра активност - и да ја зголемат стапката на наплатени побарувања.

На решенијата за големи податоци им се потребни вработени да ги извршуваат и управуваат

Додека од трансформацијата во бизнис воден од податоци се очекува да ја зголеми ефикасноста и да ги подигне шансите за враќање на долгот, корисниците, исто така, ќе имаат значителна корист, смета Гелер. Меѓу другите предности, системот ќе го најде најсоодветното време за испраќање на укажувањата до клиентите. „Но, да се потпреме на алгоритмите, без оглед на сѐ, би било против нашите етички стандарди“, вели Гелер. На пример, EOS никогаш нема да дозволи алгоритам да ја оцени кредитната историја на позајмувачите преку звукот на нивните имиња. „Тука ние силно се потпираме на луѓето да поставуваат бариери“.

Сподели го ова

Печати