Должници
+389 2 3200 400 Испрати порака
Корисници
+389 2 3200 400 Испрати порака
Контактирајте нѐ

Со нетрпение очекуваме да слушнеме од Вас.

  1. Услуги
  2. Наплата на долгови

Наплата на долгови со разум и чувства

Дозволете му на EOS Матрих да се грижи за вашите неплатени сметки

Доколку вашите корисници не го извршат плаќањето на време, вашата ликвидност е ставена на ризик, а наплатата на долгот станува задолжителна: губитоците во плаќањата се една од најчестите причини за неликвидност и истите ги загрозуваат паричните текови на компанијата, без оглед на тоа колку е голема или мала компанијата.

Токму затоа важна е професионалната наплата на долгови. EOS Матрих Македонија е компанија основана во 2003 година во Скопје. Оваа компанија поседува долгогодишно искуство и експертиза специфична за овој сектор во областа на наплатата на долгови во Македонија. Покрај нашата локална експертиза, исто така ќе добиете придобивка и од меѓународната мрежа на Групацијата EOS.

Со наша помош, вашата наплата ќе биде заштитена, со тоа овозможувајќи ви да се концентрирате на вашата основна дејност. Нашите експерти се тука да ви помогнат да ги наплатите вашите побарувања како од приватните (B2C), така и од деловните (B2B) корисници.

Имајте доверба во нашите експерти за наплата на долгови

Ние контактираме со вашите клиенти со неподмирен долг на повеќе начини: со издавање на писмени опомени, со телефонски повик или лична посета, па дури и со овластување на специјализирана правна фирма.

Нашата главна цел е да го обезбедиме плаќањето на вашите ненаплатени побарувања. Сепак, ние сме свесни за важноста на одржувањето на постојните деловни односи. Според тоа, имаме за цел да го наплатиме побарувањето без да го компромитираме односот помеѓу вас и вашиот клиент.

Ние сме љубезни кон вашите корисници и заземаме личен пристап, секогаш имајќи ја превид нивната индивидуална ситуација. Внимателно се обидуваме да стапиме во контакт со вашите клиенти со цел да оствариме комуникација со нив и да изнајдеме заеднички прифатливи решенија кои ќе бидат поволни за вашата ликвидност, притоа имајќи предвид дека вашиот клиент е во можност да плати.

Наплата на долгови од страна на EOS Матрих – вашите придобивки:

  • Стекнувате флексибилност: препуштајќи ја вашата доверба на искуството на нашите квалификувани за таа дејност вработени, вие ќе имате повеќе време да се посветите на вашата основна дејност.
  • Ќе остварите придобивка од нашиот професионализам: управувањето со побарувања од страна на EOS Матрих се врши со примена на високо ефикасни, специјализирани софтверски решенија.

Обезбедувате конкурентни предности: со услугата за наплата на долгови на EOS Матрих вие ја подобрувате вашата ликвидност и побрзо ги остварувате вашите цели.

Затвори Компанијата EOS користи колачиња за да ви понуди најдобра можна услуга. Со користењето на овој веб-сајт потврдувате дека смееме да зачувуваме колачиња на вашиот компјутер и да ги користиме. Тоа можете да го промените во секој момент, во поставките за колачиња.промените во секој