Должници
+389 2 3200 400 Испрати порака
Корисници
+389 2 3200 400 Испрати порака
Контактирајте нѐ

Со нетрпение очекуваме да слушнеме од Вас.

  1. Услуги
  2. Меѓународни ( интернационални) услуги

Меѓународна наплата на долгови од страна на EOS

Локални контакти, меѓународна експертиза

Ние во EOS веруваме дека меѓународните цели наложуваат потреба од меѓународни решенија и дека долговите во странство наложуваат потреба од меѓународна наплата на долгови. Сепак, исто така сме свесни дека јазичните бариери, културните разлики, различните законодавства и географската оддалеченост, можат да претставуваат голем предизвик.

Со EOS, предавањето на побарувањата е едноставно – без оглед дали станува збор за странско или локално. Во областа на меѓународната наплата на побарувања , на нашите меѓународни клиенти им нудиме две флексибилни решенија: Прекугранично решение и решение на заеднички услуги!

Прекугранично решение: размислувајте глобално, дејствувајте локално

Во областа на меѓународната наплата на долгови, ние нудиме совршено решение: не е важно колку јазици зборуваат вашите корисници со неподмирен долг; со наша помош, вам ќе ви биде потребен само еден јазик. Ние гарантираме дека ќе имате локално контакт лице во вашата матична земја за целокупната област на управување со побарувања на меѓународно ниво.

Ние гарантираме дека контактот со вашите корисници со неподмирен долг опфаќа соодветна комбинација на тактичност, интегритет и професионализам. Нашата цел е да постигнеме решение кое ќе биде на задоволство на сите страни. Запознаени сме со различните законски системи и зборуваме на јазиците на вашите клиенти. Процесот на наплата на долгови на меѓународно ниво се врши локално. На тој начин, гарантираме правна експертиза соодветна за локалниот менталитет, а вие остварувате директна придобивка од нашето богато искуство и локални знаења.

Ваш локален контакт:

Памела Вељаноска
Тел: +389 2 3200 480
Факс: +389 2 3200 334
E-mail: p.veljanoska@eos-matrix.com

Решение на заеднички услуги: хармонизација на процесот ширум групацијата, регионален фокус

На Вашиот Центар за заеднички услуги му обезбедуваме инфраструктура и технологија за оптимизирање на Вашата глобална стратегија за наплата на побарувањата, секогаш во зависност од Вашите меѓународни структури и специфични потреби. Управувајќи со меѓународната наплата на побарувања со помош на Решението на заеднички услуги на EOS Global Collection, ќе ја подобрите Вашата ефикасност и ќе го зголемите нивото на стандардизација и транспарентност во рамките на процесот на наплата ширум групацијата. Мрежата на EOS Global Collection Ви нуди локални експерти во повеќе од 180 земји. Вашите локални ограноци може да дискутираат за нивните случаи на наплата со локалното лице за контакт кое е задолжено за Вашите датотеки на локално ниво. Заедно со рамковниот договор ширум групацијата и системот за централно известување, EOS Ви го обезбедува идеалното решение за Вашиот Центар за заеднички услуги.

Деловно решение ориентирано кон клиентите

  • Глобален рамковен договор со Вашиот SSC
  • Регионални лица за контакт за оперативни дискусии
  • Целосно автоматизиран тек на комуникацијата и поднесувањето на случајот
  • Известување на ниво на групацијата

Иновативна технологија за наплата на долгови на меѓународно ниво

Нашата ИТ платформа оптимизира глобални работни активности со регулирање на автоматизирано пренесување на случаи помеѓу партнерите ширум светот. Платформата осигурува комуникација којашто е директна, транспарентна и се одвива во реално време. EOS Global Collection

Наплата на долгови на меѓународно ниво со EOS – квалитет во кој можете да имате целосна доверба

Затвори Компанијата EOS користи колачиња за да ви понуди најдобра можна услуга. Со користењето на овој веб-сајт потврдувате дека смееме да зачувуваме колачиња на вашиот компјутер и да ги користиме. Тоа можете да го промените во секој момент, во поставките за колачиња.промените во секој