Пребарување

Одлични сме во справувањето со Вашите неплатени побарувања

Одбележуваме 20 успешни години делување во Македонија

На 5 април 2023 година ЕОЅ Матрих ДООЕЛ Скопје го одбележа својот јубилеј со уникатна гала вечер по повод 20 успешни години делување на македонскиот пазар.

Заедно со главниот извршен директор на Групацијата ЕОЅ, г-дин Марвин Рамке и г-дин Карстен Тидоу, директор за регионот источна Европа во ЕОЅ Групацијата, менаџментот на ЕОЅ во Македонија го одбележа дваесеттиот јубилеј со свечена гала и концерт на Симон Трпчески и квинтетот „Македонисимо“.

Ви обезбедуваме парични текови

Експерти сме во полето на меѓународно управување со побарувања: наплата, откуп на побарувања и целосно преземање на деловниот процес. Со приспособени услуги за B2B и B2C.

Создаваме взаемно корисни решенија што Ви обезбедуваат парични текови, на начин што Ви одговара Вам и на вашите клиенти. Бидејќи знаеме дека денешните должници се Ваши идни клиенти. Притоа, Вие може да се насочите кон идниот развој на компанијата. Звучи добро? Стапете во контакт со нас.
Дознај повеќе

Раководителите што ги поддржуваат нашите таленти

Главен извршен директор на EOS Матрих Македонија и EOS Косово

Катерина Бошевска е доктор по економски науки, со изразени менаџерски способности, длабоко познавање на локалните деловни практики и бизнис заедницата. Покрај домашното искуство, во својата кариера има долгогодишно искуство во работењето со странски компании, развивање и имплементирање на проекти со домашни и странски партнери и соработници. Кон ЕОЅ пристапува на 01.11.2005 на позицијата Финансиски директор.
Katerina Bosevska, Managing Director EOS Macedonia

Директор за операции и процеси

Маја Котеска е дел од ЕОS Матрих Македонија од самото основање на компанијата во 2003 година. Своето долгогодишно искуство во областа на наплата на побарувања го стекнува преку  практичните знаења и етаблирање на успешни процеси за наплата во Оперативниот оддел на компанијата. Од февруари 2009 е назначена на позиција Менаџер за наплата, а во моментот е на позиција Директор за операции и процеси. Своето формално образование го завршува на економски факултет на универзитетот Кирил и Методиј, отсек МБА Менаџмент.  
Maja Koteska

Директор за финансии

Александра Крајческа станува дел од тимот на EOS Матрих Македонија во Октомври 2009 година на позицијата Финансиски аналитичар во Одделот за финансии. Својата кариера ја започнува во реномираната ревизорска куќа КПМГ Македонија и зад себе има 10-годишно искуство како Постар ревизор. Александра Крајческа е Дипломиран економист и како дел од ЕОЅ тимот е одговорна за изготвување на Финансиски извештаи како и Финансиска анализа на податоците поврзани со работењето на компанијата. На позицијата Директор на финансии, стапува во Март 2015 година.
Aleksandra Krajceska Company Page Picture

Директор за правни работи и усогласеност

Влатко Водасов е составен дел од EOS Matrix Македонија од 2018 година.Универзитетското образование го стекнува на Правниот факултет Јустинијан Први Скопје и поседува сертификат за положен правосуден испит. Влатко има повеќе од 15 години искуство во областа на управување со побарувања. Во последните 5 години станува експерт и во областите корпоративно управување и усогласеност. Тој има значајно менаџерско и искуство со работа на иновативни проекти. Како дел од тимот на ЕОЅ, Влатко раководи со процесите на правна наплата на обезбедени и необезбедени побарувања, тој поседува сертификат за офицер за заштита на лични податоци и ги предводи тимовите за корпоративно управување и усогласеност со локално законодавство, имплементираните стандарди како што се ИСО Стандардот ISO 27701, ISO 27001 и ISO 20000 и политиките на групациско ниво.
Vlatko Vodasov

EOS Матрих ДООЕЛ

Канцеларија



бул. Илинден бр. 109 локал 6

1000 Скопје

Македонија


Телефон: +389 2 3200 400

Факс: +389 2 3200 334

infomk@eos-matrix.mk


Работно време:

понеделник - петок:
08:00 - 16:00

EOS Матрих ДООЕЛ


Maja Котеска

Раководител на оперативен оддел



Телефон: +389 2 3200 322

m.koteska@eos-matrix.mk