Насмеани вработени на состанок

За свет без долгови.

Управуваме со Вашите побарувања. Насекаде низ светот.

Се грижиме за Вашата финансиска иднина: преку граници, но како да не постојат граници. Управуваме со Вашите побарувања на начин што Ви одговара Вам и на Вашите должници. Бидејќи знаеме дека денешните должници се Ваши идни клиенти. Создаваме взаемно корисни решенија што Ви овозможуваат парични текови, за Вие да може да се насочите кон она во што сте најдобри: основната дејност. Звучи добро? Стапете во контакт со нас.

Паметни финансиски услуги

  • Добијте ги своите пари, а ризикот оставете ни го нам.

    Откупуваме побарувања и го преземаме ризикот од неплаќање по фер цена. Вие го дефинирате предметот за продажба, а нашиот испробан и тестиран алгоритам ја прави пресметката за вредноста на Вашето должничко портфолио. Ваши придобивки: моментален паричен тек, позитивно влијание врз билансот на состојбата и ослободување од товарот на неплатените побарувања. И секако, мирна совест знаејќи дека ќе се однесуваме со денешните должници како со утрешни клиенти.

    Откупуваме портфолија со различен состав и статус: необезбедени или обезбедени со сите класи на средства. Наши тековни клиенти се големи банки, осигурителни друштва и други кредитодаватели.

  • Дозволете да ги заштедиме Вашето време и пари.

    Предавањето на одговорноста за наплатата на побарувањата на EOS Ви заштедува време и енергија и Ви дава мирна совест. Ние стапуваме во контакт со клиентите што не плаќаат, B2B и B2C, преку сите достапни канали. Се служиме со тактичност и професионалност во сите ситуации за да одржиме позитивни односи со вашите клиенти, а користиме правни средства само како последна мерка.

  • Работиме преку граници, но како да не постојат граници.

    Различни јазици, правни системи и обичаи: тоа е она што ја прави меѓународната наплата на побарувања предизвик. Ние ја олеснуваме за Вас. EOS работи преку граници, но како да не постојат граници.

    Може да Ви помогнеме со нашето меѓународно (Cross-Border) решение.

    Меѓународно (Cross-Border) решение

    • Назначен претставник на EOS во Вашата матична земја
    • Претставникот на EOS го разбира Вашиот јазик и Вашите потреби
    • Ние се грижиме за наплатата на побарувања, користејќи ја во целост нашата локална стручност
    • Партнери во над 180 земји
    • EOS делува со интегритет, тактичност и професионалност, според обичаите на секоја поединечна локација

    Нашата ИТ платформа оптимизира глобални процеси со регулирање на автоматизирана размена на случаи помеѓу партнери ширум светот. Платформата овозможува директна, транспарентна и навремена комуникација во 180 земји низ светот. EOS Global Collection

    Ваш локален контакт

    Памела Вељаноска
    Тел: +389 2 3200 480
    Факс: +389 2 3200 334
    Е-пошта: p.veljanoska@eos-matrix.com

    Препораки

Нашите таленти и технологии работат низ целиот свет

Повеќе
Шестмина вработени на маса во работна просторија