Двајца вработени гледаат во компјутерски екран

Ви овозможуваме готовински текови задржуваjќи ги Вашите клиенти.

Управуваме со Вашите побарувања насекаде низ светот.

Се грижиме за Вашата финансиска иднина: преку граници, но како да не постојат граници. Управуваме со Вашите побарувања на начин што Ви одговара Вам и на Вашите должници, бидејќи знаеме дека денешните должници се Ваши идни клиенти.

Создаваме взаемно корисни решенија што Ви овозможуваат парични текови, за Вие да може да се насочите кон она во што сте најдобри: основната дејност.

Звучи добро?
Стапете во контакт со нас.

Наплата на побарувања

Дозволете да ги заштедиме Вашето време и пари

Доверувањето на одговорноста за наплатата на побарувања на EOS Ви заштедува време и енергија и Ви дава мирна совест. Ние стапуваме во контакт со клиентите што не плаќаат, B2B и B2C, преку сите достапни канали. Се служиме со тактичност и професионалност во сите ситуации за да одржиме позитивни односи со вашите клиенти, а користиме правни средства само како последна мерка.
Illustration of different communication channels such as mail or telephone.

Откуп на побарувања

Добијте ги своите пари, а ризикот оставете ни го нам

Откупуваме побарувања и го преземаме ризикот од неплаќање по фер цена. Вие го дефинирате предметот за продажба, а нашиот испробан и тестиран алгоритам ја прави пресметката за вредноста на Вашето должничко портфолио. Ваши придобивки: моментален паричен тек, позитивно влијание врз билансот на состојбата и ослободување од товарот на неплатените побарувања. И секако, мирна совест знаејќи дека ќе се однесуваме со денешните должници како со утрешни клиенти.

Откупуваме портфолија со различен состав и статус: необезбедени или обезбедени. Наши тековни клиенти се големи банки, осигурителни друштва и други кредитодаватели.
Illustation shows two men writing a signature on a contract in a business process.

Меѓународна наплата на побарувањата

Работиме преку граници, како границитe да не постојат.

Што можете да сторите кога имате ненаплатени побарувања во други земји

Дозволете ни да Ви помогнеме со нашето меѓународно (Cross-Border) решение.

Нашето меѓународно (Cross-Border) решение Ви нуди:

  • Највисоко ниво на сигурност, правни и етички стандарди. 
  • Гарантираме правна експертиза со почитување на локалните менталитети. 
  • Транспарентни, брзи и докажани решенија за секој поединечен предмет.
Нашата ИТ платформа оптимизира глобални процеси со регулирање на автоматизирана размена на случаи помеѓу партнери ширум светот. 

Ваш локален контакт
Телефон за контакт со нашите експерти за меѓународна наплата: 071 349 871 
Е-пошта: cross-border@eos-matrix.mk

Illustation shows a globe on which points are marked with pins.
Мобилен телефон.Мобилен телефон.

EOS Матрих ДООЕЛ
Канцеларија

бул. Илинден бр. 109 локал 6
1000 Скопје
Македонија

Телефон: +389 2 3200 400
Факс: +389 2 3200 334

infomk@eos-matrix.mk Visit website

Работно време:

понеделник - петок:
08:00 - 16:00

Стапете во контакт