Најава на MyEOS
Маж се јавува на корисничката служба на EOS – лично советување за неплатени обврски

Заедно можеме да најдеме решение.

Да бидеме искрени: Секој може да се соочи со финансиска пречка. Тука сме да ви помогнеме да најдете фер решение за вашиот преостанат долг.

Решете го побарувањето онлајн

Добивте писмо од EOS? Еве зошто.

Добивте писмо од EOS. Можеби се прашувате: „Зошто?“ Нашата задача е заедно со Вас да најдеме јасно и остварливо решение за отворениот износ. 

Ние сме EOS. EOS Матрих ДООЕЛ Скопје е друштво за финансиски консалтинг и услуги, дел од EOS Групацијата. Знаеме дека ваквите писма може да збунат или да загрижат. Можеби се прашувате: „Зошто EOS, а не фирмата од која сум купил?“ Едноставно: една сметка или обврска не била платена. Тоа може да е за нешто што сте го купиле, за кредит или за договор. Претходниот доверител ни го пренесе долгот или ни го довери за наплата. 

Од тој момент ние сме Ваша точка за контакт. Не се двоумете – јавете ни се. Тука сме да ја разбереме Вашата ситуација и заедно да најдеме најдобар пат напред. Првиот чекор веќе го направивте со тоа што се информирате, а ние сме подготвени да Ви помогнеме во остатокот.

Ова видео е обезбедено од YouTube. Со кликнување на копчето Прифати, се согласувате YouTube да поставува колачиња на крајниот уред што го користите и со тоа да ги обработува лични податоци доколку е потребно. За повеќе информации за ракувањето со корисничките податоци, ве молиме погледнете ја политиката за приватност на YouTube на: https://policies.google.com/privacy?hl=mk

Прифати
Illustration of a person using a smartphone with people in the background – support for questions about received mail
Кратко видео што објаснува што прави EOS (1:36).
Сокриј детали
Кратко видео што објаснува што прави EOS (1:36).

Еве што да направите потоа:

icon black documents

1. Прочитајте го писмото и подгответе се

Најпрво прочитајте го писмото што го добивте од нас. Целта на писмото е да Ве известиме и да Ве поканиме да ни се јавите. Во него нема податоци со кои се идентификува Вашето побарување, па јавете ни се и ќе Ви кажеме сè што Ве интересира.

Имате прашања за писмото? Некои поими Ви ги објаснивме во нашиот речник.

Кон речникот
icon black claim management euro icon_black_claim management euro

2. Платете одеднаш или на рати

Колку побрзо платите, толку е помало оптоварувањето, бидејќи на неплатен долг тече камата. Најбрзо е преку порталот MyEOS: достапен е во секое време, а плаќањето со картичка се гледа веднаш. Таму можете да предложите и план за плаќање на рати.

Платете онлајн
icon black collaboration

3. Имајте доверба во нас

Не сте сигурни за писмото? Ако се сомневате дали писмото или е-поштата се вистински, овде ќе најдете информации за безбедноста и фишингот.
Кон заштитата од измама

Најчесто поставувани прашања.

Едноставно е. Најбрзиот и наједноставен начин е еднократното плаќање. Ја плаќате сметката одеднаш. Или на рати. За да договориме отплата на рати што одговара на Вашата ситуација, стапете во контакт со нас. Заедно ќе најдеме решение кое одговара и на двете страни.

Најлесно е да влезете во порталот MyEOS, каде ги гледате сите начини на плаќање, или да ни се јавите на +389 2 3200 400. Ви благодариме.

Не. Првобитниот доверител побара наша помош. Сепак, ќе го најдете и неговото име во нашето писмо. Но, тој сака ние да се погрижиме за побарувањето. Стапете во контакт со нас. Ви благодариме.

Ве молиме не го игнорирајте нашиот повик или писмо. Повеќето луѓе го прават тоа бидејќи се работи за непозната и непријатна ситуација. Нема потреба да се грижите. Ние ќе Ви помогнеме во врска со ова. Сме го направиле ова безброј пати. И ќе издвоиме онолку време колку што е потребно за да одговориме на сите Ваши прашања. На едно од нив може да Ви одговориме уште сега: што ќе се случи ако ја игнорирате целата работа? Знајте дека колку е подолг процесот, толку се повисоки трошоците. Може да ги игнорирате нашите писма, е-пораки или повици, но доколку ни снема опции, EOS и првобитниот доверител имаат право да преземат правно дејство. Сите правни трошоци ќе се додадат на задолжувањето.

Добрата страна е дека може да го избегнете сето тоа ако не нѐ игнорирате нас. Брз контакт со нас ќе спречи правно дејство, а трошоците ќе останат ниски. Само стапете во контакт со нас, драго ни е да Ви помогнеме.

Да започнеме со лошите вести: веројатно ќе платите повеќе на крајот. Еве зошто: сте добиле производ или услуга од некого, но не сте ја платиле или не сте можеле да ја платите сметката. Можеби сте заборавиле. Тоа е човечки. Сите ние забораваме некои работи одвреме-навреме. Затоа, некој повторно побарал да ја платите сметката. Но, повторно не сте ја платиле. Сега тој некој побарал наша помош и затоа добивте потсетник од нас. Ќе Ве потсетиме уште неколку пати. Тоа е Вашата шанса да го решите барањето пред да се вмешаат судовите. Во спротивно, имајте предвид: колку е подолг процесот, толку се поголеми трошоците. Може да ги игнорирате нашите писма, е-пораки или повици, но доколку ни снема опции, EOS има право да преземе правно дејство. Ќе добиете налог (нешто слично на судска одлука) што вели дека мора да платите и колку. Сите судски трошоци ќе се додадат на сметката.

Да завршиме со добрите вести: како што можеби забележавте, вложивме многу труд за да Ви го објасниме процесот, чекор по чекор. И ќе вложиме уште повеќе труд за да Ви ги објасниме сите опции по телефон или лично во нашите канцеларии. Брз контакт со нас ќе спречи правно дејство, а трошоците ќе останат ниски. Само стапете во контакт со нас, драго ни е да Ви помогнеме.

Не грижете се, ќе најдеме решение. Ви ветуваме. Наша работа е да Ве ослободиме од долговите. Веќе сме им помогнале на многу луѓе во иста ситуација. Не со едно исто решение за сите, туку со приспособени решенија. На пример: ако не може веднаш да го платите целиот износ, ќе го поделиме на рати што Ви одговараат. Без разлика колку е мала првата рата, сепак е почеток. Почеток кон иднината што Ве ослободува од товарот на долговите. Добар почеток што постепено ќе направи да се чувствувате подобро. Разговарајте со нас: ние сме само луѓе што се спремни да Ви помогнат. Ваквата помош нема да Ве чини ниту денар. Само стапете во контакт со нас.

Одлично. Тоа се добри вести. Можеби плаќањето сѐ уште не стигнало до нас или пак некаде нешто тргнало наопаку. Се извинуваме за тоа. Ајде заедно да провериме. Стапете во контакт со нас за да се увериме дека ги знаеме истите факти. Ви благодариме за Вашата помош и време.

О, не! Се извинуваме за тоа. Стапете во контакт со нас за да престанеме да испраќаме писма на погрешна адреса.

Во ред. Понекогаш работите одат наопаку. Тоа е мачно за сите вклучени страни. Ајде заедно да откриеме каде работите тргнале наопаку. Стапете во контакт со нас за да нѐ известите дека барањето не е точно. Тоа е важно бидејќи, во моментов, ние не го знаеме тоа. Па веројатно ќе добивате уште непотребни писма, е-пораки и телефонски повици. Од друга страна, ако барањето не е грешка, може да се соочите со дополнителни трошоци бидејќи во даден момент судот ќе се вклучи во целата работа. А тоа исто така е непотребно. Стапете во контакт, ќе го разгледаме проблемот и ќе ја поправиме работата. Ви благодариме

Да. Ние работиме на глобално ниво, имаме многу сертификати и долгогодишно искуство во бизнисот. Едноставно прелистајте го сајтов или прелистајте на интернет. Или пак, стапете во контакт со нас на кој било начин: напишете е-порака, јавете се или посетете ги нашите канцеларии.

Можно е. Ако не сте сигурни дали СМС пораката е од EOS, не одговарајте и не кликајте на линк. Јавете ни се на +389 2 3200 400 и ќе провериме. Никогаш не Ве бараме да платите преку линк во SMS.

Секако. Понекогаш работите одат наопаку. Се извинуваме за тоа. Ајде заедно да откриеме што тргнало наопаку. Едноставно стапете во контакт со нас на начинот кој Вам Ви одговара: Напишете е-пошта или писмо, јавете се или посетете ги нашите канцеларии. Ви благодариме.

Начини на плаќање

Можете да платите на повеќе начини: со платежна картичка во порталот MyEOS, преку е-банкарство, во пошта, со уплата во готово во било која банка, со траен налог ако плаќате на рати или со меѓународна уплата ако сте во странство. Во сите случаи внесете ја Вашата единствена шифра за плаќање.

Онлајн плаќање со Visa и Mastercard Жена плаќа онлајн преку таблет во порталот MyEOS; логоа на Visa и Mastercard
Сертификатна значка на CIS за ISO 20000-1, ISO 27001 и ISO 27701

Работиме во согласност со највисоките стандарди.

Во 2022 година се стекнавме со сертификат ИСО 27701 кој само ја потврди нашата определба за заштита на информациите поставена уште од 2016 година со воведување на сертификатот ИСО 27001.

Особено задоволство ни е што нашата компанија е четврта во земјата која се здоби со овој сертификат и единствена во финансискиот сектор којашто ги имплементира овие стандарди. Погледнете ги значките од сите сертификати и преземете го најновиот сертификат на линкот подолу

Преземи сертификат (1.3 MB)

Контакт. Како да нè најдете:

icon black claim management euro icon_black_claim management euro

Платете, договорете рати или проверете го износот

Проверете ги начините на плаќање во порталот MyEOS.
Платете преку порталот MyEOS
icon black call

Јавете ни се веднаш

Нашите агенти во кол центарот Ви се на располагање од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот.
+389 2 3200 400

Дознајте што уште нуди EOS

Неплатени фактури во Вашата фирма?

За Вашата фирма имаме вистински услуги: превенција, доверлива наплата, откуп на долгови и управување со побарувања.

Вработен на EOS му објаснува на клиент за услугите во управување со побарувања

Барате имот?

Разгледајте деловен простор, куќи, станови и земјиште низ Македонија. Имотите ги нудиме како инвестициска можност.

House frosts of old Victorian mansions against a blue sky
 Три лица во модерен канцеларија работат на маса со EOS шолји и лаптоп, додека четврта личност стои на кафематот во позадина - Тимска работа и кариерни можности во EOS