Речник
Веројатно ретко добивате писма од компанија за наплата на долгови. За да ги разберете подобро нашите писма и поимите што се користат во нив, во овој речник ги објаснуваме најчестите стручни поими.
Веројатно ретко добивате писма од компанија за наплата на долгови. За да ги разберете подобро нашите писма и поимите што се користат во нив, во овој речник ги објаснуваме најчестите стручни поими.
Наплатата на долгови, објаснета едноставно. Од А до Ш.
Државен орган во Северна Македонија каде што можете да се пожалите доколку мислите дека некој неправилно постапува со Вашите лични податоци.
Согласност што Вие самите ја давате, за секој месец од Вашата плата да се одбива дел за плаќање на долгот. За ова не е потребна одлука на суд.
Барање што доверителот го поднесува до извршител, за да започне присилната наплата на долгот.
Доколку должите за некоја неплатена сметка, доверителите имаат право да побараат блокирање на вашата сметка.
Бројот што стои на нашето писмо. Наведете го при секое плаќање, за да знаеме дека уплатата е Ваша.
Документ што докажува дека долгот постои, на пример фактура. Врз основа на него, нотар може да издаде платен налог.
Лице кое се согласило да одговара за вашиот долг. Доколку вие не го платите долгот, доверителот може да бара наплата и од гарантот.
Основната сума што ја должите, без камата и без трошоци.
Кога Вашата банкарска сметка повторно се отвора за нормално користење, најчесто откако долгот е платен.
Колку дена сте во задоцнување со плаќањето. Кај кредитите овој број се пријавува во Кредитниот регистар.
Оној кому му ги должите парите. Откако побарувањето е откупено, тоа е EOS.
Сумата пари што треба да ја платите.
Лицето што е обврзано да го плати долгот. Во нашето писмо, тоа сте Вие.
Денот до кој долгот мора да биде платен. По него, плаќањето е во задоцнување.
Официјалното предавање на важен документ до Вас. Роковите почнуваат да течат од денот на доставата, а не од датумот на документот.
Плаќање на целиот долг одеднаш. Тоа е најбрзиот начин долгот да се затвори и трошоците да не растат.
Вашиот личен матичен број. Стои во службените документи за долгот, за да не дојде до замена на лица со исто име.
Правен лек со кој барате повисок орган или суд да ја преиспита одлуката донесена од понизок орган или суд.
Налог до Вашиот работодавец, дел од Вашата плата да се одбива и да се плаќа за долгот. По закон, тоа може да биде најмногу една третина.
Прекинување на присилната наплата, на пример ако докажете дека долгот е веќе платен.
Редот по кој се распоредува секоја Ваша уплата: прво трошоците, потоа каматата, а на крајот главниот долг.
Изминување на законски рок, по кој долгот повеќе не може да се наплати преку суд. Роковите се различни според видот на побарувањето.
Писмото со кое Ве информираме дека Вашиот долг е пренесен на нов доверител. За тоа не е потребна Ваша согласност.
Лице со државно овластување што присилно ги наплатува долговите: блокира сметки, одбива од плата, попишува и продава предмети.
Документот со кој може да започне присилна наплата, на пример правосилен нотарски платен налог или судска пресуда.
Својство на документот што значи: рокот за плаќање изминал и наплатата смее да почне.
Приходи и предмети што не смеат да Ви бидат земени, на пример социјална помош, детски додаток, стипендија и основни предмети од домот.
Каматата што почнува да тече кога плаќате по рокот. Стапката е одредена со закон. Кога неплатената казнена камата ќе го достигне главниот долг, престанува да се засметува.
Дополнителни пари што се плаќаат за времето во кое долгот не е платен.
Тој што одлучува зошто и како се обработуваат Вашите лични податоци. За Вашиот долг, тоа е EOS.
Кредитно биро во кое банките и финансиските друштва внесуваат податоци за Вашите кредити и задоцнувања.
Правната основа што дозволува Вашите податоци да се обработуваат за наплата на долг, без да е потребна Ваша согласност.
Секоја информација по која може да Ве препознаат: име, адреса, ЕМБГ, телефонски број, број на сметка.
Образецот со кој плаќате во банка или пошта. Внесете го точно бројот на задолжување од нашето писмо.
Службено лице што за неплатена фактура може да издаде платен налог, без судска постапка.
Официјален документ од нотар со кој се бара да платите во определен рок. Ако не платите и не поднесете приговор, следува присилна наплата.
Секое собирање, чување, користењe, испраќање на Вашите податоци.
Компанија што обработува Ваши податоци по нарачка на контролорот и само по негови упатства.
Законската граница колку смее да се земе од плата или пензија: најмногу една третина.
Писмено потсетување да платите. Само по себе не значи судска постапка, но е последна можност да ги избегнете дополнителните трошоци.
Судот од прва инстанца. Тука се решава Вашиот приговор против нотарскиот платен налог.
Кога доверителот се откажува од дел од долгот или од целиот долг. За тоа е потребна согласност од двете страни.
Пренос на побарувањето од стариот на нов доверител. Долгот останува ист, се менува само тоа кому му плаќате.
Лицето во компанијата кому може да се обратите со прашања за Вашите лични податоци.
Договор со кој долгот се плаќа на повеќе помали делови, во претходно договорени рокови.
Присилно одземање или запленување на попишаниот имот/предмет за да се продаде и со добиените средства да се намири долгот.
Правото на доверителот да побара од Вас плаќање или друго исполнување.
Референтниот број што го внесувате при плаќање, за уплатата автоматски да се поврзе со Вашиот долг.
Лице, најчесто адвокат, кое смее да постапува во Ваше име.
Списокот што извршителот го составува од Вашите предмети, пред тие да бидат земени.
Договор со кој Вие и доверителот го решавате спорот со взаемни отстапки, без суд.
Забелешка на документот со која се потврдува дека рокот за плаќање изминал и наплатата смее да почне.
Забелешка на документот со која се потврдува дека во рокот не е поднесен приговор и одлуката е конечна.
Физичко лице што купува производ или користи услуга за лични потреби, а не за деловни.
Вашите права во однос на Вашите податоци: да ги видите, да ги поправите, да побарате бришење или да се спротивставите на обработката.
Компанијата или лицето кому првично му должевте пари, пред долгот да биде пренесен.
Барање за плаќање на целиот преостанат долг пред договорениот рок за отплата.
Одлука на суд со која се решава спорот. Може да биде основа за присилна наплата.
Вашето писмено спротивставување. Против нотарски платен налог се поднесува во рок од 8 дена преку нотарот што го издал налогот.
Кога со зборови или со дело потврдувате дека долгот е Ваш. И делумна уплата се смета за признавање, а рокот на застареност почнува да тече одново.
Присилно извршување е законска постапка со која се врши наплата на долг или исполнување на обврска против волјата на должникот.
Потрошувач во особено тешка положба поради приходите, возраста, здравјето или семејните околности. Кажете ни, за да можеме да го земеме тоа во предвид.
Еден дел од долгот што го плаќате до договорен ден, најчесто секој месец.
Времето до кое нешто мора да се направи, на пример да се плати или да се поднесе приговор.
Повеќе должници за истиот долг. Целата сума може да се побара од секој од нив поединечно.
Дополнителните трошоци што настануваат при присилна наплата, на пример наградата за извршителот. Тие го зголемуваат вкупниот долг.
Поднесок со кој доверителот започнува судска постапка против Вас.
Документ во кој стои што сте купиле или користеле, колку треба да платите и до кога.
Полето во налогот за плаќање каде што пишувате за што плаќате.