ЧПП
Често поставувани прашања
Имате прашања? Ние имаме одговори!
Имате прашања? Ние имаме одговори!
Вашето писмо и ова побарување
EOS Матрих ДООЕЛ Скопје е друштво за финансиски консалтинг и услуги, дел од EOS Групацијата, со повеќе од 20 години делување на домашниот пазар.
Врз основа на Договор за отстапување на побарување помеѓу EOS Матрих и вашиот претходен доверител, а врз основа на Закон за облигационите односи, ЕОЅ Матрих станува нов доверител на Вашето задолжување.
За вас се менува само едно: кому плаќатедодека износот кој го имате за плаќање не се менува.
Тоа се случува почесто отколку што мислите. Затоа, ние ви стоиме на располагање за сите детали. Стапете во контакт со нас и ќе ви кажеме кога настанал долгот, за што се однесува и кој бил претходниот доверител.
Проверете ги овие работи:
Никогаш не ве прашуваме за лозинка, PIN, целиот број на картичка или CVV код. Никогаш не ве бараме да платите преку линк во SMS.
Ако не сте сигурни, не одговарајте на пораката. Јавете ни се на горенаведениот број.
Во писмата не се содржани податоци со кои се идентификува вашето побарување. Целта на писмото е да Ве известиме и повикаме да не исконтактирате.
Вкупниот износ обично има три дела:
Во порталот MyEOS на Вашиот профил го гледате актуелниот вкупен износ.
Да, на неплатен долг се засметува законска казнена камата.
Согласно Законот за облигациони односи, кога казнена камата ќе го достигне износот на главницата, каматата престанува да тече.
Каматата престанува и кога долгот ќе биде платен во целост. Затоа побрзото плаќање значи помало финансиско оптеретување за вас.
Затоа што првобитниот доверител ни го пренесе долгот, или ни го довери за наплата. Од тој момент ние сме вашата точка за контакт.
За плаќање, за рати или било какви прашања, обратете се кај нас. Само ние ги имаме актуелните податоци за вашиот долг.
Повеќе за пренесувањето: види „Како мојот долг стигна до EOS?“
Плаќање
Имате повеќе начини за плаќање. Не ви треба наша согласност — можете да платите веднаш.
Во сите случаи внесете ја единствената шифра за плаќање. Види „На која сметка да платам и што да напишам во целта на дознаката?“
Сѐ што треба да направите е да стапите во контакт со нас и ќе ви кажеме како да платите. На пример:
Примач: EOS Матрих ДООЕЛ Скопје
Цел на дознаката: вашата единствена шифра за плаќање
Ако плаќате со образец ПП30, внесете ја шифрата во полето за цел на дознаката. Не додавајте друг текст.
Ако сте ја загубиле шифрата, јавете се на броевите +389 71 315 369; +389 71 315 217; +389 72 259 773. Ќе ви ја кажеме веднаш.
Да. Регистрирајте се на порталот MyEOS и платете со картичка. Плаќањето оди преку сервис за безбедно плаќање. Платете онлајн.
Тоа е најбрзиот начин. Уплатата веднаш се поврзува со вашиот износ (долг), без образец и без внесување шифра.
Прифатени се картичките Visa и MasterCard.
Да. Ако не користите интернет банкарство, ова е вашиот начин на плаќање.
Друг поедноставен начин е преку порталот MyEOS. Види „Можам ли да платам со платежна картичка преку интернет?“
Слободно може да не исконтактирате и да побарајте образец за плаќање од нас на броевите +389 71 315 369; +389 71 315 217; +389 72 259 773.
EOS не наплаќа провизија за плаќање.
Банката или поштата преку кои плаќате може да имаат своја провизија. Таа не зависи од нас. Проверете ја провизијата пред да платите на шалтер.
Плаќањето со картичка во порталот се гледа веднаш, додека уплатите преку банка или пошта обично се видливи за 1 до 2 работни дена.
Да. Може да плати било кое лице во ваше име.
Важно е само едно: во целта на дознаката мора да стои вашата единствена шифра за плаќање, во спротивно уплатата не може да се поврзе со вашиот долг.
Плаќањето од друго лице не менува кој одговара за долгот.
Прво почекајте го рокот од „За колку време мојата уплата ќе биде видлива?“
Ако долгот е сè уште отворен, пратете ни потврда за уплатата. На неа треба да се гледаат: датум, износ, сметка на примачот и цел на дознаката.
Веднаш исконтактирајте не за да направиме проверка.
Да, долгот може да се плати парцијално, истиот се намалува со секоја уплата.
Ако не можете да платите сè одеднаш, подобро побарајте плаќање на рати. Види „Како да побарам плаќање на рати и кој одлучува?“
Не можам да платам сега
Побарајте на еден од овие начини:
Вашиот предлог го разгледуваме ние. Не секој предлог може да биде прифатен.
Ќе ве известиме дали планот е прифатен. Ако не е, ќе побараме друго решение со вас.
Тоа зависи од вкупниот износ на задолжувањето. Исплатата на поголем долг во повеќе рати би траел многу долго, а за тој период ќе ви тече законска казнена камата.
Најдобро е да не исконтактирате за да најдеме заедничко решение.
Додека долгот не се исплати, каматата продолжува да тече.
Значи, подолгиот план по правило значи повеќе камата. Затоа изберете износ на рата кој релано можете да го платите.
Јавете ни се пред да ја пропуштите ратата, ако можете. Тогаш често се наоѓа решение.
Една пропуштена рата нема да доведе до правни последици веднаш. Но ако останат повеќе неплатени рати, тогаш постои веројатност да се преземат дополнителни дејствија. Најдобро е во таква ситуација да не исконтактирате за заеднички да најдеме решение.
Јавете ни се и ќе се потрудиме да најдеме решение кое одговара на двете страни. Во спротивно, за нас ќе изгледа како да не сакате да соработувате.
Не можеме да го гарантираме тоа. Одлуката не е само наша и зависи од повеќе фактори. Нашата цел е свет без долгови. Стапете во контакт со нас и ќе изнајдеме решение во заеднички интерес.
Да, секако. Секој може да се најде во таква ситуација, затоа најдобро е да не исконтактирате. Некои ситуации ја менуваат сликата и зависи од случајот. Но, без да знаеме, не можеме да го земеме тоа предвид.
Не се согласувам со побарувањето
Вашите барања или забелешки може да ни ги доставите преку е-пошта [email protected], или по пошта на бул. Илинден бр. 109 локал 6, 1000 Скопје.
Во вашиот допис мора да наведете основни податоци за да може да го идентификуваме побарувањето. Приложете го тоа што го имате. Вашето барање ќе биде разгледано од наша страна и дополнително ќе добиете одговор. Види „Колку долго се разгледува мојот барање и дали дотогаш ќе продолжите да ме контактирате?“
Долговите застаруваат по определено време. Рокот зависи од видот на долгот и правниот статус на долгот .
Важно: доколку за вашето задолжување е поведена извршна постапка, рокот за застареност не тече и вашето побарување не застарува
Ако мислите дека вашиот долг е застарен, напишете ни го тоа. Ќе направиме проверка. Застареноста не значи бришење на вашето задолжување.
Ова е сериозно и го третираме сериозно. Напишете ни веднаш на [email protected] и до [email protected].
Приложете копија од личен документ. Ако сте поднеле пријава во полиција, приложете ја и неа.
Додека го проверуваме тоа, наплатата на вашиот случај се паузира.
Ние ќе ги преземеме сите мерки согласно нашите овластувања со цел да помогнеме при разрешување на случајот.
Напишете ни барање, објаснете што се случило и приложете доказ. Ќе го пренесеме приговорот на нашиот клиент и ќе побараме појаснување.
Пратете ни ги потврдите за уплатите што сте ги направиле. Ќе ги провериме сите уплати и дополнително ќе ве известиме.
На нив треба да се гледаат датум на уплата и износ.
Не плаќајте повеќе отколку што мислите дека должите. Ќе ви помогнеме да го дефинираме точниот износ заедно.
Да. Доколку сте се потпишале како гарант, одговарате (гарантирате) за отплата на целиот износ исто како и главниот должник. Не само дел за од него.
Откако долгот ќе биде платен од било кој (корисник или гарант), обврската престанува за сите.
Ако платите вие како гарант, износот имате целосно право да го побарате од главниот должник.
Пратете копија од извод од матичната книга на умрените на [email protected]. Долгот не се брише со смртта. Тој влегува во наследството. Наследниците одговараат за долгот до вредноста на наследеното.
Комуникацијата понатаму продолжува со наследниците.
Секое барање се разгледува индивидуално и времето потребно за негово обработување зависи од видот и сложеноста на барањето, како и од потребата за дополнителни проверки или документација.
Во меѓувреме може да продолжиме со комуникација во врска со Вашите обврски.
Ако не платам
Доколку обврската не биде намирена и не остварите контакт со нас, постапката вообичаено се одвива по следниот редослед:
Важно е да знаете дека секој чекор носи нови трошоци, кои паѓаат на Ваш товар. Види „Колку повеќе ќе платам ако дојде до нотар и извршување?“
Затоа Ве повикуваме веднаш да не исконтактирате. Види „Дали и по почетокот на извршувањето можам да се договорам со EOS?“
Решението за Нотарскиот платен налог е има сила на судска одлука. Со него Ве обврзуваат да го платите вкупното задолжување заедно со настанатите трошоци.
Против истото имате право на приговор до Нотарот кој го издал Решението.
Понатаму постапката продолжува во суд.
Ако не сакате да го оспорувате, а не можете да платите, јавете ни се веднаш.
Доколку дојде до извршна постапка, извршителот може да преземе мерки врз Вашиот имот и приходи во согласност со важечките законски прописи. Тоа може да вклучува средства на трансакциска сметка, дел од плата или пензија, подвижен имот, како и друг имот за кој законот дозволува извршување.
Одредени примања и средства се изземени или ограничени од извршување согласно закон.
Ние самите не запленуваме ништо. Тоа го прави само извршител, и само врз основа на извршна исправа.
Законот предвидува одредени приходи и примања да бидат изземени од извршување, како на пример: одредени социјални надоместоци, детски додаток, надоместоци по основ на инвалидност и други примања за кои законот предвидува заштита
Ако сметката ви е блокирана, а Вие сте корисник на овој тип на примања мора со доказ за истото да се обратите кај извршителот. Види „Сметката ми е блокирана. Што сега?“
Доколку Вашата сметка е блокирана поради постапка за извршување предлагаме да ги преземете следните чекори:
Ние не можеме да ја тргнеме блокадата. Но можеме заеднички да најдеме решение. Види „Дали и по почетокот на извршувањето можам да се договорам со EOS?“
Секоја правна постапка носи дополнителни трошоци кои се додаваат на вашиот долг:
Колку повеќе го одлагате плаќање толку повеќе се зголемува износот.
Тарифите за наведените надоместоци се донесени од страна на надлежни институции.
Да. Јавете ни се. И во тек на извршување има простор за договор.
Сепак, износот во оваа фаза е поголем поради настанатите трошоци во текот на правните постапки.
Ние како доверител не го контактираме Вашиот работодавач за долгот.
Но, доколку за Вашето задолжување е поведена извршна постапка, Извршителот ќе достави Налог за извршување од плата директно до Вашиот работодавач по кој што истиот ќе треба да постапува.
Вашите лични податоци
EOS ги добива Вашите податоци од доверителот од кого е преземено побарувањето или кој го доверил побарувањето за наплата.
Вашите податоци ги обработуваме за да го наплатиме долгот и за да ги исполниме нашите обврски.
Правниот основ е нашиот легитимен интерес, како и исполнување на обврски од договор и согласно закон.
Согласност ви бараме само за одделни работи, на пример за контакт по е-пошта или SMS. Таа согласност можете да ја откажете во секое време.
Имате право:
Побарајте го тоа на [email protected]. Напишете на кои податоци се однесува и приложете копија од личен документ.
Ќе одговориме во рок од 30 дена.
Ги чуваме додека ни се потребни за наплата на долгот.
Потоа важат законските рокови на чување.
Кога роковите ќе истечат, податоците ги бришеме или ги анонимизираме.
Не. Комуникацијата се одвива директно со Вас.
Доколку при телефонски повик се јави друго лице, не откриваме информации за природата на повикот или за Вашите обврски, туку само замолуваме да Ви пренесе да нè контактирате.
Исклучок се лицата што и самите одговараат за долгот, како жирант или лице со ваше полномошно.
За работодавачот види „Дали мојот работодавач ќе знае за долгот?“
Можете да се обратите на нашето одговорно лице за заштита на личните податоци на следнава адреса: [email protected].
Контакт и поплаки
Се јавуваме во работни денови, во периодот од 08:00 до 16:00 часот, при што не Ве контактираме во ноќните часови.
Во зависност од контакт-податоците со кои располагаме, може да комуницираме преку телефон, пошта, е-пошта, SMS пораки или chat апликации. Види „Може ли да побарам да ме контактирате само писмено?“
Телефонските разговори може да бидат снимани заради обезбедување на квалитет на услугата, документација на договореното и заштита на правата и интересите на сите вклучени страни.
Доколку разговорот се снима, за тоа ќе бидете известени на почетокот на повикот.
Да. Доколку претпочитате комуникацијата да се одвива исклучиво по писмен пат, можете да нè известите за тоа,
Преку порталот MyEOS можете самостојно да ги управувате Вашите преференции за комуникација и да го изберете начинот на кој сакате да бидете контактирани.
Сепак, одредени известувања, дописи и документи, кои мора да бидат доставени согласно закон, ќе бидат испраќани без оглед на избраниот начин на комуникација.
Најбрзо во порталот MyEOS, во вашите податоци.
Или по телефон на +389 71 315 369; +389 71 315 217; или +389 72 259 773, или по е-пошта на [email protected].
Ова е важно за вас. На точна адреса добивате писма на време — и не пропуштате рокови. Види „Добив Решение за нотарски платен налог. Што значи и што треба да направам?“
Да. Можете да овластите друго лице, како адвокат или член на семејството, да комуницира и постапува во Ваше име во врска со обврската.
За таа цел потребно е да ни доставите писмено полномошно потпишано од Ваша страна, во кое ќе бидат наведени Вашите податоци, податоците на овластеното лице и обемот на овластувањата што му ги доделувате.
Доколку сакате да поднесете поплака, можете да нè контактирате по е-пошта на [email protected] или писмено по пошта. За побрзо и поефикасно постапување, ве молиме во поплаката да го наведете бројот на задолжувањето и краток опис на настанот или причината за поплаката.
По приемот на Вашата поплака, ќе го потврдиме нејзиното примање и ќе ја разгледаме соодветно. Одговор ќе добиете во рок кој зависи од сложеноста на предметот и потребата од дополнителни проверки или информации.
Доколку поплаката се однесува на Вашите лични податоци, види „Кому да се обратам за прашања околу моите лични податоци?“
По плаќањето
Да. Побарајте потврда. Овој документ се издава кога долгот е исплатен во целост и за предметот не е поведена извршна постапка. Доколку постои извршна постапка потврда издава надлежниот извршител.
Побарајте ја на [email protected] или на +389 71 315 369; +389 71 315 217; или +389 72 259 773 . Наведете го бројот на задолжување.
Чувајте ја потврдата како доказ во случај да Ви биде потребно.. Види „Колку долго треба да ја чувам потврдата за плаќање?“
Деблокадата на сметка зависи од фазата на постапката и начинот на подмирување на обврската.
Кога долгот и трошоците ќе бидат платени, ние го известуваме извршителот и тој доставува налог до банката за деблокирање на Вашата сметка.
Деблокирањето не се случува веднаш и може да биде потребно одредено време за обработка и евидентирање од страна на банката каде што Ви е блокирана сметката.
Ви препорачуваме потврдите за плаќање да ги чувате најмалку 10 години, бидејќи може да Ви бидат потребни како доказ за извршена уплата и по подолг временски период.
За поголема сигурност, добро е потврдата да ја чувате и во електронска форма, на пример како фотографија или скениран документ.
Порталот MyEOS
MyEOS е ваш личен портал - бесплатен и достапен во секое време.
Во него можете:
Многу работи ги решавате побрзо и самостојно.
Отворете го порталот myeos.eos-matrix.mk и изберете регистрација. Внесете ги вашите податоци и потврдете ја е-поштата.
Регистрацијата е бесплатна и трае неколку минути.
Имате два начина:
Двата начина водат до истиот портал, со истите можности. Изборот е ваш.
ЕМБГ го користиме само за таа проверка. Види „По кој правен основ ги обработувате моите податоци?“
Тоа не значи дека долгот не постои. Можеби само податоците не се совпаднале.
Најчеста причина: името е запишано различно или адресата е стара.
Проверете го внесеното и обидете се повторно. Ако пак се јавува истиот проблем, јавете се на +389 71 315 369; +389 71 315 217; или +389 72 259 773, или пишете на [email protected].
За лозинка: на страницата за најава изберете дека сте ја заборавиле. Ќе добиете линк на е-пошта.
Доколку профилот е блокиран по неколку погрешни обиди, почекајте неколку минути и обидете се повторно.
Ако веќе не ја користите таа е-пошта, јавете се на +389 71 315 369; +389 71 315 217; или +389 72 259 773. Тогаш го решаваме тоа со Вас.
Кога плаќате преку банка или пошта, уплатите не се книжат веднаш но потребни се 1 до 2 работни дена, додека да се евидентираат кај нас.
Плаќањата со картичка во порталот се гледаат најбрзо.
Ако по тој рок уплатата не се гледа, пратете ни ја потврдата. Види „Веќе платив, но долгот е сè уште отворен. Како да докажам?“
Има три можни причини:
Доколку не се согласувате со разликата, побарајте пресметка од нас. Види „Од што се состои вкупниот износ — главница, камата, трошоци?“
Јавете се на +389 71 315 369 ; +389 71 315 217 ; +389 72 259 773 , во работни денови од 08:00 до 16:00.
Пишете ни на [email protected].
Или дојдете лично, во работно време, на бул. Илинден бр. 109 локал 6, 1000 Скопје.