Најава на MyEOS

Како да се заштитите од измама и фишинг

icon red info

Најпрво најважното!

Измамниците постојано измислуваат нови начини да дојдат до Вашите лични податоци. Со кражба на идентитет Вашите податоци може да се употребат, на пример, за купување преку интернет. Затоа секогаш проверете дали писмото или е-поштата навистина доаѓа од вистинскиот испраќач. Зошто сте добиле писмо од EOS, објаснуваме тука:
Зошто добивате писмо од EOS

Што е фишинг?

Зошто треба да се заштитите

Со фишинг криминалците се обидуваат да дојдат до лични податоци, како броеви на картички или пристап до е-банкарство. За тоа користат е-пошта, SMS или писма што изгледаат како да се од компании како нашата. Во EOS никогаш не бараме ваша лозинка, PIN, целиот број на картичка или CVV код. Никогаш не бараме да платите преку линк во SMS. За проверка на побарување и за плаќање преку интернет користете го безбедното плаќање во порталот MyEOS.

Безбедно плаќање преку порталот MyEOS

Како да препознаете писмо од EOS.

icon red bank

Кој сме ние

EOS Матрих ДООЕЛ Скопје е друштво за финансиски консалтинг и услуги, дел од EOS Групацијата. Станавме Ваш доверител врз основа на Договор за отстапување на побарување со Вашиот претходен доверител. Ако не го препознавате доверителот во писмото, јавете ни се. Ќе Ви кажеме кога настанал долгот, за што се однесува и кој бил претходниот доверител.
icon red website

Најбезбедно е да проверите

Ако не сте сигурни дали некоја порака е од нас, не одговарајте и не кликајте на линк. Јавете ни се на +389 2 3200 400 или влезете директно во порталот MyEOS. Таму го гледате вистинскиот износ и можете безбедно да платите.

Користете го порталот MyEOS +389 2 3200 400

Како да пријавам измама?

Добивте сомнителна е-пошта или писмо од EOS?

Денес е тешко да се препознае дали една порака е вистинска или измама. Ако не сте сигурни дека пораката е од нас, не одговарајте и не кликајте на линкови. Јавете ни се на +389 2 3200 400 или пишете ни на [email protected].

Мислите дека некој ги употребил Вашите податоци? Тогаш напишете ни веднаш на [email protected] и на [email protected]. Приложете копија од личен документ. Ако сте поднеле пријава во полиција, приложете ја и неа. Додека го проверуваме тоа, наплатата на Вашиот случај се паузира.

Мал совет. Големо дејство.

icon red unsecured debts

Силни лозинки

Не користете иста или многу слична лозинка на повеќе места. Користете силни лозинки со мали и големи букви, броеви и посебни знаци. Така Вашите профили остануваат безбедни.
icon red email

Проверете го испраќачот

Нашата е-пошта завршува на @eos-matrix.mk. Нашите телефонски оператори се претставуваат и идентификуваат при секое телефонско јавување. Ако не сте сигурни, јавете ни се на +389 2 3200 400.

icon red insurance

Безбедни начини на плаќање

Можете безбедно да платите со картичка во порталот MyEOS. Плаќањето оди преку сервис за безбедно плаќање и уплатата веднаш се поврзува со Вашиот износ. Ако плаќате преку банка или пошта, во целта на дознаката внесете ја Вашата единствена шифра за плаќање.
icon red digital processes

Најнови софтверски ажурирања

Редовно ажурирајте го оперативниот систем и антивирусната програма. Така Вашиот компјутер или телефон има актуелна техничка заштита, а измамниците потешко доаѓаат до Вашите лични податоци.

Внимавајте: пример за фишинг

Пораките на измамниците може да изгледаат изненадувачки вистинити. Но има знаци по кои лесно се препознаваат.

  1. Кликнете на адресата на испраќачот и погледнете го вистинскиот испраќач. Може да е измислен, на пример E0S со нула наместо буквата О.
  2. Нема директно обраќање или обраќањето е општо (на пример „Почитуван клиенту“).
  3. Правописни и граматички грешки.
  4. Барање да платите преку линк во SMS или да дадете лозинка, PIN, број на картичка или CVV код.
  5. Барање да кликнете на непознат линк.
  6. Недостасуваат податоци за испраќачот.

Ако не сте сигурни, не одговарајте на пораката.

Јавете ни се на +389 2 3200 400

Контакт. Како да нè најдете:

icon black claim management euro icon_black_claim management euro

Платете, договорете рати или проверете го износот

Проверете ги начините на плаќање во порталот MyEOS.
Платете преку порталот MyEOS
icon black call

Јавете ни се веднаш

Нашите агенти во кол центарот Ви се на располагање од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот.
+389 2 3200 400