Пребарување
Двајца клиенти седат на биро и заедно читаат документ

Добивте писмо.
Зошто е тоа така?

Едноставно е. Сте купиле нешто од некоја компанија или сте зеле заем и не сте ја платиле сметката. Можеби едноставно сте заборавиле. Сега таа компанија побарала наша помош. Затоа нашето име е на писмото. Но, во нашето писмо ќе го најдете и името на првобитниот доверител. Само погледнете во писмото.

Што следува сега? Ќе Ви помогнеме да го платите задолжувањето. Сѐ што треба да направите е да стапите во контакт со нас. Заедно ќе најдеме решение што одговара и на двете страни. Нашата цел е свет без долгови. Ние би сакале да Ве ослободиме од Вашите долгови. Драго ни е да Ви помогнеме. Само стапете во контакт со нас.

Ваши прашања, наши одговори

Едноставно е. Најбрзиот и наједноставен начин е еднократното плаќање. Ја плаќате сметката одеднаш. Или на рати. За да договориме оптплата на рати што одговара на Вашата ситуација, стапете во контакт со нас. Заедно ќе најдеме решение кое одговара и на двете страни.

Земете го нашето писмо, погледнете го бројот наведен на истот и стапете во контакт со нас. Ви благодариме.
Не. Првобитниот доверител побара наша помош. Сепак, ќе го најдете и неговото име во нашето писмо. Но, тој сака ние да се погрижиме за побарувањето. Стапете во контакт со нас. Ви благодариме.
Ве молиме не го игнорирајте нашиот повик или писмо. Повеќето луѓе го прават тоа бидејќи се работи за непозната и непријатна ситуација. Нема потреба да се грижите. Ние ќе Ви помогнеме во врска со ова. Сме го направиле ова безброј пати. И ќе издвоиме онолку време колку што е потребно за да одговориме на сите Ваши прашања. На едно од нив може да Ви одговориме уште сега: што ќе се случи ако ја игнорирате целата работа? Знајте дека колку е подолг процесот, толку се повисоки трошоците. Може да ги игнорирате нашите писма, е-пораки или повици, но доколку ни снема опции, EOS и првобитниот доверител имаат право да преземат правно дејство. Сите правни трошоци ќе се додадат на задолжувањето.

Добрата страна е дека може да го избеднете сето тоа ако не нѐ игнорирате нас. Брз контакт со нас ќе спречи правно дејство, а трошоците ќе останат ниски. Само стапете во контакт, со нас, драго ни е да Ви помогнеме.
Да започнеме со лошите вести: веројатно ќе платите повеќе на крајот. Еве зошто: сте добиле производ или услуга од некого, но не сте ја платиле или не сте можеле да ја платите сметката. Можеби сте заборавиле. Тоа е човечки. Сите ние забораваме некои работи одвреме-навреме. Затоа, некој повторно побарал да ја платите сметката. Но, повторно не сте ја платиле. Сега тој некој побарал наша помош и затоа добивте потсетник од нас. Ќе Ве потсетиме уште неколку пати. Тоа е Вашата шанса да го решите барањето пред да се вмешаат судовите. Во спротивно, имајте предвид: колку е подолг процесот, толку се поголеми трошоците. Може да ги игнорирате нашите писма, е-пораки или повици, но доколку ни снема опции, EOS има право да преземе правно дејство. Ќе добиете налог (нешто слично на судска одлука) што вели дека мора да платите и колку. Сите судски трошоци ќе се додадат на сметката.

Да завршиме со добрите вести: како што можеби забележавте, вложивме многу труд за да Ви го објасниме процесот, чекор по чекор. И ќе вложиме уште повеќе труд за да Ви ги објасниме сите опции по телефон или лично во нашите канцеларии. Брз контакт со нас ќе спречи правно дејство, а трошоците ќе останат ниски. Само стапете во контакт со нас, драго ни е да Ви помогнеме. 
Не грижете се, ќе најдеме решение. Ви ветуваме. Наша работа е да Ве ослободиме од долговите. Веќе сме им помогнале на милиони должници. Не со едно исто решение за сите, туку со приспособени решенија. На пример: ако не може веднаш да го платите целиот износ, ќе го поделиме на рати што ви одговараат. Без разлика колку е мала првата рата, сепак е почеток. Почеток кон иднината што ве ослободува од товарот на долговите. Добар почеток што постепено ќе направи да се чувствувате подобро. Разговарајте со нас: ние сме само луѓе што се спремни да Ви помогнат. Ваквата помош нема да ве чини ниту денар. Само стапете во контакт со нас.
Одлично. Тоа се добри вести. Можеби плаќањето сѐ уште не стигнало до нас или пак некаде нешто тргнало наопаку. Се извинуваме за тоа. Ајде заедно да провериме. Стапете во контакт со нас за да се увериме дека ги знаеме истите факти. Ви благодариме за Вашата помош и време.
О, не! Се извинуваме за тоа. Стапете во контакт со нас за да престанеме да испраќаме писма на погрешна адреса.
Во ред. Понекогаш работите одат наопаку. Тоа е мачно за сите вклучени страни. Ајде заедно да откриеме каде работите тргнале наопаку. Стапете во контакт со нас за да нѐ известите дека барањето не е точно. Тоа е важно бидејќи, во моментов, ние не го знаеме тоа. Па веројатно ќе добивате уште непотребни писма, е-пораки и телефонски повици. Од друга страна, ако барањето не е грешка, може да се соочите со дополнителни трошоци бидејќи во даден момент судот ќе се вклучи во целата работа. А тоа исто така е непотребно. Стапете во контакт, ќе го разгледаме проблемот и ќе ја поправиме работата. Ви благодариме 
Да. Ние работиме на глобално ниво, имаме многу сертификати и долгогодишно искуство во бизнисот. Едноставно прелистајте го сајтов или прелистајте на интернет. Или пак, стапете во контакт со нас на кој било начин: напишете е-порака, јавете се или посетете ги нашите канцеларии. 
Можно е. Би требало да одговорите на СМС порака од EOS. Истото важи и за сите писма што можеби сте ги примиле. Ако СМС пораката содржи број на задолжување стапете во контакт со нас и дознаете повеќе за истото.
Секако. Понекогаш работите одат наопаку. Се извинуваме за тоа. Ајде заедно да откриеме што тргнало наопаку. Едноставно стапете во контакт со нас на начинот кој Вам Ви одговара: Напишете е-пошта или писмо, јавете се или посетете ги нашите канцеларии. Ви благодариме.

Загрижени сте? Не грижете се

EOS Матрих ДООЕЛ

Канцеларија


бул. Илинден бр. 109 локал 6

1000 Скопје

Македонија


Телефон: +389 2 3200 400

Факс: +389 2 3200 334

infomk@eos-matrix.mk


Работно време:

понеделник - петок:
08:00 - 16:00