Користиме колачиња на нашата веб-страница за да ви овозможиме најдобра можна корисничка услуга. Тука спаѓаат колачиња што се неопходни за работата на веб локацијата, колачиња коишто се користат само за анонимни статистички цели, колачиња што се користат за поставки за погодност и колачиња што се користат за да ви овозможиме индивидуализирана содржина врз основа на вашите интереси. Самостојно може да одлучите дали сакате да дозволите употреба на колачиња за статистика, погодност или маркетинг. Покрај тоа, може да ја промените/повлечете вашата согласност во кое било време така што ќе кликнете на поставките за Промена на колачиња на дното од веб-страницата. Дополнителни информации може да најдете во нашата Политика за приватност и Импресум..

Ви обезбедуваме парични текови
Експерти сме во полето на меѓународно управување со побарувања: наплата, откуп на побарувања и целосно преземање на деловниот процес. Со приспособени услуги за B2B и B2C.
Создаваме взаемно корисни решенија што Ви обезбедуваат парични текови, на начин што Ви одговара Вам и на вашите клиенти. Бидејќи знаеме дека денешните должници се Ваши идни клиенти. Притоа, Вие може да се насочите кон идниот развој на компанијата. Звучи добро? Стапете во контакт со нас.
EOS Матрих ДООЕЛ
Канцеларија
EOS Matrix ДООЕЛ Канцеларија
ул. Аминта Трети бр. 1
1000 Скопје
Македонија
Национална Арена Филип II
Телефон: +389 2 3200 400
Факс: +389 2 3200 334
infomk@eos-matrix.mk Visit website
Работно време:
понеделник - петок:
08:00 – 18:00
Раководители што ги поддржуваат нашите таленти
Генерален директор на EOS Матрих Македонија и EOS Косово
Катерина Бошевска е доктор по економски науки, со изразени менаџерски способности, длабоко познавање на локалните деловни практики и бизнис заедницата. Покрај домашното искуство, во својата кариера има долгогодишно искуство во работењето со странски компании, развивање и имплементирање на проекти со домашни и странски партнери и соработници. Кон ЕОЅ пристапува на 01.11.2005 на позицијата Финансиски директор.
Раководител за наплата во Оперативниот оддел
Маја Котеска е дел од ЕОS Матрих Македонија од самото основање на компанијата во 2003 година. Своето долгогодишно искуство во областа на наплата на побарувања го стекнува преку практичните знаења и етаблирање на успешни процеси за наплата во Оперативниот оддел на компанијата. Од февруари 2009 е назначена на позиција Менаџер за наплата, а во моментот е на позиција Раководител за наплата во Оперативниот оддел. Своето формално образование го завршува на економски факултет на универзитетот Кирил и Методиј, отсек МБА Менаџмент.
Раководител на Финансии
Александра Крајческа станува дел од тимот на EOS Матрих Македонија во Октомври 2009 година на позицијата Финансиски аналитичар во Одделот за финансии. Својата кариера ја започнува во реномираната ревизорска куќа КПМГ Македонија и зад себе има 10-годишно искуство како Постар ревизор. Александра Крајческа е Дипломиран економист и како дел од ЕОЅ тимот е одговорна за изготвување на Финансиски извештаи како и Финансиска анализа на податоците поврзани со работењето на компанијата. На позицијата Раководител на Финансии и Известување, стапува во Март 2015 година.