Инспирирани од потребата за взаемна соработка во изнаоѓањето на решенија ЕОЅ Матрих оваа година создаде платформа со назив „Finance Talks“, која ќе го обедини финансискиот свет во земјата и регионот. По пат на редовни панел дискусии на конкретни теми ги анализираме и истакнуваме искуствата, експертизата и потребите на учесниците на домашниот финансиски пазар со една цел:
Да ги промениме финансиите кон подобро.
Првата панел дискусија се одржа во мај 2022 и ја адресираше темата „Управување со кредитен ризик во време на пост-Ковид и економска (финансиска) криза“. Модерирана од страна на Генералната директорка на ЕОЅ Матрих, д-р Катерина Бошевска, дискусијата понуди вреден увид и ги истакна начините на кои институциите се соочуваат со промените. Нашите експерт панелисти: Златица Трпеска Цивкароски (Шпаркасе Банка), Владислав Хаџидинев (УНИ Банка) и Фросина Целевска (НБРМ) придонесоа со својата мулти-секторска и мулти-дисциплинерна експертиза, споделувајќи го своето вредно искуство во менаџирањето под постоечките услови.
Погледнете го видео записот од целата дискусија и инспирирајте се од излагањата и заклучоците на панелистите, кои се експерти во областа на официјалниот YouTube канал достапен на овој линк.
Повеќе за одржаната дискусија во медиумите:
EOS Матрих создава платформа која го обединува финансискиот свет: „Finance Talks by EOS“
Втората по ред „Finance Talks by EOS Matrix“ панел дискусија се одржа на 28 септември 2022 и ја разработи темата: „Придобивки од имплементација на европските законски решенија во домашниот финансиски сектор“.
Преку оваа дискусија се земаа предвид анализите и увидите на сите засегнати страни на пазарот и беа предложени чекори кои ќе придонесат кон унапредување на домашниот финансиски пазар.
Панел дискусијата ја предводеше генералната директорка на ЕОЅ Матрих Д-р Катерина Бошевска и кон темата со своите искуства и знаење придонесоа панелистите кои се експерти во областа:
- Г-дин Фатмир Бесими - Министер за Финансии, Министерство за Финансии на Република Северна Македонија
- М-р Бранко Грегановиќ - Претседател на Управен oдбор на НЛБ Банка Скопје.
- Д-р Горан Василев - Генерален директор на ИутеКредит Македонија.
Благодарение на долгогодишното искуство и стекнатата експертиза на панелистите во домашниот, но и во странските финансиски пазари, оваа дискусија е од огромна вредност за финансиската заедница во земјата.
Институциите и сите чинители на финансискиот пазар кај нас треба да зачекорат кон изнаоѓање решенија со еден интегриран, системски и мултидисциплинарен пристап. Со оваа цел на ум, оваа Finance Talks панел дискусија, понуди простор за размена и го иницираше заедничкото изнаоѓање на решенија на темата фокусирани кон унапредување на домашниот финансиски пазар и хармонизација на домашната легислатива и пазар со онаа на земјите-членки на Европската Унија.
Повеќе за одржаната дискусија во медиумите:
Медиумско соопштение: “Finance Talks by EOS:” Преку компарација на домашните и европските законски решенија истакнати неопходните чекори за унапредување на домашниот финансиски пазар
Економија и Бизнис: Усогласувањето на домашните со европските законски решенија е неодминлив предуслов за стабилен и праведен финансиски пазар
Иновативност.мк: Катерина Бошевска: Со „Finance Talks by EOS“ ги приближуваме европските трендови до домашниот финансиски сектор!
Видео записот од панел дискусијата е достапен на овој линк до YouTube каналот на EOS Matrix Macedonia.