Истражување: Лошите навики на плаќање предизвикуваат егзистенцијални финансиски тешкотии за европските компании.

  • Практиките за плаќање од 2019 година значително се влошуваат.
  • Компаниите се соочуваат со недостиг на ликвидност поради задоцнети плаќања.
  • Сè повеќе компании го пренесуваат своето управување со побарувањата на надворешни партнери.
  • На клиентите им се нуди зголемен опсег на начини на дигитално плаќање. 

Многу европски компании ризикуваат се’: Една од пет компании стравува за својот опстанок поради тоа што клиентите доцнат или не ги плаќаат побарувањата.

Истражувањето на EOS „Европски платежни практики 2022“, во кое беа анкетирани 3.200 финансиски директори од 16 европски земји, покажува колку е сериозна ситуацијата.

Истражување на EOS за европски практики за плаќање: Колку плаќања пристигнуваат доцна или воопшто не пристигнуваат: 19 отсто во Западна Европа, 24 отсто во Источна Европа, 21 отсто во цела Европа.
Во меѓувреме, секој петти клиент во Западна Европа и секој четврти во Источна Европа доцни или воопшто не ги намирува своите обврски.

Еден конкретен факт го зајакнува значењето на овие бројки. Во истиот период, компаниите ги променија условите за плаќање - во корист на клиентите. Низ Европа, просечниот рок на плаќање беше продолжен од 33 дена во 2019 година на 37 дена во 2022 година. Но, и покрај овие дарежливи услови за плаќање, корисниците кои доцнат со плаќање сепак ги надминаа роковите за многу повеќе отколку во претходните години. Во просек, неплатените фактури ги подмирувале 23 дена по истекот на рокот за плаќање, што е највисоко ниво од 2014 година.
EOS истражување на Европски платежни навики: од 2019 година, роковите за плаќање се продолжени од 33 на 37 дена - а доцнењата на плаќањето се зголемија од 21 на 23 дена.

Корисниците кои доцнат со плаќање соочени со финансиски тешкотии без сопствена вина. 

Постојат различни причини за овие лоши практики на плаќање. Многумина од оние кои доцнат имаат финансиски тешкотии. 60 проценти од компаниите велат дека причината поради која нивните деловни клиенти не плаќаат е тоа што тие самите се соочуваат со неисполнување на плаќањето од страна на нивните клиенти. 43 отсто сметаат дека несолвентноста е причина за недостатокот на ликвидност. Компаниите од сегментот B2C ги наведуваат краткорочните проблеми со готовинскиот тек како главна причина за задоцнетите или ненадмирените плаќања. Во речиси две третини од случаите, последиците од пандемијата се причина поради која постои недостаток на средства.

За погодените компании доверители, разгледувањето на причините за лошите практики на плаќање е од мала помош. Неподмирувањето на побарувањата отсекогаш били непријатност, но сега тие стануваат закана за нивниот опстанок. Истражувањето откри дека повеќе од половина од компаниите кои должат средства (51 отсто) веќе се соочуваат со недостиг на профит, додека повеќе од една третина (42 отсто) сега имаат проблеми со ликвидноста. Како резултат на тоа, нешто помалку од една третина ги намалиле своите инвестиции или ги зголемувале цените на нивните производи и услуги.
Marwin Ramcke, CEO of the EOS Group.
Загрижувачки е што практиките на плаќање толку многу се влошија само во првата половина од годината. Особено затоа што во светлината на тековните економски бројки и високата инфлација, мора да очекуваме натамошен пад на приходите од плаќања.
Марвин Рамке
извршен директор на EOS Групацијата

Компаниите имаат песимистички поглед на иднината.

„Ова може да има сериозни последици на долг рок“ вели Марвин. „Нема потреба да го одбегнуваме очигледното: недостатокот на ликвидност е една од главните причини за несолвентност и загубата на работни места“.

Иако на почетокот на 2022 година, кога пандемијата полека стивнуваше, многу сопственици на бизниси гледаа позитивно на иднината, расположението се промени по рускиот напад на Украина. Во економското истражување на DIHK (Здружението на германските стопански и индустриски комори) во мај 2022 година, секоја трета компанија рече дека очекува влошување на деловните изгледи во наредните месеци. „Истражувањето го потврдува она што во моментов го кажуваат многу економски прогнози“, вели Марвин. „Поради војната во Украина, европската деловна заедница има песимистички поглед на иднината“. Поточно, ова значи дека речиси една од четири компании претпоставува дека практиките за плаќање ќе се влошат уште повеќе.
EOS истражување на Европски платежни навики: 24 отсто од европските компании стравуваат дека навиките за плаќање ќе се влошат многу, додека 13 отсто мислат дека ќе се подобрат.
Европската Комисијата не очекува подобрување на ситуацијата на краток рок. Во јули 2022 година ја ревидираше својата прогноза за раст на европскиот БДП до крајот на годината на 2,6 отсто од 4 отсто што ги предвиде на почетокот на годината. Во исто време, Комисијата очекува стапка на инфлација од 7,6 проценти во еврозоната за 2022 година. Повеќе од 20 години, оваа стапка на инфлација речиси постојано се движеше меѓу нула и три проценти.

Екстерното управување со побарувањата може да ги минимизира неподмирените обврски.

Дали има решение? „Компаниите треба да продолжат да го професионализираат управувањето со побарувањата и нивните процеси на наплата и да настојуваат да работат со надворешен партнер. Продажбата на побарувањата исто така може да биде добро решение“, вели Марвин. „Како експерти наоѓаме решенија кои функционираат за компаниите и за корисниците кои доцнат со плаќање.
Стапките на успех на давателите на услуги за наплата на долгови покажуваат дека со стручна помош, компаниите можат да ги ублажат последиците од лошите практики на плаќање. Давателите на услуги за наплата на долгови можат да реализираат наплата на средства кои се во просек до шест проценти од приходот на компанијата.

Сè повеќе европските компании ги препознаваат овие придобивки.
Во овој контекст, Источна Европа има предност: Таму, половина од анкетираните компании веќе се потпираат на поддршката од надворешни партнери, а бројките продолжуваат да се зголемуваат, вели Кристина Шулц, раководител на одделот за менаџмент во Источна Европа. „Компаниите во Источна Европа имаат корист од нашата експертиза во управувањето со побарувањата и се способни да се фокусираат на нивната основна дејност. Ова не само што им помага на компаниите доверители, туку и и’ користи на економијата како целина“, вели Кристина: „Особено со оглед на економските бројки кои се предизвик, компаниите за наплата на долгови нудат вредна поддршка за компаниите и за економскиот систем, бидејќи тие ја враќаат ликвидноста“.

Од 2019 до 2022 година, процентот на европски компании кои работат со надворешни даватели на услуги за поврат на ненаплатените побарувања се зголеми од 42 на 46 проценти. Многу од овие компании ја одбираат EOS Групацијата за свој деловен партнер: „Како специјалисти за управување со дигитални побарувања и благодарение на нашата меѓународна експертиза на пазарот на NPL, ние сме една од водечките компании во секторот“, вели Марвин. „Нудиме фер цени и брзо им обезбедуваме ликвидност на компаниите “.
Christina Schulz, Head of Division Management Osteuropa.
Компаниите во Источна Европа имаат корист од нашата експертиза во управувањето со побарувањата. Особено со оглед на предизвикувачките економски бројки, компаниите за наплата на долгови нудат вредна поддршка за компаниите и на економскиот систем, бидејќи тие ја враќаат ликвидноста.
Кристина Шулц
раководител на сектор за управување со Источна Европа

Дигиталните методи на плаќање ги минимизираат неподмирените обврски.

Покрај продажбата на побарувањата, постои уште еден тренд кој може дополнително да влијае на практиките на плаќање: Компаниите го прошируваат опсегот на начините на плаќање што ги нудат. На пример, 52 отсто од компаниите во сегментот B2C и 41 отсто во сегментот B2B веќе нудат дигитални начини на плаќање како додаток на традиционалните опции како банкарски трансфер и готовина. 

Најголем раст во оваа област има во Источна Европа. Во споредба со 2019 година, бројот на компании во Источна Европа што им даваат можност на своите клиенти да ги подмират сметките со дигитални начини на плаќање како Apple Pay, Google Pay или PayPal е речиси двојно зголемен.

Еден термин кој постојано се појавува во овој контекст е „Купи сега, плати подоцна“ (BNPL). Сè уште не е јасно дали овој тренд навистина ќе еволуира во релевантен начин на плаќање. BNPL сè уште е ретка опција, според истражувањето само пет проценти од сите европски компании кои го нудат овој начин на плаќање. Покрај тоа, инфлацијата и зголемените каматни стапки му штетат на деловниот модел на давателите на услуги како BNPL. 

Сепак, четири од десет компании (42 проценти) гледаат на BNPL како начин на плаќање што има потенцијал да се развие во пандан на кредитната картичка. И речиси исто толку (39 проценти) изјавија дека понудата на овој начин на плаќање е „задолжителна“. Еден таков пример е Deutsche Bank, која има за цел да воспостави сопствено решение за BNPL. Затоа, барем на оваа тема, постои мал оптимизам.

Дали сакате да дознаете повеќе за платежните навики во Европа? Регистрирајте се овде за повеќе детали и за да го добиете извештајот за резултатите од истражувањето.

Sabrina Ebeling, People Lead Corporate Communications & Marketing at EOS

Sabrina Ebeling
Corporate Communications & Marketing

Телефон: +49 40 2850-1480

s.ebeling@eos-solutions.com

Фото кредити: Eos практикант