- Тековни наоди од студијата: Инфлацијата и високите цени на енергијата претставуваат големи предизвици за потрошувачите во Европа.
- Зголемена свест за цените: Голем дел од Европејците станаа поскромни или сè повеќе ги користат предностите на специјалните понуди.
- Спротивно на настаните за време на пандемијата со корона вирусот, младите сега сè почесто повторно користат готовина.
- Едно од пет лица се задолжило во текот на кризата. Во источна Европа беше едно од четири лица.
- Големи грижи: Само еден од десет луѓе е оптимист за сопствената финансиска иднина.
Европската комисија е внимателно оптимистична со оглед на актуелниот економски развој. За разлика од очекуваното, годината започна подобро, се вели во соопштението за печатот од февруари 2023 година. Се чини дека економскиот пад во Европа засега е избегнат. За некои потрошувачи во Европа, сепак, овој пресврт на трендот доаѓа предоцна. Тие веќе се во финансиска криза поради поскапувањето. Студијата на „Дали европејците имаат финансиски проблеми? Студија за потрошувачи на EOS 2023 година“, покажува што компаниите треба да знаат за оптоварувањето на потрошувачите.
Инфлацијата ја зголемува свеста за цените - но и за долговите.
Инфлацијата го промени потрошувачкото однесување на луѓето: Со 53 проценти, повеќе од еден од двајца испитаници изјавиле дека станале посвесни за цените во последните месеци. 44 проценти користеле повеќе специјални понуди, додека 39 проценти практикувале да живеат без непотребни трошоци. Ова првенствено влијаеше врз патувањата и рекреативните активности како што се посетите на ресторани (по 33 проценти), но и купувањето нова облека (28 проценти).
За многу Европејци, сепак, грижите за пари отишле подалеку: Речиси секој петти од нив се задолжил. Инфлацијата беше главниот двигател во половина од сите случаи (49 проценти). Отприлика секое четврто лице конкретно ги навело зголемените трошоци за енергијата (27 проценти) како причина за задолжување. Најголем дел од задолжувањата биле релативно мали суми, помали од 1.000 евра (56 проценти). Меѓутоа, во третина од случаите, сумата била помеѓу 1.000 и 10.000 евра (36 проценти). Речиси секое десетто лице ја надминало сумата од 10.000 евра.

Регионални разлики во задолжувањето.
Од демографска перспектива, забележливо е дека со учество од 22 проценти, особено помладите на возраст меѓу 18 и 34 години се задолжиле. Наспроти само 14 проценти за генерацијата над 50 години. Ако ја погледнеме географската дистрибуција на задолживањето, се забележува дека особено источноевропските потрошувачи, предводени од Романија, Унгарија (по 30 проценти), Северна Македонија (29 проценти) и Србија (28 проценти), биле принудени да пристапат кон надворешни парични средства во последните месеци. За споредба: Европскиот просек беше само 19 проценти.
Исто така се разликуваат и причините за задолжувањата помеѓу Истокот и Западот - но тие исто така покажуваат и сличности: Додека кај Западноевропејците има поголема веројатност да се задолжат за патување од Источноевропејците (18 и 6 проценти, соодветно), кај нив сѐ уште има еднаква веројатност да се задолжат за основни работи, како што се трошоците за греење и електрична енергија, намирници и за сопственото здравје.
Ова покажува дека голем дел од населението ја прифатило ситуацијата и одговорно управува со сопствените финансиски средства. Друг показател за ова е зголемената употреба на готовина кај 42 проценти од испитаниците (48 проценти во старосната група од 18-34 години). Појава којашто тргна во сосема спротивна насока за време на пандемијата со корона вирусот. Едно од можните објаснувања за тоа е што за многу луѓе, готовината сè уште претставува безбедност и контрола и затоа се враќа на голема врата.

Каква улога игра наплатата на долгови?
Дури и одговорното ракување со пари не е секогаш доволно за да се избегне финансиска криза. „Особено кога станува збор за основните работи како греење или електрична енергија, јасно е дека овие луѓе имаат егзистенцијален недостиг на готовина“, вели Бартош Јурчик. Тој е директор на Одделот за управување и стратегии во EOS во Полска и знае за тесната финансиска ситуација во која се наоѓаат многу потрошувачи - не само во Полска. Задолжувањето со цел да се компензира таквиот недостиг на готовина е испробано и проверено средство. Исто така знае дека дел од нив - од која било причина - нема да можат да ги вратат своите долгови како што е договорено.
Тогаш, вели Бартош, агенцијата за наплата треба да има осет: „Поважно е од кога било да се однесуваме кон овие луѓе со емпатија и почит, да ги слушаме и заеднички да најдеме решение кое е функционално за сите страни.“ Можни се заеднички договори за висината на ратите и еднократните наплати, како и преференциите за тоа кога и како потрошувачите сакаат да бидат контактирани. „Целта е секогаш да им помогнеме на луѓето да го намалат својот долг на прифатлив и брз начин.
Една од мерките е да им се понуди особено лесен процес за отплата на нивниот долг во тешки времиња. Еден пример за тоа е сервисниот портал на EOS во Германија. Тој им нуди максимална флексибилност на погодените потрошувачи: „Корисниците може да го приспособат плаќањето на рати според нивните желби, целосно анонимно и индивидуално, преку својот паметен телефон. Како начини на плаќање има достапни осум опции - од Apple Pay до Paypal“, објаснува Сорен Ф. Сорис, директор за портали и интеграција во EOS Technology Solutions, „корисниците се од централна важност за нас." Покрај тоа, постојат модели на податоци кои дополнително го персонализираат процесот на наплата на долгови, на пример, кога му се обраќаат на клиентот. Тие знаат кој канал за комуникација и начин на наплата го претпочитаат потрошувачите поединечно.

Задолжувањата се неизбежни во време на криза.
Дали ситуацијата навистина ќе се олесни за европските потрошувачи сè уште е непредвидливо. Но, грижите се големи: Само еден од десет (9 проценти) лица малку или воопшто не размислува за сопствената финансиска состојба. Инфлацијата (73 проценти) и високите цени на енергијата (52 проценти) со сигурност се најголемите двигатели на тој страв, потоа следуваат долгорочните парични проблеми (25 проценти) и невработеноста (22 проценти).
„Од ова истражување гледаме дека инфлацијата не ги остава потрошувачите незасегнати“, резимира Марвин Рамке, извршен директор на Групацијата EOS. „Особено во време на криза, задолжувањето е често неизбежно кога станува збор за премостување на краткорочниот недостаток, па дури и за средства за живот. Како што покажува студијата, сето тоа е многу емотивно и предизвикува загриженост за иднината“. Барем бројките објавени од Комисијата на ЕУ се охрабрувачки дека за повеќето потрошувачи тоа ќе биде само краткорочен недостаток. Во секој случај, Марвин најавува фер пристап кон нивната финансиска состојба: „За нас е важно да ги поддржиме потрошувачите при отплатата на нивните долгови. Тоа им помага ним, но помага и на економијата во која се враќаат парите“.

За нас е важно да ги поддржиме потрошувачите при отплатата на нивните долгови. Тоа им помага ним, но помага и на економијата во која се враќаат парите
Марвин Рамке
извршен директор на Групацијата EOS
Како водечки меѓународен експерт за управување со побарувања со канцеларии во 24 земји, EOS секоја година прави пазарни и потрошувачки студии заедно со реномирани институти за истражување на пазарот. Темите околу однесувањето на потрошувачите со плаќањата, компаниите, начините на плаќање, дигитализацијата и придобивките од податоците даваат возбудливи сознанија.
До порталот на студијата
Сакате да ги погледнете деталните резултати од студијата? Слободно контактирајте нѐ!
Carina Bonde
Corporate Communications & Marketing
Телефон: + 49 173 2979331
Photo credits: EOS