Обезбедени нефункционални кредити: Овие трендови го обликуваат пазарот во 2018 година
Дали 2018 година ќе биде година во која нефункционалните кредити конечно ќе бидат препознаени како легитимна инвестициска можност? Европската комисија, Европската централна банка (ECB) и Европската банкарска управа (EBA) користат одреден број мерки за да го направат тргувањето со нефункционалните кредити (NPL) поструктурирано, попристапно, а со тоа и поатрактивно.
Околу 2007 година, кога терминот „токсични кредити“ почна да испливува во медиумите, тој испрати морници низ 'рбетите на многу професионалци за финансиски услуги. Брендот „банкар“ беше значително оштетен во мислите на јавноста, која сметаше дека плаќа за грешките во индустријата. Во 2010 година, дури и англискиот речник на Оксфорд почна да дава примери на финансиски инструменти кога ќе внесевте збор „токсично“.
Десет години потоа, насловите, ако не и чувствата, донекаде се намалија. Дотаму што малкумина знаат дека вложувањата во нефункционалните кредити (NPL) оттогаш станаа секојдневна појава: глобалниот пазар е присутен со децении, но желбата на регулаторите да го намалат ризикот на банкарските биланси на состојба предизвикаа пораст. Една студија на Deloitte откри дека минатата година се очекуваше да бидат продадени ширум цела Европа близу 130 милијарди евра пакети од NPL - околу една третина повеќе отколку во 2014 година. Вкупниот бруто волумен на нефункционалните банкарски кредити во Европската унија (ЕУ) изнесуваше околу 1,3 трилиони евра на крајот на март 2017 година, од кои 921 милијарда евра отпаѓаат на биланси на банките во Еврозоната, кои изнесуваат околу 5% од целиот негов кредитен обем.
Добитна ситуација за сите на пазарот на NPL?
И покрај значајниот напредок во економијата од времето на големата финансиска криза, односот на потенцијалните кредитни неплатени долгови не паѓа толку брзо како што би сакала Европската комисија. Во јули 2017 година, Советот на ЕУ им наложи на Комисијата и на неколку други тела да изготват акционен план за решавање на ова прашање и да обезбедат поголема финансиска стабилност во ЕУ. Ова ги вклучуваше Европската банкарска управа (EBA), Европската централна банка (ECB), Европската комисија за хартии од вредност и пазар (ESMA), како и Европскиот одбор за системски ризици (ESRB). Дел од овој план ќе вклучи поедноставување на процесот со кој банките можат да ги префрлат NPL на не-банки, поттикнувајќи секундарни пазари во NPL и можно воспоставување платформа за трансакции со NPL.
Вторите ќе користат стандардизирани обрасци и процеси, кои би требало да ја поттикнат перцепцијата на јавноста кон NPL како легитимна опција за инвестиција. Ова исто така ќе им овозможи на банките да го намалат ризикот, да ги реструктуираат нивните портфолија и да ги прераспределат ресурсите за NPL во нивните основни активности.
Што е најважно, тоа ќе ослободи капитал за да се извршуваат оние функции коишто банките ги прават најдобро, како што е финансирањето на економскиот раст. Конечно, исто така, ќе им овозможи на регулаторите да внимаваат на пазарот и на тоа како се одвива бизнисот.
Значи, добитна ситуација за сите. И ова е само почеток, според Советот на ЕУ, кој планира понатамошни мерки за 2018 година. За експертите за NPL, како што е EOS Group, ова ќе биде возбудлива година, особено бидејќи зголемената регулатива ќе го направи попривлечно инвестирањето во оваа класа на средства. Зголемената структура и стандардизација на пазарот на NPL, можеби помогнати од лансирањето на националните компании за управување со средства (AMC), ќе ја поттикнат довербата во овие пазари и ќе привлечат инвеститори со повисок квалитет. Делот од пазарот на NPL кој е обезбеден со на пример недвижен имот, авиони, бродови, хартии од вредност и сл., е веќе попривлечна опција, според консултантите од оваа област, како што е Deloitte.
ECB (Европската централна банка), во своите обиди да ги охрабри банките да ги ослободат своите биланси од NPL побарувања, сугерира ликвидација или отпис на овие побарувања. Овој предлог е непопуларен кај банките бидејќи тоа ќе ги остави со малку или со ништо, додека пак продажбата на нефункционални средства обезбедува некаква заработка. На пример, KBC Bank of Belgium продаде 40% од своите побарувања за време на нејзиното реструктуирање, што ѝ овозможи да ја врати владината поддршка пет години пред предвиденото. Портфолијата на NPL беа купени од EOS Aremas, искусен играч во белгискиот сектор за финансиски услуги.
Овој ефективен пример за инвестирање во NPL би можело да биде корисно да биде повторен во Италија и во балканските држави, каде што неодамнешниот колапс на пазарот за недвижнини може значително да го зголеми бројот на големи, обезбедени NPL портфолија кои се нудат. Банките во регионот се под притисок од регулаторите да го намалат ризикот и со тоа да го подобрат својот кредитен рејтинг.
Инвестирањето во NPL не е лесен бизнис
Иако ќе има многу можности, менаџерите на средства треба да запомнат едно нешто: Инвестицијата во портфолија на NPL не е за колебливи или неискусни. Управувањето со обезбедени и мешани портфолија е комплициран бизнис и компаниите за управување со побарувања се соочуваат со многу предизвици. Трнливиот проблем со податоците е еден, кој делумно може да се реши преку платформата на NPL која ја разгледува ЕУ. Законите за банкарска тајност и GDPR (Општа регулатива за заштита на податоците) може да им отежнат на компаниите за управување со средства да ги добијат сите информации што им се потребни. Потоа, постои дополнителен предизвик за проценка на обезбедувањето, која мора постојано да се следи. EBA ги препознава овие како клучни прашања, што може да го попречат понатамошниот развој на индустријата и ја нагласува важноста и интегритетот на основните системи за податоци.
EOS Group има развиено значителна длабочина на експертиза; особено во областа на кредити обезбедени со недвижности. Вработувајќи менаџери на случај, адвокати и надворешни специјалисти, EOS стана водечки играч во овој сектор. Но, за EOS, заедно со професионалноста мора да дојде и срцето: „Начинот на кој ги третираме нашите клиенти е многу важен за нас“, вели Верле Тимерманс, Директор за Комерцијален кредит на KBCS. „Секој што работи со нас мора да ги третира со почит и емпатоја, како што го правиме тоа ние“. Ризикот по репутацијата на банката при отуѓувањето на овие заеми е огромен и не треба да се потцени. Во очите на светот, нејзината одговорност не престанува кога портфолиото е стекнато од друга организација. На јавноста и на печатот воопшто нема да им е грижа доколку чувствуваат дека банките дозволуваат нивните поранешни клиенти да бидат лошо или неправедно третирани. Оттука и успешното отуѓување на EOS Aremas, организација која споделува слични вредности со оние на KBC.