• Анкетата покажува дека младите сметаат дека недостатокот на финансиски вештини е причината за нивните задолжувања. 
  • ЕОS ги поддржува програмите кои поттикнуваат финански вештини.
  • Непрофитната организација на ЕОЅ Групацијата "finlit" развива различни активности за студенти низ цела Европа.
Kако го планирате буџетот за лични трошоци? Како да управувате со вашите финансии за справување со инфлација? Кои се ризиците при користење на мобилно банкарство? Ова се прашањата со кои се соочуваат потрошувачите, а секој кој не може да даде одговор на ова прашање, ризикува да изгуби контрола на своите финансии. Особено ако се случи на млади години, може да предизвика повторливо однесување кое во најлош случај завршува со презадолжување.

EOS има за цел да спречи вакви ситуации, затоа компанијата е посветена да ги научи младите потрошувачи како правилно да ракуваат со парите. Особено децата и адолесцентите, бидејќи тие се потрушувачите на иднината.

Интеграција на финансиското образование во училишната програма.

Студијата за потрошувачи на EOS од 2023 година „Дали Европејците имаат финансиски проблеми?“ покажува дека конкретно во оваа група има соодветна побарувачка. Повеќе од половина од младите (51%) сакаат повеќе финансиско образование. Друг резултат покажува дека 8 проценти од испитаниците на возраст меѓу 18 и 34 години сметаат дека причината за нивниот долг е недостатокот на знаење за банките и кредитите. Ова е причината зошто многу активности на EOS Групацијата се фокусираат на овој посебен аспект. 

Овие активности ги предводи фондацијата "finlit", која е основана во 2019 од страната на вработените во ЕОS за зајакнување на способностите на младите во справување со парите. Преку својата образовна иницијатива "ManoMoneta", finlit веќе успеа да ги подобри финансиските вештини и да ги надмине стравовите на децата на возраст од 9 до 13 години во околу 1.400 училишта. Само во фискалната 2022/23 година, повеќе од 32.000 деца добија насоки во оваа област.


 
ЗумЗум
A photo shows the team from the EOS finlit foundation: Jana Titov, Sebastian Richter, Marie Langeloh and Leonie Schoch (from left to right).
Од лево кон десно: Јана Титов, Себастијан Рихтер, Мари Лангелоу и Леони Шох.

Фондацијата Финлит пренесува финансиско знаење низ Европа.

Меѓународното воведување на програмите на финлит започнува. По првичните пилот истражувања со околу 140 ученици во четири одделенија и со прибрани многу позитивни впечатоци, ManoMoneta оваа година започна во Словенија. Во Чешка, програмата се проширува во училиштата за деца со попреченост. Во Шпанија и Словачка, учениците ќе научат повеќе за правилно ракување со парите од есента 2023 година.

Од Јули 2022, Финлит има дополнителна поддршка од советодавната комисија со претставници од областа на бизнисот, науката и социјалните работи, кои обезбедуваат совети и поддршка со комплексни прашања:

  • Патрик Девејн, новинар и финансиски експерт
  • Лена Лутженс-Шилинг, Извршен директор на Нордлихт менаџмент консултанти
  • Тобиас Волерман, Потпретседател за корпоративна одговорност во групата Otto
  • Професор Кармела Апреа, Директор на Институтот за финансиска едукација (MIFE) на Универзитетот во Манхајм
  • Карел Смерак, Директор на NPL, EOS
  • Стефани Шаке, учителка и директорка на средно училиште. 

Ова видео е обезбедено од YouTube. Со кликнување на копчето Прифати, се согласувате YouTube да поставува колачиња на крајниот уред што го користите и со тоа да ги обработува лични податоци доколку е потребно. За повеќе информации за ракувањето со корисничките податоци, ве молиме погледнете ја политиката за приватност на YouTube на: https://policies.google.com/privacy?hl=mk

Прифати
Sebastian Richter, Managing Director of the finlit foundation gGmbH
What is the most important impact of finlit?
Сокриј детали
What is the most important impact of finlit?

Ова видео е обезбедено од YouTube. Со кликнување на копчето Прифати, се согласувате YouTube да поставува колачиња на крајниот уред што го користите и со тоа да ги обработува лични податоци доколку е потребно. За повеќе информации за ракувањето со корисничките податоци, ве молиме погледнете ја политиката за приватност на YouTube на: https://policies.google.com/privacy?hl=mk

Прифати
Jana Titov, Managing Director of the finlit foundation gGmbH
What are your plans for the future?

„OhMoney“ ја проширува целната група за да ги вклучи тинејџерите.

Во партнерсво со Хансеатик Банка, Финлит ја започна програмата "OhMoney" во финансиската 2022/23 година. Во однос на возрасната група, програмата се надоврзува на "ManoMоneta", насочена кон учениците на возраст меѓу 13 и 17 години. Интерактивните видеа го сочинуваат јадрото на иницијативата и се користат за пренесување на знаењето. Темите потоа се интегрирани во училишната прогграма во разнолични наставни модули кои ги подготвуваат младите за нивната претстојна финансиска независност. Содржината вклучува, на пример, преглед на нивните први можности за заработување, или нивниот прв одмор без родителите, вклучувајќи прашања како буџетот, договорите и осигурувањето. Во практични вежби, студентите можат да го стават во пракса она што го научиле, на пример, планирање на класен излет. "OhMoney" веќе успешно го заврши тестот со неколку групи.

Покрај тоа, EOS поддржува низа програми за финансиска писменост во неколку други земји. На пример, од 2019 година, EOS Словенија ја поддржува "Финансиската школа", која ги учи тинејџерите, милениумците и возрасните за финансии. Во Романија, вработените на EOS им ги објаснува основните принципи на финансискиот свет на децата од Rădăuți. И ЕОS Хрватска ја спонзорира “1st Annual Financial Literacy Conference” (Првата годишна конференција за финансиска писменост) – на пример обезбедувајќи веб страница на теми за финансиска едукација и ослободување од задолжувања.
Carina Bonde, Corporate Communications & Marketing

Carina Bonde
Corporate Communications & Marketing

Телефон: + 49 173 2979331

c.bonde@eos-solutions.com

Photo credits: EOS