Претставничко истражување за податоците и нивната вредност во Европа, Русија и САД.
Дигиталните податоци станаа клучен економски капитал. Компаниите собираат, анализираат и толкуваат податоци за да ги оптимизираат своите бизнис модели. Затоа, одговорното управување со таквите податоци и почитувањето на нивната вредност сè повеќе стануваат тема на јавна дебата: Што мислат потрошувачите за откривањето на податоците и за нивната вредност? Дали сакаат да ги продаваат своите лични информации? Има ли разлики меѓу земјите во тој поглед? Како компаниите ја стекнуваат довербата на потрошувачите да ги користат нивните податоци?
Репрезентативната меѓународна анкета спроведена од страна на EOS Group на темата „Колкава е вредноста на податоците?“ нуди одговори на тие прашања. Анкетата беше спроведена онлајн во 17 земји пролетта во 2020 година од страна на Kantar, којшто е еден од светските водечки институти за истражување на пазарот.
Преземете ја нашата бесплатна бела книга
(1.5 MB)
Репрезентативната меѓународна анкета спроведена од страна на EOS Group на темата „Колкава е вредноста на податоците?“ нуди одговори на тие прашања. Анкетата беше спроведена онлајн во 17 земји пролетта во 2020 година од страна на Kantar, којшто е еден од светските водечки институти за истражување на пазарот.
Дигиталната доверба е предизвик
Анкетата покажува дека потрошувачите во основа се подготвени да ги откријат личните податоци на веродостојни компании. И токму тука компаниите имаат уште работа, бидејќи многу луѓе не им веруваат дека одговорно ќе управуваат со нивните лични информации. Најголемиот предизвик за компаниите, според тоа, ќе биде да ја ослабат таа недоверба по пат на соодветна и транспарентна употреба на податоците.
Рангирање на довербата според секторот
Настрана од несигурноста во однос на тоа како систематски да го спречат споделувањето на податоците, анкетата покажа дека мнозинството од корисниците често се чувствуваат присилени да ги откријат своите детали (Европа: 66 %, САД 58 %, Русија 81 %). Фактот што некои услуги може да се користат во целост само ако бидат дадени многу податоци го зацврстува недостатокот на доверба во компаниите и го објаснува генералниот скептицизам што преовладува.
Меѓутоа, има и некои сектори коишто имаат јасна предност кога станува збор за дигитална доверба: Водечки во полето се банките (Европа: 54 %, САД 56 %, Русија 54 %) и компаниите што овозможуваат плаќање онлајн (Европа: 46 %, САД 46 %, Русија 58 %). Снабдувачите на енергија, исто така, стојат добро (Европа: 39 %, САД 38 %, Русија 34 %). Губитниците на скалата на довербата за дигитални податоци се телекомуникациските компании, малопродажниците онлајн, а токму на дното се мрежите за социјални медиуми и услугите за пораки (Европа: 14 %, САД 11 %, Русија 18 %). Сè уште постои неискористен потенцијал особено во тие сектори, а останува да видиме кои стратегии ќе ги искористат тие компании за соодветно да одговорат на недовербата што ја покажуваат нивните потрошувачи.
Податоците како валута
Секој ден откриваме богатство од лични податоци: податоци за контакт и лични податоци, информации за нашите навики при купување, податоци за сметки или факти за нашето здравје. Тие податоци им помагаат на компаниите подобро да ги разберат потрошувачите и што тие претпочитаат, но и како да одговорат на пазарните трендови, поради што се и толку вредни. Според анкетата, мнозинството од испитаниците веруваат дека треба да добијат надомест за употребата на нивните податоци. Запрашани за специфичните типови податоци, многу испитаници навеле дека би биле дури и подготвени да продадат одреден вид податоци на веродостојни компании, но во одредени граници.
Низ сите земји, мнозинството потрошувачи претпочитаат да добијат надомест за своите податоци да ги стават на располагање на компаниите. Одговорите на прашањето за тоа кој направил договор за „податоци за компензација“ открија разлики меѓу различните земји. Испитаниците очекуваат компаниите одговорно да управуваат со нивните лични информации. Ако компаниите го прават тоа, тогаш честопати има големи шанси за договор.
Одлични можности за компаниите да купуваат податоци
Еден од тројца потрошувачи во Европа и во САД би склучил договор за „податоци за компензација“. Во Русија тоа важи за дури еден на двајца испитаници. Таа бројка се зголемува значително кога станува збор за специфичното сценарио за продавање најмалку една ставка од личните информации за пари. 82 проценти од Европејците, 75 проценти од Американците и 90 проценти од Русите рекоа дека се подготвени да го сторат тоа, но само под услов компанијата што ги обработува податоците да биде веродостојна. Податоците за навиките при купување или информациите за контакт има најголема веројатност да бидат продадени. Во случајот со податоците за здравјето и за вежбање, подготвеноста за продажба почнува малку да опаѓа, додека откривањето на податоци за сметки и за кредитни картички се смета за особено критично. Она што изненадува е дека во сите анкетирани земји, сензитивноста на разновидни категории податоци беше рангирана на многу сличен начин. Меѓутоа, запрашани дали веќе имаат склучено договор за „податоци за компензација“, се јавија поголеми разлики меѓу испитаниците од различни земји.
Каде веќе се склучуваат договори за податоци?
Низ земјите, околу еден до шест потрошувачи веќе имаат потпишано договор за споделување на своите податоци со некоја компанија за компензација. Но дефинитивно има разлики меѓу земјите: Потрошувачите во Шпанија (26 %) и Романија е поверојатно да учествуваат во таков вид договори, додека таквите договори сè уште се отфрлаат во Југоисточните европски земји, како што се Словенија (10 %) или Северна Македонија (7 %).
Интересно е што во некои случаи, подготвеноста на потрошувачите да ги продадат своите податоци (еден од тројца) всушност ја надминува побарувачката за податоци од страна на компаниите бидејќи, до денес, само на околу еден на петмина потрошувачи им била понудена компензација за податоци. Тоа значи дека има добри можности компаниите да тргуваат со потрошувачите за нивните податоци, под услов да ја стекнат нивната доверба.
Интересно е што во некои случаи, подготвеноста на потрошувачите да ги продадат своите податоци (еден од тројца) всушност ја надминува побарувачката за податоци од страна на компаниите бидејќи, до денес, само на околу еден на петмина потрошувачи им била понудена компензација за податоци. Тоа значи дека има добри можности компаниите да тргуваат со потрошувачите за нивните податоци, под услов да ја стекнат нивната доверба.
Дигиталната средина како израмнувач
Податоците се веќе вреден капитал и соодветното управување со нив станува сè поважно. Од анкетата јасно се гледа дека потрошувачите сакаат да им биде надоместено за откривањето на нивните податоци и имаат јасни идеи за тоа кои податоци би ги продале, а кои не би ги продале на одредени компании. Затоа, во скоро сите сектори се зголемува притисокот да се дејствува со цел да се оптимизира тој важен бизнис со податоци. Анкетата овозможува иницијален увид како појдовна точка за компаниите. Најголемиот предизвик е на соодветен начин да се одговори на скептицизмот на потрошувачите, со почитување и со транспарентност и притоа да се стекне нивната дигитална доверба, особено имајќи ја предвид генерацијата на иднината, којашто има вештини со интернетот. Она што изненадува е дека низ земјите одвај има разлики, како во однос на нивото на доверба, така и во однос на искуствата и однесувањето на луѓето. Без оглед на тоа дали живеат во Европа, САД или Русија, секој што е активен на интернет и користи онлајн услуги ќе ги најде скоро истите услови каде и да се наоѓаат. Оттука, зависи од компаниите што обработуваат податоци ширум светот да воведат соодветни мерки и да инвестираат во дигиталната доверба.
Пренос во сервисирање
Бесплатна бела хартија - „Која е вредноста на податоците?“
Преземи бела хартија
СИТЕ анкети на EOS