Пребарување
Traffic-Light, Dynamite, Smoke-Pipe, Phone, Light, Electronics, Iphone, Lipstick, Mobile-Phone, Ipod
  • EOS Матрих ја претстави иновативната апликација „My EOS“ за лесно управување со финансии.
  • Во 2024 година, компанијата успешно затвори над 3000 случаи на задолжувања.
  • Посветеност на дигитализација и безбедност со имплементација на ISO 27701:2019.

EOS Матриx, лидер на секундарниот финaнсиски пазар во Македонија, го заокружи успешното работење во 2024 година, со претставување на иновативната апликација „My EOS“. Оваа нова дигитална алатка овозможува корисниците да управуваат со својата финансиска состојба на лесен, достапен и сигурен начин.

Апликацијата „My EOS“ е развиена за да им обезбеди на корисниците брз пристап до нивните финансиски податоци, како што се проверка на износот на задолжувањата, статусот на документите, следење на плаќањата и реализација на нови трансакции. Потребен е само уред со интернет пристап за корисниците да имаат целосна контрола врз своите финансии, без временски ограничувања.

Katerina Bosevska, Managing Director EOS Macedonia

Годината што измина беше особено посветена на иновации и дигитални решенија кои носат значајни придобивки за нашите клиенти и корисници.

д-р Катерина Бошевска
Генерална директорка на EOS Матрих Северна Македонија и Косово

Со воведувањето на апликацијата „My EOS“, ние продолжуваме со остварувањето на нашата основа цел - да ги промениме животите на луѓето на подобро, овозможувајќи им ефикасно управување со нивните финансии,“ изјави д-р Катерина Бошевска, извршен директор на EOS Матрих за Македонија и Косово.

Компанијата останува посветена на обезбедување на највисоките стандарди за заштита и безбедност на личните податоци, што го покажува и имплементацијата на меѓународниот стандард ISO 27701:2019. Со воведување на новата апликација, EOS Матрих продолжува да ги поставува најсовремените стандарди за дигитализација и безбедна комуникација во македонскиот финансиски сектор.

Во текот на 2024 година, EOS Матрих успешно затвори близу 3000 случаи на задолжувања, со што помогна на многу семејства да влезат во новата година без долгови. Со ова, вкупната досегашна бројка на затворени случаи надмина 30.000, потврдувајќи ја водечката улога на компанијата на пазарот.

„Планираме во 2025 година да продолжиме со вложувања во одржливи решенија и нови технологии. Нашите приоритети вклучуваат одговорна наплата, финансиска одржливост, заедничкиот напредок на корисниците, клиентите и нашите вработени  и секако на заштита на животната средина, кои истовремено се нашите материјални теми од рамката на ЕCГ-стандарди и нашиот избор од целите за одржлив развој на ОН,“ додаде д-р Бошевска.

Фото кредити: EOS

Истражете повеќе од EOS

Насмеана млада жена со кадрава коса, облечена во удобен жолт џемпер, седи на кауч во својата дневна соба и го гледа својот смартфон додека држи хартиен документ.

Студија на EOS: Искуството со долгови ја зголемува отвореноста кон AI

3 минути
EOS Banking AI Barometer: Луѓето со искуство со долгови се поотворени за помош од AI. Ја оценуваат позитивно, но личниот контакт останува важен.
Дознај повеќе
Жена која држи мобилен телефон разговара со вештачка интелигенција.

EOS студија: AI се докажува во банкарството

4 минути
EOS Banking AI Barometer: AI се докажува во банкарството – речиси секое трето лице кај чувствителни финансиски теми дури претпочита да разговара со AI.
Дознај повеќе
Сликата ги прикажува Marwin Ramcke, CEO на EOS Group, и д-р Eva Griewel, CFO на EOS Group, заедно.

Финансиска година 2025/26: EOS ја зајакнува позицијата во Европа

4 минути
Интервју со Марвин Рамке (CEO) и д-р Ева Гривел (CFO): без разлика дали станува збор за необезбедени или обезбедени портфолија, EOS е меѓу водечките експерти во Европа.
Дознај повеќе