Search

Офицер за корпоративна усогласеност

Скопје, Карпош – бул.Илинден бр.109 лок.6

 

ЕОЅ Матрих Македонија е компанија која е дел од ЕОЅ групацијата – водечки финансиски инвеститор со главна дејност управување со побарувања преку активности на преземање на обезбедени и необезбедени побарувања, контрола и наплата на побарувања, како и активности за меѓународна наплата на побарувања. Нудиме одлична работна атмосфера во интернационална компанија, иновативно опкружување и можност за професионален и личен развој.

Опис на работни задачи

  • Следење на усогласеност на работењето со интерните акти, законските прописи и корпоративните политики; 
  • Спроведување редовни и вонредни контроли согласно годишен план, следење на мерки за третман на утврдените ризици на Компанијата и подготовка на извештаи;
  • Одржување на системот за управување со усогласеност (DMS) – ажурирање на документи, верзии и записи во согласност со законска регулатива, корпоративните политики и ISO стандардите (ISO 20000, ISO 27001, ISO 27701);
  • Поддршка при ревизии (internal и external audits);
  • Следење и спроведување на AML (Anti-Money Laundering) контроли, проверка на деловни партнери и водење на AML Compliance Checklists;
  • Имплементација и одржување на усогласеност со регулативите за заштита на лични податоци (GDPR и локална регулатива);
  • Организација и спроведување на интерни обуки од област на усогласеност за вработените во Компанијата;
  • Комуникација и известување до матичниот Compliance тим, учество во состаноци и активности на Compliance Unit и подготовка на извештаи за спроведените активности.

Работни денови: понеделник – петок

Работни часови неделно: 40

Работно време: 08 – 16 часот

Потребни квалификации

  • Завршено високо образование (релевантно работно искуство во област на корпоративна усогласеност)
  • Положен правосуден испит ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Познавања од област на корпоративно работење и усогласеност
  • Познавања од областа на заштита на лични податоци (GDPR)
  • Познавање на ISO 20000, ISO 27001, ISO 27701 стандарди
  • Познавања од област на спречување на перење на пари и финансирање на тероризам (AML) и усогласеност
  • Одлични интерперсонални и комуникациски вештини и тимски дух
  • Одлични организациски и вештини за управување со време
  • Способност за ефикасно приоритизирање на задачи
  • Способност за ефикасно презентирање на информации и одлична бизнис коресподенција

Познавања од апликативната легислатива, стандарди, политики и процедури за релевантните области

Успешни заедно

Ве повикуваме да аплицирате на [email protected] со доставување на Ваша биографија најдоцна до 10.11.2025 година. Сите пристигнати информации се третираат како строго доверливи.

Ние во ЕОЅ Матрих Македонија ги валоризираме сите луѓе подеднакво – независно од нивниот пол, националност, етничка припадност, религија, вид на попреченост или политичка ориентација. Би сакале да ги охрабриме сите кандидати да аплицираат за позицијата.

*Ве информираме дека само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

Контакт податоци                                                                                     

[email protected]

+389 2 3200 400

Бенефиции

 Компетитивна плата и бенефиции

Работа во интернационална компанија

Можности за хоризонтален и вертикален развој

Тим билдинг активности

Обуки и план за професионален развој

Ден после роденден

Back to career page