EOS Матрих Македонија е компанија која е дел од ЕОS групацијата - водечки финансиски инвеститор со главна дејност управување со побарувања преку активности на преземање на обезбедени и необезбедени побарувања, контрола и наплата на побарувања, како и активности за меѓународна наплата на побарувања. Нудиме одлична работна атмосфера во интернационална компанија, иновативно опкружување и можност за професионален и личен развој.
Опис на работни задачи
- Прием, отварање, прегледување и распоредување на примената пошта
- Заведување на документи во Електронска архива
- Класификација на документи според компаниските процедури
- Адресирање и испраќање на потребни документи по пошта
- Активно следење на Архивата – електронска и хартиена
- Евидентирање на документираниот материјал, категоризација и средување на истиот
- Правилно архивирање/уништување на сите предмети според планот на архивските знаци и листите на катергории за чување на архивската граѓа
- Сместување, чување, заштита и обезбедување на архивскиот документарен материјал во соодветно одредениот простор
- Навремено доставување и подигање на документи од сите надлежни институции
- Активно следење на законските и другите прописи што се однесуваат на архивското работење;
Работни часови неделно: 40
Работно време: 08 – 16 часот
Потребни квалификации
- Завршено релевантно образование од областа ќе се смета за предност
- Работно искуство од најмалку 1 година
- Познавања на општата регулатива за GDPR. ISO 27001, ISO 27701 стандарди
- Познавање на англиски јазик
- Познавање на MS Office 365
- Искуство со софтвер за електронско архивирање ќе се смета за предност
- Организираност и способност за приоритизација
- Способност за проактивно и критичко размислување и насоченост кон изнаоѓање на решенија
- Поседува аналитички способности
- Развиени интерперсонални и комуникациски вештини и тимски дух
- Подготвеност за личен развој во контекст на брз развој на потребите на компанијата
- Компетитивна плата и бенефиции
- Работа во интернационална компанија
- Можности за хоризонтален и вертикален развој
- Тим билдинг активности
- Обуки и план за професионален развој
Успешни заедно
Ве повикуваме да аплицирате на jobs@eos-matrix.mk со доставувањe на Ваша биографиjа* најдоцна до 25.05.2025 година. Сите пристигнати информации се третираат како строго доверливи.
Ние во ЕОS Матрих Македонија ги валоризираме сите луѓе подеднакво – нeзависно од нивниот пол, националност, етничка припадност, религија, вид на попреченост или политичка ориентација. Би сакале да ги охрабриме сите кандидати да аплицираат за позицијата.
Контакт податоци
jobs@eos-matrix.mk
+389 2 3200 400