EOS Матрих Македонија е компанија која е дел од ЕОS групацијата - водечки финансиски инвеститор со главна дејност управување со побарувања преку активности на преземање на обезбедени и необезбедени побарувања, контрола и наплата на побарувања, како и активности за меѓународна наплата на побарувања. Нудиме одлична работна атмосфера во интернационална компанија, иновативно опкружување и можност за професионален и личен развој.
Опис на работни задачи
- Подготовка и управување со договори, корпоративни и групациски акти и акти од меѓународни стандарди преку систем за управување со документи (DMS)
- Поддршка во донесување одлуки кои имаат правни импликации
- Кореспонденција и координација со матичната компанија за прашања од областа на корпоративното управување
- Подготовка и спроведување на документација за статусни промени со Централен регистар/регистрационен агент
- Одржување на ажурна тендерска документација
- Регистрација, обновување и следење на права од интелектуална сопственост (авторски права, индустриска сопственост, интернет домени).
- Водење и ажурирање на документација за крајни сопственици (UBO)
- Спроведување на клиентски правни проверки (KYC и BPS анализи)
- Следење и примена на законска регулатива од област на работење, особено усогласеност со Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за работни односи
- Спроведување на контроли и одржување на усогласеност на работењето со воспоставениот систем на интерни акти
- Завршено Високо образование - Правен факултет
- Работно искуство во област на корпоративно работење од најмалку 2 години
- Одлични познавања од област на корпоративно работење
- Одлично познавање на Англиски јазик
- Одлично познавање на Закон за заштита на лични податоци и општата регулатива за GDPR, познавања на стандарди за управување со информациска и безбедност на приватност на податоци
- Познавање и активно користење на пакет MS Office 365
- Познавања од областа на спречување на перење на пари и финансирање тероризам
- Способност за проактивно и критичко размислување и насоченост кон изнаоѓање на решенија
- Одлични интерперсонални и комуникациски вештини и тимски дух
- Способност за ефикасно приоретизирање на задачи
- Подготвеност за личен развој во брзорастечка средина
- Способност за ефикасно презентирање на информации и одлична бизнис коресподенција
Работни часови неделно: 40
Работно време: од 08 – 16 часот
Бенифиции
- Компетитивна плата и бенефиции
- Работа во интернационална компанија
- Можности за хоризонтален и вертикален развој
- Тим билдинг активности
- Обуки и план за професионален развој
Ве повикуваме да аплицирате на jobs@eos-matrix.mk со доставување на Ваша биографија најдоцна до 20.06.2025 година. Сите пристигнати информации се третираат како строго доверливи.
Ние во ЕОЅ Матрих Македонија ги валоризираме сите луѓе подеднакво – независно од нивниот пол, националност, етничка припадност, религија, вид на попреченост или политичка ориентација. Би сакале да ги охрабриме сите кандидати да аплицираат за позицијата.
Контакт податоци
Контакт податоци
+389 2 3200 | jobs@eos-matrix.mk