Search
Менаџер за реструктурирање и управување со обезбедени побарувања

Скопје, Карпош – бул.Илинден бр.109 лок.6

ЕОЅ Матрих Македонија е компанија која е дел од ЕОЅ групацијата – водечки финансиски инвеститор со главна дејност управување со побарувања преку активности на преземање на обезбедени и необезбедени побарувања, контрола и наплата на побарувања, како и активности за меѓународна наплата на побарувања. Нудиме одлична работна атмосфера во интернационална компанија, иновативно опкружување и можност за професионален и личен развој.

Опис на работни задачи

  • Спроведување на генералните политики на Компанијата во насока на развој на работа и наплата на обезбедените побарувања
  • Координирање на процесите за правна анализа и управување со откупени обезбедени побарувања (организирање и координација на оперативни дејствија)/Теренска посета на имоти од обезбедени портфолија
  • Анализа и креирање на стратегии за управување со откупени обезбедени побарувања (cash flow, NPV, вреднување на колатерал, проценка на ризик)
  • Буџетирање на приливи и одливи на откупени обезбедени портфолија, следење, анализа и известување на сеопфатни извештаи за резултатите и KPI’s, идентификување на сигнали за рано предупредување
  • Управување со преземени средства – предлози за преземање, одржување на имот, рекламирање, продажба, осигурување и обезбедување на имотите и известување

 

Работни денови: понеделник – петок

Работни часови неделно: 40

Работно време: 08 – 16 часот

Потребни квалификации

  • Завршено високо образование – Правен факултет / Економски факултет (Релевантно работно искуство во финансиска институција/извршување)
  • Работно искуство во област на управување со обезбедени побарувања од најмалку 3 години
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлични познавања од област на законската рамка за наплата на побарувања и договорен залог
  • Одлично познавање на Закон за заштита на лични податоци и општата регулатива GDPR, ISO 27001, ISO 27701 стандарди
  • Способност за проактивно и критичко размислување и насоченост кон изнаоѓање на решенија
  • Одлични интерперсонални и комуникациски вештини и тимски дух
  • Способност за ефикасно приоретизирање на задачи
  • Способност за водење на проектен менаџмент
  • Поседување на управувачки вештини и вештини за развивање и мотивирање на вработените
  • Способност за ефикасно презентирање на информации и одлична бизнис коресподенција
Успешни заедно

Ве повикуваме да аплицирате на jobs@eos-matrix.mk со доставување на Ваша биографија најдоцна до 20.06.2025 година. Сите пристигнати информации се третираат како строго доверливи.

Ние во ЕОЅ Матрих Македонија ги валоризираме сите луѓе подеднакво – независно од нивниот пол, националност, етничка припадност, религија, вид на попреченост или политичка ориентација. Би сакале да ги охрабриме сите кандидати да аплицираат за позицијата.

Бенефиции

  •  Компетитивна плата и бенефиции
  • Работа во интернационална компанија
  • Можности за хоризонтален и вертикален развој
  • Тим билдинг активности
  •       Обуки и план за професионален развој
Контакт податоци                                                                                     

jobs@eos-matrix.mk

+389 2 3200 400

Back to career page