Европските граѓани се расположени да ги продаваат своите податоци.

Еден од тројца потрошувачи во Европа е подготвен да ги продаде своите податоци. Тоа беше еден од заклучоците од репрезентативната анкета на EOS „Колкава е вредноста на податоците?“. Потрошувачите очекуваат компаниите одговорно да управуваат со нивните информации и да им понудат привлечна компензација за истите. Тоа значи дека има голем потенцијал компаниите деловно да работат со податоци.

Време е.Време е.
  • Веродостојност: Мнозинството испитаници навеле дека се подготвени да ги продадат своите податоци на веродостојни компании.
  • Баланс: Повеќе од една третина од потрошувачите се благонаклонети кон тоа да добијат компензација за нивните податоци.
  • Потенцијал: Подготвеноста за откривање на податоците всушност ја надминува побарувачката во некои случаи.
На многу места во Кина, „транспарентниот потрошувач“ и надоместувањето за дадените податоци се веќе реалност. Плаќање во ресторан, закажување термин на фризер, повикување такси или вадење осигурителна полиса или земање банкарски кредит: Сето тоа, па дури и повеќе, може да се направи преку апликации како што се Alipay и WeChat, а за луѓето во Кина, тоа е само дел од нивната секојдневна рутина. Апликациите ги собираат и ги обработуваат податоците на клиентите. Знаат каква облека тие претпочитаат да купуваат, каде обично излегуваат да јадат, кои брендови им се допаѓаат и какво хоби имаат. Клиентите, пак, добиваат попусти и мали подароци за тоа што ги откриваат своите податоци - и им се приоѓа со персонализирани понуди. Станува збор за трансакција заснована врз реципроцитет, којашто покажува дека во дигиталната средина, податоците како што се датумот на раѓање, адреса, податоци за здравјето или навиките при купување станаа клучен економски капитал и силна валута. Оттука, сосема е соодветно тоа што има голема јавна дискусија за тоа како се управува со податоците и потенцијалот истите да бидат употребени од страна на компаниите.

Потрошувачите се поподготвени да ги откријат податоци на компании на коишто им веруваат.

Иако може со сигурност да се каже дека Кина е екстремен пример за подготвеноста на потрошувачите да ги откријат нивните податоци, во Европа (61 процент), САД (62 проценти) и Русија (70 проценти) луѓето, исто така, веруваат дека компаниите треба да им понудат на потрошувачите компензација за употребата на нивните информации. Податоците како валута, со други зборови. Тоа беше еден од наодите од неодамнешната репрезентативна анкета во 17 земји на темата „Колкава е вредноста на податоците?“, којашто беше спроведена од страна на давателот на финансиски услуги и инвеститор EOS и институтот за истражување на пазарот Kantar.
Анкета за податоци на EOS: Колкава е вредноста на податоците?
Подготвеноста на потрошувачите да ги споделат личните информации со компаниите зависи од тоа колку им веруваат на истите да управуваат со податоците и, пред сѐ, да се придржуваат кон законските прописи. Анкетата на EOS открива дека јасно мнозинство потрошувачи се подготвени да продадат најмалку една ставка од личните информации на веродостојна компанија. Тоа е случај со 82 проценти од испитаниците во Европа, 75 проценти во САД и 90 проценти во Русија. Како компензација, повеќе од половина од испитаниците се изјасниле дека претпочитаат материјални награди и попусти, додека еден од петмина смета дека понудата на услуги е привлечна. Во тој контекст, луѓето прават јасна дистинкција меѓу различните видови информации. Банкарските податоци се сметаат за особено чувствителни, при што само 8 проценти од испитаниците во Европа се подготвени да ги споделат таквите детали за плаќање. Потрошувачите се помалку загрижени во однос на споделувањето на нивните одлуки за купување или информации за брендовите и производите што ги претпочитаат. Во Европа, 68 проценти од испитаниците навеле дека се подготвени да откријат таков вид информации за плаќање.
Анкета за податоци на EOS: Колкава е вредноста на податоците?

Податоците помагаат поскоро да се решат случаите со наплатата.

За компаниите е исплатливо да ги охрабрат своите клиенти да ги откријат нивните информации. Очигледна е важноста на тие податоци за развојот на нови производи или за поиндивидуализирана анализа на потребите на клиентот или за подобро таргетиран маркетинг Но, дури и податоците после купувањето може да бидат корисни, на пример, ако клиентите заостанат со плаќањето. Тука стапува на сцена управувањето со побарувања, а и во овој случај, колку посеопфатни податоци се достапни, толку полесно е да се изработи план за плаќање на рати што најмногу ќе одговара на личните околности на клиентот и поверојатно е тој/таа да се придржува кон тој план. Затоа Центарот за аналитика на EOS се служи со алгоритми за машинско учење за да ги процени процесите за наплата на долгови и да ги дефинира чекорите за индивидуална обработка. Во меѓувреме, во многу од земјите каде работи EOS, плановите за плаќање на рати се изработуваат врз основа на анализа на интелигентни податоци. „Во интерес на сите страни е да се затворат случаите со наплата што е можно побрзо за да се заштедат трошоците на двете страни. А за таа цел може да помогнат податоците“, вели Јоаким Голер (Joachim Göller), раководител на Центарот за аналитика на EOS. „Бидејќи колку се подобри шансите да се исполни договорот за плаќање, толку е поверојатно кредиторот да си ги добие своите пари и потрошувачот да нема долг. Затоа, навистина може да биде во интерес на лицата што не ги исполниле обврските да ги откријат податоците.“
Навистина може да биде во интерес на лицата што не ги исполниле обврските да ги откријат податоците поради тоа што колку се подобри шансите да се исполни договорот за плаќање, толку е поверојатно кредиторот да си ги добие своите пари и потрошувачот да нема долг.
Јоаким Голер (Joachim Göller), Раководител на Центарот за аналитика, EOS.

Компаниите треба да понудат привлечни форми на компензација.

Како што покажува анкетата на EOS, на еден од петмина потрошувачи веќе му било понудена компензација за да открие одредени податоци. Во некои случаи, подготвеноста да се откријат податоците ги надминува понудите за компензација од компаниите. „Мислам дека тука сепак има значителни можности и неискористен потенцијал“, вели експертот на EOS, Јоаким Голер.

За репрезентативната анкета на EOS

„Која е вредноста на податоците?“ 2020 година

Анкетата на EOS „Колкава е вредноста на податоците?“, којашто беше спроведена во партнерство со институтот за истражување на пазарот Kantar пролетта во 2020 година, е репрезентативна за (онлајн) популација на возраст над 18 години во анкетираните 17 земји. За анализата беше употребен примерок по случаен избор од 1000 испитаници од секоја од земјите: Белгија, Бугарија, Хрватска, Република Чешка, Франција, Германија, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Швајцарија, Обединето Кралство и САД и 300 испитаници од Северна Македонија. Учесниците во анкетата одговорија на прашањата за тоа како лично управуваат и ги откриваат податоците, нивната доверба во компаниите и за нивната подготвеност да ги продадат податоците за компензација.

Бесплатна бела книга „Која е вредноста на податоците?“

Ве молиме контактирајте не ако сакате повеќе информации.

Daniel Schenk Senior PR Consultant bei EOS Holding GmbH

EOS in Germany

Daniel Schenk
Team Lead Corporate Communications German Market

Steindamm 91
20099 Hamburg
Germany

presse@eos-solutions.com

Photo credits: Getty Images, EOS / Sebastian Vollmert