Сакате да се ослободите од вашите долгови? Овие луѓе можат да ви покажат како

Не е крајот на светот кога ќе добиете пошта од претпријатие за наплата како што е EOS. Тоа всушност би можело да биде и добра работа: Нивните агенти од центрите за повици редовно им помагаат на луѓето кои се чувствуваат затрупани од долгови - и имаат многу приказни за да го докажат тоа.

Олеснувањето во гласот на жената беше очигледно, дури и пред да почне да му се заблагодарува; се сеќава Роберт Вајнхолд, експерт за наплата на побарувањата во еден од четирите центри за повици на EOS во Германија. Јавувачот беше млада жена и беше јасно дека не би можела да ги отплати сите долгови што ѝ се насобрале од онлајн шопингот и кредитните картички. „Да ја дадеме на суд? Со тоа никој не би бил среќен, па затоа разработивме план за исплата со којшто може да се справи“.

Наплатата на долговите во EOS Group е далеку од популарните предрасуди за индустријата - станува збор за луѓе ориентирани кон решение, како што се г-дин Вајнхолд и неговиот колега, Томас Маркерт, кои контактираат со должници по телефон. Нивната цел е доверителите да го добијат она што им се должи - на начин на кој должниците може да го платат. „Се работи за справување со долговите на конструктивен начин“, вели г-дин Маркерт. „Да му се прикаже на клиентот дека постои надеж, дека има цел што може да ја достигнат“.

Справувањето со долг значи справување со емоции

И има многу приказни кои укажуваат на тоа дека должниците го препознаваат ова. Искуството на еден колега е секојдневно, велат господата Маркерт и Вајнхолд. Тој преземал повик од човек кој сакал да знае уште колку должи од неговиот долг.

„Нашиот колега рече дека долгот е исплатен во целост и укажа дека јавувачот веќе се јавил предходно тој ден“, се сеќава г-дин Маркерт, а јавувачот на тоа рече: „Знам, ама морав повторно да ја чујам добрата вест“.

„Да се ​​биде во долгови е исклучително емоционално прашање“, вели г-дин Вајнхолд. Чувствата на беспомошност или срам можат лесно да ги одвратат клиентите од справувањето со проблемот. Но, мојот совет за секој кој добива писмо од службата за наплата на побарувањата е едноставен - земете го телефонот и јавете ни се. Вашиот проблем ќе стане поскап доколку го игнорирате“, вели тој. „Ние сме тука за да помогнеме - и ако некој ми се заблагодари што му помогнав едноставно ми се заблагодарува што си ја вршев работата“.

Не станува збор за оспорување на побарувањата - станува збор за изработка на реални решенија.

Бизнисите за наплата на побарувањата не се советодавни агенции на должниците. Тие им служат на компаниите кои ги овластиле да ги наплатат парите кои им се должат на овие компании што е можно побрзо. Но, специјалистите на ЕОЅ знаат дека тоа можат да го направат само ако должниците можат да ја вратат отплатата - што редовно бара нивна флексибилност при дизајнирањето планови за отплата и замрзнување на плаќањата на каматните стапки. Г-дин Вајнхолд се сеќава на еден човек од некои триесетина години, кој поминал години игнорирајќи ги значителните долгови што ги натрупал преку зголемено трошење во годините пред тоа. „Одеднаш се најде себеси со семејство, со дете и почувствува одговорност да се ослободи од долговите заради неговото семејство“, вели г-дин Вајнхолд. „Ние разработивме реален распоред за отплата што му овозможи да ги исплати сумите што ги должеше во значителен дел“.

Кога ги исплати сите негови долгови, се сеќава г-дин Вајнхолд, човекот искрено му се заблагодари. „Тој беше навистина благодарен за фактот што бевме трпеливи, и што му дозволивме да ги исплати долговите еден по еден“, вели тој, сеќавајќи се како EOS го поддржа возрасниот човек кој се бореше со новооткриените одговорности. „Откако се согласивме со распоредот, не вршевме никаков притисок врз него - тој навистина го ценел тоа“.

Eine junge Frau mit Headset arbeitet am Computer
На другиот крај на линијата се јавува човек исто така: Целта на повикувачките центри на EOS е да се најде решение за секој кој има долг.

Start with the smallest overdue bill – and move on from there.

Една работа што г-дин Маркерт вели дека сака да ја прави со јавувачите кои се јавуваат по прв пат е да ги седне со пенкало и хартија. „Јас им помагам да добијат преглед на нивниот финансиски проблем“, вели тој, опишувајќи како потоа ги префрла на најмалата заостаната сметка и сугерира повикувачот да започне со плаќање на таа сметка, одеднаш или на рати. „Станува збор за вдахнување доверба кај јавувачите и нивно мотивирање да се движат напред, покажувајќи им дека има светлина на крајот на тунелот“, вели тој. 

„Често чувствувам како луѓето се смеат на другиот крај на телефонската линија“, продолжува г-дин Маркерт. Тој вели дека постојано се случува некој револтиран повикувач, кој се јавува за прв пат со, да речеме, дваесет заостанати сметки, да го заврши повикот со доверба и благодарност. „Водејќи ги низ нивните проблеми, им покажувам дека долгот е како игра на табла - можете да играте без стратегија, но може да победите само ако ја имате“.

Мотивациската моќ на целите за плаќање

Тој се сеќава на една жена, која стана речиси фанатична да го исплати она што го должеше. „Таа побара да ги зголеми ратите бидејќи планираше да најде и трет работен ангажман за конечно да излезе од долгови“, се присетува г-дин Маркерт. Таа пролет таа направи сè за да успее во отплатата на еден од долговите до јуни, а до август го отплати и другиот долг „Виде дека е близу до постигнувањето на нејзината цел и беше многу благодарна за тоа“.

Господата Маркерт и Вајнхолд сметаат дека околу 80 проценти од луѓето со кои тие работеле им се заблагодариле за нивната помош. Главната цел е да се најде решение за должниците да го исплатат она што го должат во целост.

Дури и ако сметките, кредитите и хипотеките се натрупуваат, еден експерт за наплата може да најде решение

Г-дин Вајнхолд се сеќава на повик од една жена која имала наследени долгови од нејзиниот неодамна починат маж, кои тој тајно ги натрупал. Таа беше скршена од откритието, а исто така не беше во состојба да ги исплати задолжените суми. Разработувајќи план што ја зеде во предвид нејзината ситуација, тој и помогна на жената да се справи со наследството на нејзиниот сопруг. „Само запомнете дека не постои такво нешто како невозможна ситуација“, вели г-дин Вајнхолд. 

wrinkle, referee, president