Потрошувачите немаат дигитална доверба во компаниите.

Само малцинството потрошувачи ширум светото веруваат дека компаниите управуваат со нивните лични податоци на веродостоен начин. Тоа беше еден од заклучоците од репрезентативната анкета на EOS „Колкава е вредноста на податоците?“. Кои информации се смета дека се многу чувствителни и во кои земји луѓето се особено скептични?

Време е.Време е.
  • Само 33 проценти од Европејците имаат доверба компаниите да управуваат со дигиталните податоци. Во САД, тоа се однесува само на еден од четворица потрошувачи.
  • На најниското ниво на доверба се рангирани телекомуникациските компании, малопродажниците онлајн, социјалните мрежи и услугите за пораки.
  • Една од четворица до еден од петмина потрошувачи веќе имале лошо искуство онлајн со употребата на лични податоци.
Тековните избори во САД предизвикуваат големи превирања. И претседателските избори пред четири години, исто така, создадоа голем немир. Во врска со тоа, да се потсетиме на една фирма којашто беше одговорна за скандалот со сензационални податоци. Фирмата за аналитика на податоци Cambridge Analytica нелегално анализираше приватни информации на десетици милиони корисници на Facebook и како резултат на тоа, влијаеше врз политички кампањи, како што беше онаа за Брегзит или за претседателските избори во САД во 2016 година. Како што објави швајцарскиот весник „Magazin“, меѓу другите, биле изработени психолошки профили на личност на тие корисници на Facebook, коишто потоа биле користени за праќање насочени апели до гласачите. Иако можеби никогаш нема да се разјасни до која мера злоупотребата на податоците беше круцијална за исходот од изборите, скандалот застрашувачки разјасни дека многу луѓе, на пример, не знаат за што точно социјалните мрежи ги користат нивните податоци.
Штефан Боверман, Виш службеник за приватност на групацијата EOS Group, собира податоци само за специфични цели.
Наместо да „собираме податоци само поради податоците“, се стремиме кон пристап за минимизација на податоците и истите ги собираме само за специфични цели.
Штефан Боверман, Виш службеник за приватност на групацијата EOS Group

Огромен скептицизам ширум светот за тоа како се управува со дигиталните податоци.

Аферата со Cambridge Analytica повторно демонстрира дека одговорното управување со дигиталните информации е поважно од кога и да е претходно. Податоците им помагаат на компаниите да ги разберат барањата на клиентите и побрзо одговараат на пазарните трендови, но клиентите треба да бидат во можност да веруваат дека компаниите со кои тие ќе ги споделат личните информации, ќе управуваат со истите коректно. И токму тука некои работи се во многу лоша состојба, бидејќи само еден од тројца Европејци им верува на компаниите да управуваат со дигиталните податоци. Меѓу Американците, нивото на недоверба е уште поголемо, само 23 проценти, додека не помалку од 41 процент од Русите им веруваат на компаниите да управуваат со приватните информации. Причината за таквиот скептицизам е што еден од петмина потрошувачи веќе имале лошо искуство со употребата на нивните податоци онлајн. Такви се наодите од репрезентативната анкета „Колкава е вредноста на податоците?“ спроведена во 17 земји од страна на давателот на финансиски услуги и инвеститор EOS во партнерство со институтот за истражување на пазарот Kantar.
Анкета за податоци на EOS: Колкава е вредноста на податоците?
Анкетата, исто така, документира разлики меѓу секторите. Според истата, банките уживаат највисоко ниво на доверба: 54 проценти во Европа и Русија и 56 проценти во САД. Другите сектори мора да се справуваат со многу повисоки нивоа на недоверба. Просечно низ Европа, само 28 проценти им веруваат на телекомуникациските компании, 21 процент на малопродажниците онлајн и само 14 проценти на социјалните мрежи и услугите за пораки. Тоа што, сепак, многу луѓе откриваат многу за себеси на Facebook итн., од информации за контакт до профили за купување и движење, се должи на фактот што потрошувачите навистина прават разлика меѓу важноста на различните типови податоци. Финансиските податоци се смета дека се особено чувствителни, додека податоците за вежбање и потрошувачките податоци, на пример, се смета дека помалку вреди да се заштитуваат. 
Анкета за податоци на EOS: Колкава е вредноста на податоците?

Минимизацијата на податоците создава дигитална доверба.

Како што покажува анкетата, банките имаат придобивка од одредена предност во однос на довербата кога станува збор за употребата на податоците. Во тој контекст, тие се соочуваат со предизвикот да ги подобрат нивните процеси по пат на ефикасна употреба на податоците додека истовремено бараат само податоци што се неопходни. Давателот на услуги за наплата на долгови EOS, исто така, прави напори да го минимизира собирањето податоци. „Наместо да „собираме податоци само поради податоците“, се стремиме кон пристап за минимизација на податоците и истите ги собираме само за специфични цели,“ објаснува Штефан Боверман, Виш службеник за приватност на групацијата EOS Group. Со тим од околу 60 луѓе ширум светот, тој се грижи за приватноста на податоците и безбедноста на информациите во сите 26 земји каде работи EOS.

Еден пример за пристапот за минимизација на податоците, којшто инспирира доверба се услужните портали на EOS во разни земји што има овозможува на лицата што не ги исполниле обврските да ги подмират нивните заостанати долгови. Тие портали бараа само неопходни информации за извршување на плаќањето. „Нашите онлајн портали овозможуваат едноставен и самоопределен пристап до неплатените долгови“, вели Естер фон Оирсоу, Раководител за портали и интеграција во EOS Technology Solutions. „Откако ќе се внесе индивидуалниот број на случај, плаќањето може да се изврши со само неколку кликови. А за повеќето понудени начини на плаќање, воопшто не мора да бидат дадени лични податоци. Бидејќи од искуство знаеме дека колку поголема самоопределба и флексибилност ќе создадеме, толку е поголема стапката на плаќање и поголема е довербата во нас“.
Естер фон Оирсоу, Раководител за портали и интеграција во EOS Technology Solutions, приоретизира дигитална доверба.
Нашите онлајн портали им овозможуваат на лицата што не ги исполниле обврските едноставен и самоопределен пристап до нивните неплатени долгови. Откако ќе се внесе индивидуалниот број на случај, плаќањето може да се изврши со само неколку кликови.
Естер фон Оирсоу, Раководител за портали и интеграција во EOS Technology Solutions

Сите земји треба да создадат поголема транспарентност.

За многу компании, сѐ уште е предизвик соодветно да одговорат на недовербата на клиентите, бидејќи постои значителен скептицизам во однос на управувањето со личните податоци во сите анкетирани земји. И многу испитаници стравуваат дека немале ни избор при тоа дали да ги откријат своите информации. Околу две третини од Европејците (66 проценти), 58 проценти од Американците и дури четворица од петмина руски потрошувачи се пожалиле дека не можат да користат многу од услугите онлајн без да ги откријат своите податоци. Меѓу испитаниците во Европа, САД и Русија, просечно 63 проценти велат дека ги немаат неопходните информации за да го спречат или барем да го ограничат откривањето на нивните податоци. Што значи дека има уште многу работа да се заврши, а во врска со тоа, компаниите треба да создадат поголема транспарентност, со цел компанијата и нејзините клиенти да соработуваат на еднаква основа. 

За репрезентативната анкета на EOS

„Која е вредноста на податоците?“ 2020 година

Анкетата на EOS „Колкава е вредноста на податоците?“, којашто беше спроведена во партнерство со институтот за истражување на пазарот Kantar пролетта во 2020 година, е репрезентативна за (онлајн) популација на возраст над 18 години во анкетираните 17 земји. За анализата беше употребен примерок по случаен избор од 1000 испитаници од секоја од земјите: Белгија, Бугарија, Хрватска, Република Чешка, Франција, Германија, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Швајцарија, Обединето Кралство и САД и 300 испитаници од Северна Македонија. Учесниците во анкетата одговорија на прашањата за тоа како лично управуваат и ги откриваат податоците, нивната доверба во компаниите и за нивната подготвеност да ги продадат податоците за компензација.

Бесплатна бела книга „Која е вредноста на податоците?“

Ве молиме контактирајте не ако сакате повеќе информации.

Мобилен телефон.Мобилен телефон.

Јана Нешковиќ
Офицер за корпоративни комуникации, маркетинг и односи со јавност

Mобилен: +389 71 232 501

j.neskovic@eos-matrix.mk

Photo credits: Getty Images, Benne Ochs