Пребарување

Офицер за заштита на лични податоци

Скопје, Карпош – бул.Илинден бр.109 лок.6

ЕОЅ Матрих Македонија е компанија која е дел од ЕОЅ групацијата – водечки финансиски инвеститор со главна дејност управување со побарувања преку активности на преземање на обезбедени и необезбедени побарувања, контрола и наплата на побарувања, како и активности за меѓународна наплата на побарувања. Нудиме одлична работна атмосфера во интернационална компанија, иновативно опкружување и можност за професионален и личен развој.

 

Опис на работни задачи

  • Следење и одржување на усогласеност на работењето со Закон за заштита на лични податоци, и ISO 27701
  • Соработка со надзорен орган
  • Соработка со одговорни тела за заштита на лични податоци на ниво на групација
  • Спроведување на контроли
  • Водење на регистар на обработка на лични податоци
  • Мапирање на бизнис процеси кои вклучуваат обработка на лични податоци
  • Координирање на процесите на анализа на ризици, процена на легитимен интерес и влијание на обработката на лични податоци врз приватност на субјектите
  • Организирање на обуки и тестирања од пошироката област на заштита на лични податоци за вработените
  • Планирање на реализација на забелешки од спроведени контроли и ревизии
  • Редовно креирање и ажурирање на политики, процедури и останата документација со која се демонстрира корпоративната усогласеност

Работни денови: понеделник – петок

Работни часови неделно: 40

Работно време: 08 – 16 часот

Потребни квалификации

  • Завршено високо образование (образование во техничка/ИТ област ќе се смета за предност)
  • Работно искуство во област на обработка на лични податоци од најмалку 2 години
  • Поседување на меѓународен сертификат за Офицер за заштита на лични податоци ќе се смета за предност,
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на ISO 27001, ISO 27701 стандарди
  • Одлично познавање на Закон за заштита на лични податоци и општата регулатива GDPR
  • Одлични познавања од област на корпоративно работење, спречување на перење на пари и финансирање на тероризам (AML) и усогласеност
  • Одлични интерперсонални и комуникациски вештини и тимски дух
  • Одлични организациски и вештини за управување со време
  • Способност за ефикасно приоритизирање на задачи
  • Способност за ефикасно презентирање на информации и одлична бизнис коресподенција
  • Способност за интерпретација на инструкции моделирани во пишана, орална форма и/или форма на дијаграм и распоред

    Успешни заедно

    Ве повикуваме да аплицирате на [email protected] со доставување на Ваша биографија најдоцна до 05.10.2025 година. Сите пристигнати информации се третираат како строго доверливи.

    Ние во ЕОЅ Матрих Македонија ги валоризираме сите луѓе подеднакво – независно од нивниот пол, националност, етничка припадност, религија, вид на попреченост или политичка ориентација. Би сакале да ги охрабриме сите кандидати да аплицираат за позицијата.

    *Ве информираме дека само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

  • Бенефиции

  •  Компетитивна плата и бенефиции

    Работа во интернационална компанија

    Можности за хоризонтален и вертикален развој

    Тим билдинг активности

    Обуки и план за професионален развој

    Ден после роденден

     

     

    Контакт податоци                                                                                     

    [email protected]

    +389 2 3200 400
Назад на страницата за кариера