Агент во контакт центар за управување со побарувања
Скопје, Карпош – бул.Илинден бр.109 лок.6
EOS Матрих Македонија е компанија која е дел од ЕОS групацијата - водечки финансиски инвеститор со главна дејност управување со побарувања преку активности на преземање на обезбедени и необезбедени побарувања, контрола и наплата на побарувања, како и активности за меѓународна наплата на побарувања. Нудиме одлична работна атмосфера во интернационална компанија, иновативно опкружување и можност за професионален и личен развој.
Опис на работни задачи
- Телефонско посредување при процес на наплата на побарувања и управување на наплати од откупени портфолија;
- Изградба на позитивни односи со корисниците и преговарање за методи на плаќање;
- Следење и мониторирање на динамиката на плаќање;
- Применување на ефективни стратегии за наплата;
- Насоченост кон остварување на зададени цели и таргети;
- Идентификување на клучни факти околу трендот на наплата и пронаоѓање на соодветни решенија за нивно справување;
- Периодична теренска посета
Работни денови: понеделник – петок
Работни часови неделно: 40
Работно време: 08 – 16 часот
Потребни квалификации:
- Завршено средно образование, високо образование ќе се смета за предност;
- Претходно релевантно работно искуство ќе се смета за предност;
- Способност за јасна и ефективна комуникација на Македонски јазик, со познавање на дополнителни јазици како предност;
- Солидно познавање на компјутерски системи и апликации;
• Подготвеност за личен развој во контекст на брз развој на потребите на компанијата; - Способност да одржува кооперативна работна средина;
- Проактивен и позитивен пристап кон соработка со корисниците;
- Поседува силни меѓучовечки и комуникациски способности и вештини.
- Самоиницијативност, проактивност и креативност
Успешни заедно
Ве повикуваме да аплицирате на [email protected] со доставувањe на Ваша биографиjа*
најдоцна до 28.06.2026 година. Сите пристигнати информации се третираат како строго доверливи.
*Ве информираме дека само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.
Ние во ЕОS Матрих Македонија ги валоризираме сите луѓе подеднакво – независно од нивниот
пол, националност, етничка припадност, религија, вид на попреченост или политичка
ориентација. Би сакале да ги охрабриме сите кандидати да аплицираат за позицијата.
Бенефиции
- Компетитивна плата и бенефиции
- Работа во интернационална компанија
- Можности за хоризонтален и вертикален развој
- Тим билдинг активности
- Бонусна шема врз основа на остварени таргети
- Модерна и поддржувачка работна средина
Контакт податоци:
+389 2 3200 400