Пребарување
Скопје, Карпош - бул. Илинден бр.109 локал 6

EOS Матрих Македонија е компанија која е дел од ЕОS групацијата - водечки финансиски инвеститор со главна дејност управување со побарувања преку активности на преземање на обезбедени и необезбедени побарувања, контрола и наплата на побарувања, како и активности за меѓународна наплата на побарувања. Нудиме одлична работна атмосфера во интернационална компанија, иновативно опкружување и можност за професионален и личен развој.  

Опис на работни задачи

  • Прием, отварање, прегледување и распоредување на примената пошта
  • Заведување на документи во Електронска архива
  • Класификација на документи според компаниските процедури
  • Адресирање и испраќање на потребни документи по пошта
  • Активно следење на Архивата – електронска и хартиена
  • Евидентирање на документираниот материјал, категоризација и средување на истиот
  • Правилно архивирање/уништување на сите предмети според планот на архивските знаци и листите на катергории за чување на архивската граѓа
  • Сместување, чување, заштита и обезбедување на архивскиот документарен материјал во соодветно одредениот простор
  • Навремено доставување и подигање на документи од сите надлежни институции
  • Активно следење на законските и другите прописи што се однесуваат на архивското работење;
Работни денови: понеделник - петок

Работни часови неделно: 40

Работно време: 08 – 16 часот

Потребни квалификации

  • Завршено релевантно образование од областа ќе се смета за предност
  • Работно искуство од најмалку 1 година
  • Познавања на општата регулатива за GDPR.  ISO 27001, ISO 27701 стандарди
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на MS Office 365
  • Искуство со софтвер за електронско архивирање ќе се смета за предност
  • Организираност и способност за приоритизација
  • Способност за проактивно и критичко размислување и насоченост кон изнаоѓање на решенија
  • Поседува аналитички способности
  • Развиени интерперсонални и комуникациски вештини и тимски дух
  • Подготвеност за личен развој во контекст на брз развој на потребите на компанијата
Бенефиции

  • Компетитивна плата и бенефиции
  • Работа во интернационална компанија
  • Можности за хоризонтален и вертикален развој
  • Тим билдинг активности
  • Обуки и план за професионален развој

 

Успешни заедно

Ве повикуваме да аплицирате на jobs@eos-matrix.mk со доставувањe на Ваша биографиjа* најдоцна до 25.05.2025 година. Сите пристигнати информации се третираат како строго доверливи.

Ние во ЕОS Матрих Македонија ги валоризираме сите луѓе подеднакво – нeзависно од нивниот пол, националност, етничка припадност, религија, вид на попреченост или политичка ориентација. Би сакале да ги охрабриме сите кандидати да аплицираат за позицијата.

 

Контакт податоци                                                                                     

jobs@eos-matrix.mk

+389 2 3200 400

Назад на страницата за кариера