Експерт за маркетинг, PR и комуникации
Скопје, Карпош – бул.Илинден бр.109 лок.6
ЕОЅ Матрих Македонија е компанија која е дел од ЕОЅ групацијата – водечки финансиски инвеститор со главна дејност управување со побарувања преку активности на преземање на обезбедени и необезбедени побарувања, контрола и наплата на побарувања, како и активности за меѓународна наплата на побарувања. Нудиме одлична работна атмосфера во интернационална компанија, иновативно опкружување и можност за професионален и личен развој.
Опис на работни задачи
- Придонес кон зајакнување на стандардите и свесноста на брендот, усогласеност со групациските политики и упатствата за претставување на брендот.
- Подготовка на годишни и квартални планови за маркетинг, комуникации и PR активности.
- Управување со односи со медиуми, подготовка на соопштенија, интервјуа, говори, презентации и други комуникациски материјали.
- Обезбедување на комуникациска поддршка за јавни настапи, конференции, корпоративни настани и кризна комуникација.
- Креирање, уредување и објавување на дигитална содржина на компаниските платформи и социјалните медиуми на компанијата.
- Спроведување маркетинг кампањи на социјалните медиуми во координација со одделите на компанијата.
- Соработка во креирање, уредување и унапредување на комуникацискиот план на компанијата.
- Генерирање на месечен извештај за употребата и ефективноста на објавените содржини.
- Следење на растот, стапките на ангажираност и анализа на клучни метрики.
- Стратегиски промени со цел зголемување на метриките.
- Водење и креирање маркетинг кампањи.
- Следење и контрола на маркетинг трошоци.
- Newsletter/Email Marketing.
- Создавање, пишување и постирање на содржини, дизајни и банери за рекламен простор.
- Анализа на пазарни трендови и конкурентска ситуација за информирање на маркетинг стратегии и кампањи.
Работни денови: понеделник – петок
Работни часови неделно: 40
Работно време: 08 – 16 часот
Потребни квалификации:
- Завршено Високо образование (ќе се смета предност).
- Минимум 3 години, работно искуство во областа на маркетинг, корпоративни комуникации и PR.
- Одлично познавање на социјални медиуми, алгоритми и најдобри практики за употреба.
- Одлична вербална и пишувана комуникација на Англиски јазик, со способност за следење на детали.
- Аналитични начин на размислување со способност за интерпретација на податоци, и донесување одлуки врз основа на истите.
- Способност за приоритизирање на задачите, и исполнување на кратки рокови во динамична средина.
- Креативно размислување и пренесување на идеи.
- Тимски играч со желба за преземање на иницијатива.
- Познавање на алатки и софтвери за дигитален маркетинг (платформи за управување со социјални мрежи).
- Добар time managment.
Бенефиции
- Компетитивна плата и бенефиции
- Работа во интернационална компанија
- Можности за хоризонтален и вертикален развој
- Тим билдинг активности
- Обуки и план за професионален разво
Успешни заедно
Ве повикуваме да аплицирате на [email protected] со доставувањe на Ваша биографиjа*
најдоцна до 12.07.2026 година. Сите пристигнати информации се третираат како строго доверливи.
*Ве информираме дека само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.
Ние во ЕОS Матрих Македонија ги валоризираме сите луѓе подеднакво – независно од нивниот
пол, националност, етничка припадност, религија, вид на попреченост или политичка
ориентација. Би сакале да ги охрабриме сите кандидати да аплицираат за позицијата.
Контакт податоци:
+389 2 3200 400