Пребарување
Скопје, Карпош – бул.Илинден бр.109 лок.6

EOS Матрих Македонија е компанија која е дел од ЕОS групацијата - водечки финансиски инвеститор со главна дејност управување со побарувања преку активности на преземање на обезбедени и необезбедени побарувања, контрола и наплата на побарувања, како и активности за меѓународна наплата на побарувања. Нудиме одлична работна атмосфера во интернационална компанија, иновативно опкружување и можност за професионален и личен развој.

Опис на работни задачи

  • Подготовка и управување со договори, корпоративни и групациски акти и акти од меѓународни стандарди преку систем за управување со документи (DMS)
  • Поддршка во донесување одлуки кои имаат правни импликации
  • Кореспонденција и координација со матичната компанија за прашања од областа на корпоративното управување
  • Подготовка и спроведување на документација за статусни промени со Централен регистар/регистрационен агент
  • Одржување на ажурна тендерска документација
  • Регистрација, обновување и следење на права од интелектуална сопственост (авторски права, индустриска сопственост, интернет домени).
  • Водење и ажурирање на документација за крајни сопственици (UBO)
  • Спроведување на клиентски правни проверки (KYC и BPS анализи)
  • Следење и примена на законска регулатива од област на работење, особено усогласеност со Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за работни односи
  • Спроведување на контроли и одржување на усогласеност на работењето со воспоставениот систем на интерни акти
Потребни квалификации

  • Завршено Високо образование - Правен факултет
  • Работно искуство во област на корпоративно работење од најмалку 2 години
  • Одлични познавања од област на корпоративно работење
  • Одлично познавање на Англиски јазик
  • Одлично познавање на Закон за заштита на лични податоци и општата регулатива за GDPR, познавања на стандарди за управување со информациска и безбедност на приватност на податоци
  • Познавање и активно користење на пакет MS Office 365
  • Познавања од областа на спречување на перење на пари и финансирање тероризам
  • Способност за проактивно и критичко размислување и насоченост кон изнаоѓање на решенија
  • Одлични интерперсонални и комуникациски вештини и тимски дух
  • Способност за ефикасно приоретизирање на задачи
  • Подготвеност за личен развој во брзорастечка средина
  • Способност за ефикасно презентирање на информации и одлична бизнис коресподенција
Работни денови: од понеделник – петок

Работни часови неделно: 40

Работно време: од 08 – 16 часот

Бенифиции

  • Компетитивна плата и бенефиции
  • Работа во интернационална компанија
  • Можности за хоризонтален и вертикален развој
  • Тим билдинг активности
  • Обуки и план за професионален развој
Успешни заедно

Ве повикуваме да аплицирате на jobs@eos-matrix.mk со доставување на Ваша биографија најдоцна до 20.06.2025 година. Сите пристигнати информации се третираат како строго доверливи.

Ние во ЕОЅ Матрих Македонија ги валоризираме сите луѓе подеднакво – независно од нивниот пол, националност, етничка припадност, религија, вид на попреченост или политичка ориентација. Би сакале да ги охрабриме сите кандидати да аплицираат за позицијата.

Контакт податоци                                                                                     

Контакт податоци

+389 2 3200 | jobs@eos-matrix.mk

Назад на страницата за кариера