Пребарување
Скопје, Карпош – бул.Илинден бр.109 лок.6

EOS Матрих Македонија е компанија која е дел од ЕОS групацијата - водечки финансиски инвеститор со главна дејност управување со побарувања преку активности на преземање на обезбедени и необезбедени побарувања, контрола и наплата на побарувања, како и активности за меѓународна наплата на побарувања. Нудиме одлична работна атмосфера во интернационална компанија, иновативно опкружување и можност за професионален и личен развој.



Опис на работни задачи

  • Администрирање на предметите и обработка на правна и останата документација поврзана со наплата на побарувања
  • Подготовка на стратегии за наплата на обезбедените побарувања
  • Редовна комуникација со адвокати, извршители, нотари, заложен регистар, катастар и други релевантни страни во постапките за наплата
  • Организирање теренски посети и одржување на состаноци со должници, извршители и други клиенти
  • Подготовка на правни акти и документи за потребите на работниот процес
  • Следење на реализација на започнатите постапки за наплата на побарувања
  • Спроведување на правна анализа за обезбедени портфолија предмет на откуп
  • Подготовка на извештаи за потребите на компанијата и унапредување на работниот процес
  • Објавување на огласи за продажба на имот
Потребни квалификации

  • Завршено високо образование – Правен факултет
  • Работно искуство во област на наплата на обезбедени побарувања од најмалку 1 година
  • Работно искуство кај извршител ќе се смета за предност
  • Познавања од област на законската рамка за наплата на побарувања и договорен залог
  • Познавања од област на заштита на лични податоци и општата регулатива GDPR, ISO 27001, ISO 27701 стандарди
  • Познавање на англиски јазик
  • Способност за проактивно и критичко размислување и насоченост кон изнаоѓање на решенија
  • Поседува аналитички способности
  • Одлични интерперсонални и комуникациски вештини и тимски дух
  • Способност за спроведување и имплементација на проекти
  • Поседување вештини за спроведување на стратегии, оперативни процедури и политики
  • Подготвеност за личен развој во контекст на брз развој на потребите на компанијата
Работни денови: од понеделник – петок

Работни часови неделно: 40

Работно време: од 08 – 16 часот

Бенифиции

  • Компетитивна плата и бенефиции
  • Работа во интернационална компанија
  • Можности за хоризонтален и вертикален развој
  • IT опрема
  • Тим билдинг активности
  • Обуки и план за професионален развој
Успешни заедно

Ве повикуваме да аплицирате на jobs@eos-matrix.mk со доставувањe на Ваша биографиjа најдоцна до 31.01.2025 година. Сите пристигнати информации се третираат како строго доверливи.

Ние во ЕОS Матрих Македонија ги валоризираме сите луѓе подеднакво – нeзависно од нивниот пол, националност, етничка припадност, религија, вид на попреченост или политичка ориентација. Би сакале да ги охрабриме сите кандидати да аплицираат за позицијата.

Контакт податоци

+389 2 3200 | jobs@eos-matrix.mk
Назад на страницата за кариера