Пребарување
Скопје, бул. Илинден бр. 109 лок.6

EOS Матрих Македонија е компанија која е дел од ЕОS групацијата - водечки финансиски инвеститор со главна дејност управување со побарувања преку активности на преземање на обезбедени и необезбедени побарувања, контрола и наплата на побарувања, како и активности за меѓународна наплата на побарувања. Нудиме одлична работна атмосфера во интернационална компанија, иновативно опкружување и можност за професионален и личен развој.

Опис на работни задачи

  •  Подготовка на интерни акти со кои се уредува работењето на ниво на Компанијата
  •  Одржување на усогласеност на работењето на Компанијата согласно интерните акти, законската регулатива и групациските политики (EOS и OTTO Group)
  •  Спроведување на контроли согласно политиките на Компанијата и известување
  •  Одржување на усогласеност со регулативата која се однесува на Закон за заштита на лични податоци (GDPR)
  •  Одржување на усогласеност со регулативата која се однесува на Закон за здравје и безбедност при работа
  •  Подготовка и организирање на обуки за вработените
  •  Спроведување на контроли заради следење на мерки за третман на ризиците на Компанијата
  •  Одржување на усогласеност со стандардите ISO 20000/27001/27701 и спроведување на контроли по истите
  •  Подготовка пред ревизии
  •  Одржување на усогласеност со регулативата за спречување на перење пари и финансирање тероризам
  •  Кореспонденција, соработка и известување со Corporate Compliance тимот од матичната компанија
Потребни квалификации

  •  Завршено високо образование – Правен факултет,
  •  Положен правосуден испит ќе се смета за предност,
  •  Работно искуство во област на усогласеност и корпоративно право најмалку 2 години,
  •  Искуство во проектен менаџмент,
  •  Познавања од апликативната легислатива, стандарди, политики и процедури за релевантните области,
  •  Познавање на регулатива за заштита на лични податоци / GDPR регулатива,
  •  Познавање на регулативата за спречување на перење пари и финансирање тероризам,
  •  Познавање на стандарди ISO 20000 /27001/27701,
  •  Познавање на англиски јазик на ниво на бизнис комуникација,
  •  Познавање на MS Office 365,
  •  Поседува силни меѓучовечки и комуникациски способности и вештини,
  •  Самоиницијативност, проактивност и креативност
Работни денови: од понеделник – петок

Работни часови неделно: 40

Работно време: од 08 – 16 часот

Бенифиции

  • Компетитивна плата и бенефиции
  • Работа во интернационална компанија
  • Можности за хоризонтален и вертикален развој
  • IT опрема
  • Тим билдинг активности
  • Обуки и план за професионален развој
Успешни заедно

Ве повикуваме да аплицирате на jobs@eos-matrix.mk со доставувањe на Ваша биографиjа. Сите пристигнати информации се третираат како строго доверливи.

Ние во ЕОS Матрих Македонија ги валоризираме сите луѓе подеднакво – нeзависно од нивниот пол, националност, етничка припадност, религија, вид на попреченост или политичка ориентација. Би сакале да ги охрабриме сите кандидати да аплицираат за позицијата.

Контакт податоци

+389 2 3200 | jobs@eos-matrix.mk

Назад на страницата за кариера