ЕОЅ Матрих Македонија е компанија која е дел од ЕОЅ групацијата – водечки финансиски инвеститор со главна дејност управување со побарувања преку активности на преземање на обезбедени и необезбедени побарувања, контрола и наплата на побарувања, како и активности за меѓународна наплата на побарувања. Нудиме одлична работна атмосфера во интернационална компанија, иновативно опкружување и можност за професионален и личен развој.
Опис на работни задачи
- Телефонско посредување при процес на наплата на побарувања и управување на наплати од откупени портфолија;
- Периодична теренска посета;
- Изградба на позитивни односи со корисниците и преговарање за методи на плаќање;
- Следење и мониторирање на динамиката на плаќање;
- Применување на ефективни стратегии за наплата;
- Остварувње на зададени цели и таргети;
- Развивање на креативни и соодветни решенија, во насока на постигнување на целта.
Работни денови: понеделник - петок
Работни часови неделно: 40
Работно време: 08 – 16 часот
Потребни квалификации
- Завршено високо образование со познавања од правната дејност ќе се смета за предност;
- Способност за јасна и ефективна комуникација на Македонски јазик, со познавање на дополнителни јазици како предност;
- Солидно познавање на компјутерски ситеми и апликации;
- Желба за професионален напредок;
- Способност за работа во динамична средина;
- Проактивен и позитивен пристап кон соработка со корисниците;
- Силно развиен тимски дух.
- Компетитивна плата и бенефиции
- Работа во интернационална компанија
- Можности за хоризонтален и вертикален развој
- IT Опрема
- Тим билдинг активности
- Обуки и план за професионален развој
Ве повикуваме да аплицирате на jobs@eos-matrix.mk со доставувањe на Ваша биографиjа најдоцна до 15.06.2024 година. Сите пристигнати информации се третираат како строго доверливи.
Ние во ЕОS Матрих Македонија ги валоризираме сите луѓе подеднакво – нeзависно од нивниот пол, националност, етничка припадност, религија, вид на попреченост или политичка ориентација. Би сакале да ги охрабриме сите кандидати да аплицираат за позицијата.
Контакт податоци
jobs@eos-matrix.mk
+389 2 3200 400