Правник за наплата на побарувањa
Скопје, Карпош – бул.Илинден бр.109 лок.6
ЕОЅ Матрих Македонија е компанија која е дел од ЕОЅ групацијата – водечки финансиски инвеститор со главна дејност управување со побарувања преку активности на преземање на обезбедени и необезбедени побарувања, контрола и наплата на побарувања, како и активности за меѓународна наплата на побарувања. Нудиме одлична работна атмосфера во интернационална компанија, иновативно опкружување и можност за професионален и личен развој.
Опис на работни задачи
- Администрирање на предметите и обработка на правна и останата
документација поврзана со наплата на побарувања - Подготовка на стратегии за наплата на необезбедените
побарувања - Редовна комуникација со адвокати, извршители, нотари, и други
релевантни страни во постапките за наплата - Застапување на компанијата пред суд и други надлежни
институции - Подготовка на правни акти и документи за потребите на работниот
процес - Следење на реализација на започнатите постапки за наплата на
побарувања - Спроведување на правна анализа за необезбедени портфолија
- Подготовка на извештаи за потребите на компанијата и
унапредување на работниот процес
Работни денови: понеделник – петок
Работни часови неделно: 40
Работно време: 08 – 16 часот
Потребни квалификации
- Завршено високо образование – Правен факултет
- Правосуден испит ќе се смета за предност
- Работно искуство во област на наплата на побарувања од најмалку 1 година
- Работно искуство кај извршител ќе се смета за предност
- Познавања од област на законската рамка за наплата на побарувања
- Познавања од област на заштита на лични податоци и општата регулатива GDPR, ISO 27001, ISO 27701 стандарди
- Познавање на англиски јазик
- Способност за проактивно и критичко размислување и насоченост кон изнаоѓање на решенија
- Поседува аналитички способности
- Одлични интерперсонални и комуникациски вештини и тимски дух
- Способност за спроведување и имплементација на проекти
- Поседување вештини за спроведување на стратегии, оперативни процедури и политики
- Подготвеност за личен развој во контекст на брз развој на потребите на компанијата
Успешни заедно
Ве повикуваме да аплицирате на [email protected] со доставување на Ваша биографија најдоцна до 30.06.2026 година. Сите пристигнати информации се третираат како строго доверливи.
Ние во ЕОЅ Матрих Македонија ги валоризираме сите луѓе подеднакво – независно од нивниот пол, националност, етничка припадност, религија, вид на попреченост или политичка ориентација. Би сакале да ги охрабриме сите кандидати да аплицираат за позицијата.
Бенефиции
- Компетитивна плата и бенефиции
- Работа во интернационална компанија
- Можности за хоризонтален и вертикален развој
- Тим билдинг активности
- Обуки и план за професионален развој
Контакт податоци:
+389 2 3200 400