Сениор сметководител
Скопје, Карпош – бул.Илинден бр.109 лок.6
ЕОЅ Матрих Македонија е компанија која е дел од ЕОЅ групацијата – водечки финансиски инвеститор со главна дејност управување со побарувања преку активности на преземање на обезбедени и необезбедени побарувања, контрола и наплата на побарувања, како и активности за меѓународна наплата на побарувања. Нудиме одлична работна атмосфера во интернационална компанија, иновативно опкружување и можност за професионален и личен развој.
Опис на работни задачи
- Обработка/изработка на влезно-излезни фактури и нивно книжење
- Благајничко работење
- Пресметка и книжење на патни налози
- Книжење на денарски и девизни изводи
- Евиденција и водење на регистар на ОC
- Пресметка на МДБ и ДДВ
- Девизно работење (приливи – одливи)
- Соработка со годишна ревизијa
- Известување до НБРМ
- Известувања до УЈП
- Администрација за УЈП (барања на разни потврди поврзани со даночното работење)
- Ажурирање на деловни податоци во банки
Работни денови: понеделник – петок
Работни часови неделно: 40
Работно време: 08 – 16 часот
Потребни квалификации:
- Познавање и работа во PANTHEON, ќе се смета за предност
- Завршено Високо образование – Економски факултет, ќе се смета за предност
- Најмалку 3 годишно работно искуство како самостоен сметководител
- Познавање на компјутери и софтверски апликации (MS Office 365 - особено Excell & Word)
- Познавање на англиски јазик
- Поседување на лиценца за Сметководител / Овластен сметководител ќе се смета за предност
- Способност за тимска работа
- Способност за работа со зададени рокови
- Познавање на други алатки за анализа и обработка на податоци ќе се смета за предност
Бенефиции:
- Компетитивна плата и бенефиции
- Работа во интернационална компанија
- Можности за хоризонтален и вертикален развој
- Тим билдинг активности
- Обуки и план за професионален развој
- Ден после роденден
Успешни заедно
Ве повикуваме да аплицирате на [email protected] со доставување на Ваша биографија најдоцна до 02.06.2026 година. Сите пристигнати информации се третираат како строго доверливи.
Ние во ЕОЅ Матрих Македонија ги валоризираме сите луѓе подеднакво – независно од нивниот пол, националност, етничка припадност, религија, вид на попреченост или политичка ориентација. Би сакале да ги охрабриме сите кандидати да аплицираат за позицијата.
*Ве информираме дека само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.
Контакт податоци:
- [email protected]
- +389 2 3200 400