Пребарување
Марвин Рамке, извршниот директор, стои во сино одело, со десната рака во џебот од панталоните, во светла соба.
  • Групацијата EOS постигна многу добар резултат во предизвикувачката финансиска 2023/24 година со EBITDA (заработка пред камати, даноци и амортизација) од 412,9 милиони евра .
  • Со околу 583,5 милиони евра, инвестициите во NPL (нефункционални пласмани) беа значително пониски од оние во исклучителната финансиска 2022/23 година.
  • Меѓународниот фокус и прекуграничната соработка се клучни за успехот.
Успешни резултати и покрај економските предизвици: како деловното работење се разви во регионите, зошто одржливоста останува клучна област за фокусирање и како EOS е оптимално подготвен за иднината. Интервју на одборот со извршниот директор Марвин Рамке и членовите на одборот Јустус Хекинг – Велтман (CFO), Карстен Тидоу (Источна Европа), Стефан Олмајер (Централна Европа) и Себастијан Полмер (Западна Европа).

EOS оствари заработка од 412,9 милиони евра EBITDA (заработка пред камати, даноци и амортизација) во финансиската 2023/24 година, што претставува пад во однос на претходната година. Како да го ставиме овој развој во контекст?

Марвин Рамке: 
Се навраќаме на една предизвикувачка, но сепак многу успешна финансиска година. Повторно, имавме високи каматни стапки, војна во Украина и висока инфлација низ големи делови од Европа со која се бориме оваа година и ќе продолжиме да го правиме тоа. Но, подготвени сме и мотивирани да се справиме со овие предизвици. Како силен економски партнер, нашата позиција е оптимална. Со оглед на опишаната ситуација, ова е многу добар резултат – всушност, тој е вториот највисок резултат постигнат досега во 50-годишната историја на Групацијата EOS. Нашиот успех го должиме на нашата работна сила составена од повеќе од 6.000 луѓе. Секој вработен ја одигра својата улога и би сакал да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на секој од нив. Земјите кои особено би сакал да ги истакнам во овој контекст се Франција, Данска, Полска, Бугарија, Босна и Херцеговина, Грција и Словенија, кои остварија особено добри резултати оваа година. 

Јустус Хекинг – Велтман:
И покрај падот на заработката, нашите резултати годинава беа импресивни. Уште еднаш, нашите меѓународни тимови завршија извонредна работа. Иако нашите инвестиции се намалија во целина, успеавме да направиме голем број значителни купувања на портфолија на долгови со двоцифрен или троцифрен милионски опсег, со што ја зацврстивме нашата силна пазарна позиција. Купувањето портфолија на побарувања, исто така, ќе остане клучна област во фокусот на Групацијата EOS во иднина. Целиме кон долгорочен успех.

Настрана од бројките, кои теми беа важни во оваа финансиска година?

Марвин Рамке:
Клучна тема за нас беше имплементацијата на Директивата за NPL(нефукнционални побарувања) на ЕУ, со која се однесуваме со особена грижа. Јас сум, исто така, многу горд на нашиот прв рејтинг за ризикот во областа на ЕСГ (ESG), кој го добивме минатата година од реномираната рејтинг агенција „Morningstar Sustainalytics“. EOS е рангирана меѓу најдобрите три компании оценети во секторот „Consumer Finance“. Фактот што веднаш ја постигнавме таа врвна позиција покажува дека нашата стратегија за корпоративна одговорност функционира. Понатаму, резултатот ни дава поттик секој ден да стануваме малку подобри. Покрај се', одржливоста останува во срцето на нашето работење.

Исто така, среќен сум што можевме да им посакаме добредојде на двајца нови членови во Одборот на EOS: д-р Стефан Олмајер за новосоздадениот регион Централна Европа и Себастијан Полмер за Западна Европа. Стефан има големо искуство на пазарот, а Себастијан, со својата младост, носи големо знаење во EOS и е значителен иновативен двигател во групацијата. Мислам дека ова е важен сигнал до сите колеги дека ние во EOS активно бараме промени и сме отворени за нови пристапи.

Исто така, ќе има уште една, но не помалку значајна промена оваа година: со задоволство можам да известам дека д-р Ева Гривел, фантастична поранешна колешка и првокласен финансиски експерт, ќе се врати во EOS од август 2024 година за да ја преземе улогата на финансиски директор. Би сакал да ја искористам оваа прилика да упатам и срдечна благодарност до нашиот сегашен финансиски директор, Јустус, за неговите достигнувања, извонредната посветеност и интегритетот. Тој ја заслужува мојата најголема почит: тој е дел од огромната успешна приказна што EOS успеа да ја напише во последниве години.

Јустус Хекинг - Велтман:
Ти благодарам, Марвин! Можам да се осврнам на 17 прекрасни и успешни години во EOS, за време на кои инвестиравме над 7 милијарди евра и постигнавме годишен двоцифрен поврат на капиталот – резултат што е доказ за големата експертиза на Групацијата за проценка на можностите за инвестирање и високите оперативни постигнувања. Би сакал да им се заблагодарам на сите мои колеги во Групацијата EOS и Групацијата Ото за доверливата соработка што ја остваруваме! На мојата наследничка, Ева Гривел, ѝ посакувам се' најдобро во нејзината нова улога.
Јустус Хекинг – Фелтман, финансискиот директор, стои во шумски зелен џемпер и бела кошула во светла соба.
Јустус Хекинг – Велтман, финансиски директор на Групацијата EOS до јули 2024 година
Ева Гривел, жена која стои во розов блејзер и бела кошула во светла соба
Ева Гривел се приклучува на Одборот на EOS како финансиски директор од август 2024 година
Стефан Олмајер:
Можам да додадам дека се чувствувам многу добредојдено и добро прифатен во EOS. Посебно сум импресиониран од поривот и енергијата што ги покажуваат сите мои колеги. Новиот регион Централна Европа ќе создаде одлични синергии за заеднички развој на деловната работа и е предност за целата Групација EOS.

Себастијан Полмер:
Среќен сум што можам да ја преземам одговорноста за величествениот регион Западна Европа. Нашите компании во овој регион се високо развиени и ќе продолжат да бидат силни партнери за банките и корпорациите во иднина. Различноста и соработката се важни фактори за успех, поради што сум посветен на создавање еднакви можности за сите, со посебен фокус на областите родова еднаквост и поддршка на жените на лидерски позиции.
Себастијан Полмер, човек кој стои во бела кошула и сини трегери во светла соба.

Различноста е важен фактор за успехот, поради што сум посветен на создавањето еднакви можности за сите.

Себастијан Полмер
Член на Одборот на директори на Групацијата EOS и одговорен за Западна Европа

Да останеме на темата за регионите. Како се одвиваше работата во Источна Европа?

Карстен Тидоу:
Регионот Источна Европа постигна фантастичен резултат со силни оперативни перформанси и високи инвестиции во вкупна вредност од 212,5 милиони евра, сето тоа и покрај значителниот притисок што го доживуваме поради зголемувањето на каматните стапки. Постигнавме нови рекордни резултати за регионот во три земји (Босна и Херцеговина, Полска и Грција). Многу сум горд на сите мои колеги кои разгазуваат нови патеки и дадваат сè од себе. Исто така, би сакал да ја искористам оваа прилика да му се заблагодарам на целиот тим за нивната енергија и амбициозност! 

Дополнителен позитивен белег во регионот правиме со проширувањето на соработката во Полска со Меѓународната финансиска корпорација (IFC), подружница на Светската банка. Овој успех се должи на непречената соработка помеѓу пет земји и бројни одделенија во EOS. 

Каква е ситуацијата во Западна Европа?

Себастијан Полмер:
И покрај отпорот што го доживуваме во одделни земји, регионот има добра година, со постигната продажба од 323,4 милиони евра. Франција не само што го прослави својот 30 роденден, туку и финансиски се покажа добро и заедно со еден коинвеститор успеа да купи рекордно портфолио со номинална вредност од 364 милиони евра. Данска, исто така, останува на вистинскиот пат со силни перформанси на својата десетгодишнина, успешно склучувајќи два големи "forward-flow", односно договори за редовен пренос со водечки банки за потрошувачки кредити. Португалија сега е добро воспоставена на пазарот по само две години и продолжува во трката кон успех.

А што е со Централна Европа?

Стефан Олмајер:
Спроведовме бројни мерки за реструктуирање во Германија во текот на изминатата финансиска година, кои сега почнуваат да вродуваат со плод. Сите вработени одлично си ја вршат работата – им благодарам на сите! Посебно би сакал да ја споменам Словенија, која се претстави исклучително добро на релативно мал пазар. Се чувствувам многу уверен во однос на иднината, и не само затоа тоа што новиот регион Централна Европа ќе има бројни позитивни ефекти врз нашата соработка.
Стефан Олмајер, човек кој стои насмеан во светло-сина кошула во светла соба

Новиот регион Централна Европа ќе создаде огромни можности за заеднички развој на деловните цели и е предност за целата EOS Групација.

Стефан Олмајер
Член на Одборот на директори на Групацијата EOS и одговорен за Централна Европа

Да ја погледнеме претстојната финансиска година. Како ги проценуваме изгледите за иднината?

Марвин Рамке:
Неизвесните макроекономски времиња ќе продолжат, но справувањето со несигурноста го направивме наша професионална предност, па така сега можеме да дејствуваме со издржливост и со потребната флексибилност и сме фокусирани да ги оствариме најдобрите решенија за нашите клиенти и потрошувачи. Ќе продолжиме да се фокусираме на инвестициите во нефункционални кредити (NPL/НПЛ), бидејќи тие ја формираат основата на нашата работа. Коинвестициите, исто така, ќе останат дел од нашата стратегија.

Нашата 50-годишнина, која ќе ја прославиме оваа година, служи и за да нè потсети колку далеку сме стигнале и на колку моменти треба да се осврнеме наназад. Нашата работа ја стабилизира економијата и промовира раст – и тоа го прави од 1974 година. Таа е нешто со што можеме да се гордееме. Многу сум среќен што го прославуваме нашиот роденден во оваа финансиска година!

Непотребно е да се каже дека нема да запреме овде. Ние напредуваме со иновациите и поттикнуваме промени – така ќе продолжиме да бидеме успешни. 

Јустус Хекинг – Велтман:
Една од нашите главни предности е тоа што работиме во повеќе од 20 земји, што ни обезбедува регионално диверзифицирано портфолио. Во однос на класите на средства, ризиците се распределуваат и на обезбедените побарувања, недвижниот имот и, особено, на необезбедените побарувања. Иако не постигнуваме исто ниво на успех во сите области, нашите тимови имаат високо ниво на експертиза за евалуација и бевме внимателни и успешни при нашите инвестициски одлуки. Затоа, и покрај економските предизвици и особено тешката политичка клима, можеме со сигурност да ја очекуваме новата финансиска година.

Какви се плановите за регионите?

Карстен Тидоу:
Активностите ќе бидат фокусирани на гореспоменатата соработка со „IFC - International Finance Corporation“: Заеднички ќе инвестираме во Полска минимум три години. Исто така, многу ми е важно да создадам поголем простор за меѓународна размена на идеи и знаења и со тоа да ги искористам придобивките од нашата меѓународна групација. Добар пример во овој контекст е проширувањето на роботската автоматизација на процеси (RPA - Robotic Process Automation), на која работиме во неколку земји. Оваа технологија ги ослободува вработените од бројни повторливи задачи и ја зголемува ефикасноста и квалитетот во управувањето со побарувањата. 
Карстен Тидоу, човек во светло-сина кошула, лежерно седи во светла соба.

Работиме на проширувањето на роботската автоматизација на процеси (RPA) во многу земји. Оваа технологија ги ослободува вработените и ја зголемува ефикасноста и квалитетот во управувањето со побарувањата.

Карстен Тидоу
Член на Одборот на директори на Групацијата EOS и одговорен за Источна Европа
Стефан Олмајер:
Во рамките на новата структура за Централна Европа, систематски ќе го шириме развојот на нашата работа. Нашата цел е да создадеме ново ниво на отвореност, да пронајдеме нови капитални партнери и да отвориме нови извори на приход. На пример, обемот на понудени необезбедени NPL (нефункционални пласмани) се намалува во регионот Централна Европа и, од таа причина, имаме намера да ги прошириме инвестициите во обезбедени NPL. Некои земји веќе имаат соодветно знаење (know-how), a други може да имаат корист од него.

Себастијан Полмер:
Мојот фокус во Западна Европа е на дигитализацијата, иновативните концепти за рефинансирање и различноста. Главен пример за дигитална оптимизација е „Kollecto+“, централниот веб-базиран софтвер за наплата на Групацијата EOS, чие воведување во Шпанија ја означи кулминацијата на меѓународната соработка: Проектот се потпира врз заедничката експертиза и посветеност на нашите тимови во Романија, Шпанија, Германија, Хрватска и Полска. Сакаме да се надоврзуваме на таквите успеси.
Марвин Рамке, човек во темно сино одело и бела кошула седи на стол во светла соба.

Се однесуваме одговорно. Тоа нè прави сигурен партнер за банките и компаниите, што им овозможува да се фокусираат на својата основна дејност.

Марвин Рамке
Извршен директор на Групацијата EOS

Меѓународниот фокус е главната сила на EOS. Кои други фактори на успех ја прават Групацијата EOS подготвена за предизвиците следната финансиска година?

Марвин Рамке:
Ова е апсолутно точно – фактот што имаме меѓународен досег не само што ги намалува ризиците, туку овозможува и споделување на најдобрите практики преку границите, што значи дека продолжуваме да учиме едни од други и да имаме корист од различноста во нашата Групација. 

Друг фактор тука е тоа што постапуваме одговорно. Тоа нè прави сигурен партнер за банките и компаниите, што им овозможува да се фокусираат на својата основна дејност.

Но, најважниот фактор е тоа што ги имаме вистинските луѓе со вистинскиот дух на вистинското место! Уште еднаш, изминатава финансиска година јасно ми покажа дека, како тим, ние во EOS можеме да ги надминеме сите предизвици. За ова, јас сум навистина благодарен.

Ако сакате да дознаете повеќе за финансиската година 2023/24 на EOS, не двоумете се да нè контактирате! 

Фото кредити: Andreas Sibler