Студијата на ЕОС „Европски платежни практики 2025“ покажува:
- Само секоја 8-ма компанија има целосно дигитализирано управување со побарувањата
- Шпанија, Романија и Словенија се пионери, Германија заостанува
- Бавните, недигитализирани процеси се, според компаниите, причина за лошата платежна дисциплина кај деловните клиенти
- Интелигентната употреба на податоци и вештачката интелигенција отвораат нови можности
Со дигитализирано опоменување, компаниите можат побрзо и поефикасно да реагираат на ненавремени плаќања. Сепак, само мал дел од европските компании моментално го користат. Само секоја 8-ма европска компанија (12 проценти) има целосно дигитализиран процес на опоменување. Најмалку речиси три четвртини можат да се потпрат на делумно или дури во голема мера дигитализиран процес на опоменување (73 проценти) во случај на неплаќање. Пред три години, тоа беше 65 проценти*. Ова го покажува актуелната студија на ЕОС „Европски платежни практики 2025“, во која учествуваа 2.200 финансиски донесувачи на одлуки од компании во 11 земји.
Постои значителна разлика помеѓу пионерите и оние кои заостанануваат во дигитализацијата на процесот на опомена во Европа. Шпанија (65 проценти), Романија (64 проценти) и Словенија (64 проценти) имаат највисок степен на дигитализација. Германските компании се на дното на европската споредба: Тука, само 49 проценти имаат во голема мера или целосно дигитализирани процеси на опоменување.

Целосно дигитализираниот процес на опоменување го намалува рачниот ангажман и ги забрзува плаќањата.
8 проценти од европските компании сè уште во голема мера опоменуваат рачно, 6 проценти дури и немаат стандардизиран процес за наплата на неплатени побарувања.
Дигиталните процеси на опоменување помагаат против лошата платежна дисциплина.
Во моментов, една четвртина од фактурите од европските компании се плаќаат доцна или воопшто не се плаќаат. Речиси половина (48 проценти) од финансиските донесувачи на одлуки во компаниите веруваат дека една од главните причини за лошата платежна дисциплина кај деловните клиенти се бавните и недигитални процеси. 46 проценти го посочуваат несоодветното однесување на персоналот како причина за доцнење, а 44% проценти наведуваат формални грешки во обработката на фактурите. За приватните клиенти, заборавеноста се смета како една од главните причини за доцнењата во плаќањата. Дигиталните процеси би можеле да понудат решение овде: тие го олеснуваат процесот на плаќање за клиентите и обезбедуваат транспарентност во однос на роковите за плаќање. Генерално, дигитализацијата создава поефикасен систем за плаќање и значително ги намалува споровите и недоразбирањата. Од страна на компанијата, целосно дигитализираниот процес на опоменување го намалува рачниот ангажман, ги намалува оперативните трошоци, ги забрзува плаќањата и им овозможува на вработените да се фокусираат на посложени задачи“, забележува Паул Балтаг, менаџер за дигитална трансформација во ЕОС Романија.
Дигитализираните процеси ја зголемуваат профитабилноста.
Понатаму, дигитализацијата помага во справувањето со корисниците: автоматски го избира комуникацискиот проистап кој ветува најголем успех. „Станува навистина интересно кога опомената не е само обично потсетување, туку директно нуди поедноставена опција за плаќање– на пример, преку платежен линк или функции за отворено банкарство. На овој начин, тоа не е само потсетник за плаќање, туку непречено решение за клиентите“, додава д-р Марсел Мајр, раководител на корпоративен развој во ОТТО Плаќања, платежниот партнер на ОТТО. Онлајн трговецот на мало ОТТО, како и ЕОС, припаѓа на Ото Групацијата.
Вештачката интелигенција го менува управувањето со побарувањата.
Дигитализацијата е основа за масовно користење на податоците: „Во ОТТО, добиваме до 35 нарачки во секунда; без паметно автоматизирани процеси за потсетници за плаќање и опомени, воопшто не би можеле да го управуваме овој обем“, објаснува д-р Марсел Мајр. Понатаму, употребата на вештачка интелигенција во опоменувањето станува сè поважна. „Можностите за примена на AI внесуваат „интелигенција“ во постоечките автоматизации, кои претходно функционираа според едноставни правила. Потенцијалот што може да се искористи овде во управувањето со побарувањата во наредните години е огромен. Во оваа смисла, трката со вештачката интелигенција значително го зголемува притисокот врз оние компании кои сè уште се во раните фази на дигитализација.“

Можностите за примена на на AI внесуваат „интелигенција“ во постоечките автоматизации. Потенцијалот што ќе се искористи овде во наредните години е огромен.
Name person: Д-р Марсел Мајр
Title Person: Раководител на корпоративен развој ОТТО ПлаќањеМожностите за примена на вештачката интелигенција внесуваат „интелигенција“ во постоечките автоматизации. Потенцијалот што ќе се искористи овде во наредните години е огромен.
За студијата на ЕОС „Европски платежни практики 2025“
Анкетата беше спроведена со поддршка на независниот институт за истражување на пазарот Кантаp помеѓу 27 март и 14 мај 2025 година, преку онлајн и телефонски интервјуа. Вкупно беа анкетирани 2.200 финансиски донесувачи на одлуки од компании во 11 европски земји (по 200 по земја).
*Ве молиме имајте предвид: Бројот на анкетирани земји е намален во споредба со ЕПП 2022 (2025 без СК, ГР, ДК, БЕ и ОК). Понатаму, методот на собирање податоци е променет од ексклузивни телефонски интервјуа во комбинација од телефонски (75%) и онлајн интервјуа (25%).
Дали сакаш да дознаеш повеќе за актуелната студија на ЕОС? Слободно контактирај нè.

Sabrina Ebeling
Corporate Communications & Marketing
Телефон: +49 40 2850-1480
Истражете повеќе од EOS