• Студијата открива поголем јаз во финансиските резерви на жените.
  • Со колкави пречки се соочуваат жените и мажите кога се справуваат со финансиите?
  • Финансиско ограничување: Жените се поподготвени да се откажат од непотребните трошоци отколку мажите.
  • Мажите се посигурни во донесувањето финансиски одлуки
  • Светла точка: Желбата за повеќе финансиско образование веќе постои кај мажите и кај жените
Кој е поштедлив кога цените растат и инфлацијата галопира? Жените? Мажите? Дали воопшто има разлика помеѓу половите за оваа точка? Како што покажува една неодамнешна студија на EOS, одговорот е: Да!

Кај жените има поголема веројатност да штедат за време на криза.

За Студијата за потрошувачи на EOS од 2023 година „Дали Европејците имаат финансиски проблеми?“, 7729 потрошувачи од 13 европски земји беа прашани дали и како нивното однесување кон трошењето и плаќањето се променило во изминатите шест месеци. Резултатите јасно укажуваат дека енергетската криза како и придружната рекордна инфлација го зедоа својот данок од европските потрошувачи во последните месеци. Многу луѓе соодветно го прилагодиле своето однесување во потрошувачката: Скоро секој втор учесник во студијата изјавил дека е посвесен за цените, а многу испитаници, исто така, посветувале поголемо внимание на специјалните понуди кога купуваат. Четири од десет учесници одат чекор понапред со тоа што се откажале од непотребни трошоци.

Ако погледнеме подобро, жените често имаат подрастичен пристап од мажите. Кај машките испитаници, 37 проценти се согласуваат со изјавата „свесно избегнувам трошоци кои не се суштински за животот“. Кај жените, пак, таа бројка е 41 процент. Жените учесници во студијата, најмногу ги ограничуваат своите трошоци за слободни активности, на пример за посети на ресторани (36 проценти, мажи: 30 проценти), следуваат трошоците за патување (34 проценти, мажи: 32 проценти) и за облека (33 проценти, мажи: 23 проценти).

Мажите покажуваат поголем интерес за финансиите.

Меѓутоа, сознанијата од студијата ги надминуваат ограничувањата во одредени области од животот. Резултатите покажуваат дека интересот за финансиските теми е релативно низок кај жените. Додека 43 проценти од машките учесници изјавиле дека уживаат да се занимаваат со теми поврзани со пари и финансии, а бројката за жените е само 30 отсто. Исто така, постојат јасни разлики во стравот од навлегување во финансиски тешкотии. Тоа чувство е поизразено кај жените: Со 51 проценти, повеќе од половина од женските учесници изразуваат загриженост за сопствената финансиска сигурност, во споредба со само 42 проценти од мажите. И само 41 процент од жените изјавиле дека носат сигурни одлуки за парични прашања - во споредба со 54 проценти од мажите.
Меѓутоа, тие разлики во однесувањето сами по себе не се специфични за полот. Студијата, исто така, открива дека постојат јасни фактички разлики меѓу учесниците во однос на финансиската сигурност. На пример, само 18 проценти од женските учесници сметаат дека нивните финансиски резерви се доволни, во споредба со 27 проценти од мажите. Тој тренд може да стане уште поизразен во време на раст на цените и на инфлацијата. Жените со помала финансиска сигурност би можеле да завршат во должнички вртлог. Професионалната - а со тоа и финансиската - независност е од суштинско значење за да се спречи таквиот развој на настаните.
Sabrina Ebeling, People Lead Corporate Communications & Marketing at EOS and co-founder of the W:isible network, says: “Money and finances are not ‘men’s business’. I wish women would become more aware of this and take their financial independence into their own hands.”

Парите и финансиите не се „машка работа“. Посакувам да расте свеста кај жените и својата финансиска независност да ја земат во свои раце.

Сабрина Ебелинг
Pаководител на корпоративни комуникации и маркетинг во EOS и ко-основач на мрежата W:isible.

Клучот за тоа: Повеќе знаење за пари и финансии.

Во секој случај, Сабрина Ебелинг е сигурна: „Парите и финансиите не се „машка работа“. Покрај нејзината позиција како раководител на корпоративни комуникации и маркетинг, Сабрина е вклучена во fe:male мрежата W:isible – иницијатива на EOS за целата компанија, која промовира повеќе разновидност и еднакви можности. За Сабрина, зајакнувањето не запира на границите на нејзината компанија: „Посакувам да расте свеста кај жените во поглед на својата финансиска независност и да ја преземат во свои раце. Тогаш ваквите резултати од студиите ќе станат минато“.

Клучно за ова е и знаењето од финансиските теми. Речиси еднаков број од анкетираните мажи (44 проценти) и жени (42 проценти) би сакале да дознаат повеќе за управувањето со парите. Еден резултат од студијата е охрабрувачки во овој контекст: Младите испитаници се најголемата група желни за знаење: 51 процент од 18-34 годишниците би скале да научат повеќе за парите и финансиите – на кој начин покажуваат каде општествата можат да започнат ако сакаат да ја зајакнат финансиската отпорност и да спречат широко распространување на долгови. И тоа е целосно независно од полот.
Како кризата влијае на финансиското однесување во различни европски земји? Кој е посигурен во иднината - старите или младите? Добијте детален преглед од Студијата за потрошувачи на EOS од 2023 година „Дали Европејците имаат финансиски проблеми?“
До порталот на студијата

Сакате да ги погледнете деталните резултати од студијата? Слободно контактирајте нѐ!

Sabrina Ebeling, People Lead Corporate Communications & Marketing at EOS

Sabrina Ebeling
Corporate Communications & Marketing

Телефон: +49 40 2850-1480

s.ebeling@eos-solutions.com

Carina Bonde, Corporate Communications & Marketing

Carina Bonde
Corporate Communications & Marketing

Телефон: + 49 173 2979331

c.bonde@eos-solutions.com

Photo credits: EOS