Illustation shows a globe on which points are marked with pins.

Го обединуваме финансискиот свет во Македонија.

Предводен од технологиjата и иновациите, „Finance Talks by EOS Matrix“ цели да jа инспирира размената на идеи и експертиза преку обезбедување на простор за диjалог по повод постоечките предизвици во финансискиот сектор.
Дознај повеќе
Finance Talks Balkan Perspectives

Оваа година, EOS Македониjа направи голем исчекор напред со проширување на активностите на платформата „Finance Talks by EOS“ на регионално ниво.

На 17 ноември, ЕОЅ како ко-организатор на Конференцијата на Балканскиот Економски Форум организира своја панел дискусија во Хотел Меритим Плаза во Тирана, Р. Албанија. 

Панел дискусијата ќе се одржи на темата „Важноста на длабоките и ликвидни секундарни пазари за трансакциите со NPL“. Подготвени сме да jа покажеме нашата експертиза надвор од границите на нашата држава и да помогнеме да се донесат европските трендови и практики во балканскиот регион.

Со три настани зад нас досега, добивме огромна поддршка од финансиски институции и компании, од експертите во областа, од медиумите, од бизнис заедницата и од jавноста. Продолжуваме да го обединуваме финансискиот свет во земjaта, сега пошироко, со jасен фокус на можностите што ги нуди регионот.
Повеќе за: Балкански Економски Форум

За платформата

„Finance Talks“ е платформа која ги приближува европските трендови и практики поблиску до финансискиот сектор во регионот преку истражување на релевантните теми во областа како што е управувањето со кредитен ризик, иновативни трендови за управување со нефукционални побарувања, употреба на дигиталните технологии и В.И. (Вештачка Интелигенција) во финансискиот сектор и слично.

Пристап

Преку организација на настани кои поттикнуваат дијалог во текот на целата година, платформата "Finance Talks" обезбедува увид во моменталната состоjба во индустриjата и ја иницира примената на нови методи и решениjа на постоечките и растечките предизвици со цел: Changing finances for the better.

Настани

Во декември 2022 година EOS воведе нов настан на платформата Finance Talks: „Европски платежни навики 2022: Презентација на истражувањето и дискусија за состојбата на локалниот пазар“. До сега во рамки на платформата беа одржани 3 Finance Talks настани. Прочитајте повеќе подолу. 

Mинати настани

Првата панел дискусија се одржа во мај 2022 и ја адресираше темата „Управување со кредитен ризик во време на пост-Ковид и економска (финансиска) криза“.

На овој панел своето искуство и експертиза го споделија:

  • Модератор: д-р Катерина Бошевска, генерална директорка на ЕОЅ Матрих
Експерт говорници:

  • Златица Трпеска Цивкароски (Шпаркасе Банка);
  • Владислав Хаџидинев (УНИ Банка);
  • Фросина Целевска (НБРМ) 
Погледнете го видео записот од целата дискусија и инспирирајте се од излагањата и заклучоците на панелистите, кои се експерти во областа на официјалниот YouTube канал достапен на овој линк

Втората по ред „Finance Talks by EOS Matrix“ панел дискусија се одржа на 28 септември 2022 и ја разработи темата: „Придобивки од имплементација на европските законски решенија во домашниот финансиски сектор“.

На дискусијата своето искуство и експертиза го споделија:

  • Модератор: д-р Катерина Бошевска, генерална директорка на ЕОЅ Матрих
Експерт говорници:

  • Г-дин Фатмир Бесими - Министер за Финансии, Министерство за Финансии на Република Северна Македонија
  • М-р Бранко Грегановиќ - Претседател на Управен oдбор на НЛБ Банка Скопје.
  • Д-р Горан Василев - Генерален директор на ИутеКредит Македонија.
Благодарение на долгогодишното искуство и стекнатата експертиза на панелистите во домашниот, но и во странските финансиски пазари, оваа дискусија е од огромна вредност за финансиската заедница во земјата. 

Видео записот од панел дискусијата е достапен на овој линк до YouTube каналот на EOS Matrix Macedonia.

Бидете во тек

icon red digital processes
Пополнете го формуларот подолу за да ги следите настаните во рамки на „Finance Talks by EOS Matrix“ платформата и бидете во тек со новостите, заклучоците од дискусиите и останатите информации за јавноста.
Subscribe

Newsletter Subscription

Пополнете ги бараните полиња.
Пополнете ги бараните полиња.
Пополнете ги бараните полиња.
Пополнете ги бараните полиња.
*задолжително поле