Политика за приватност на веб-страницата

1. Опсег

Политиката за приватност се однесува на прибирањето на лични податоци од при посета на нашиот website - https://mk.eos-solutions.com и нивната понатаможна обработка од страна на ЕОЅ Матрих ДООЕЛ - Скопје.

2. Прибирање, чување и обработка на личните податоци

2.1. Посета на веб-страницата

При посета на нашиот website https://mk.eos-solutions.com/, Вашиот пребарувач автоматски испраќа податоци до нашиот server. Податоците привремено се зачувуваат во датотека и се бришат после 3 дена. Податоците содржат:

  • IP адресa
  • Датум и време на пристап
  • Име и URL на пристап до датотеката
  • Интернет-страница од која е направен пристапот (URL-адреса),
  • Веб-страница до која се пристапува преку нашата веб-страница
  • Користениот пребарувач и, доколку е возможно, оперативниот систем на вашиот компјутер, како и името на интернет провајдерот.

Податоците се користат со цел да се обезбеди непречена употреба на веб-страницата и анализа на безбедноста и стабилноста на системот.

Податоците не ги користиме за други цели.

2.2. Колачиња

Како и повеќето веб-страници, ние користиме колачиња кога пристапувате и ја прелистувате нашата веб-страница со цел вашата посета да ја направиме што е можно поудобна и поефективна.

Колачињата се мали датотеки што ги креира веб локацијата и автоматски се чуваат во прелистувачот на вашиот уред (лаптоп, таблет, паметен телефон и слично). Колачињата не му штетат на вашиот уред и не содржат никакви вируси, тројански или друг злонамерен софтвер. Информациите дадени во врска со специфичниот уред што бил употребен се чуваат во колачето. Меѓутоа, тоа не значи дека на тој начин добиваме директно знаење за вашиот идентитет. 

Користењето колачиња служи, првенствено, за употребата на нашата понуда да ви биде попријатна. На пример, користиме таканаречени сесиски колачиња за да препознаеме дека веќе сте посетиле дадена страница на нашата веб-страница. Тие автоматски се бришат во моментот кога ќе го затворите пребарувачот. Слично, за да направиме оптимизација на начинот на користење, употребуваме и привремени колачиња коишто се чуваат на вашиот уред одреден временски период. Ако повторно ја посетите нашата веб-страница за да ги користите нашите услуги, автоматски ќе препознаеме дека веќе сте нè посетиле и Ви овозможуваме користење на претходно внесените поставки, со што ја подобруваме корисничката услуга.

Колачињата се поделени на четири категории и тоа: „Неопходни“, за „Статистика“, „Погодност“ и „Маркетинг“. 

Неопходните колачиња се потребни за работата и основните функционалности на нашата веб-страница. Тие го овозможуваат функционирањето релевантно за безбедноста на оваа веб-страница. 
Статистичките колачиња  се употребуваат за  подобрување на нашата понуда и обезбедување на дизајн според потребите на корисниците и континуирана оптимизација на нашата веб-страница. За таа цел, собираме анонимизирани податоци за статистика и аналитика, на пример, за да го утврдиме бројот на посети на веб-страницата, статистиката за преглед на страница и однесувањето на корисниците, со цел да ги приспособиме и подобриме нашата содржина и вашето искуство на веб-страницата.

Колачињата за погодност се користат за да се олесни употребата на нашата веб-страница. При  повторнa посетa нашата веб-страница за да ги користите нашите услуги, автоматски ќе препознаеме дека веќе сте нè посетиле, а автоматски ќе бидат препознаени и внесовите и поставките што сте ги направиле за да не мора да ги внесувате повторно. На пример, на овој начин, нема да мора повторно да ги внесувате вашите кориснички податоци, туку кога повторно ќе ја посетите веб-страницата, ќе може да пристапите до податоците што веќе сте ги внеле. Употребуваме колачиња за маркетинг за да ви овозможиме релевантна содржина врз основа на вашите интереси кога ја посетувате нашата веб локација.

Обработените податоци преку неопходните колачиња служат за наведените цели да се заштитат нашите легитимни интереси согласно Член 10, став 1, алинеја 6 од Закон за заштита на личните податоци, како што е соодветното функционирање на нашата веб-страница. 

Собраните и обработени податоци преку колачињата за погодност, статистика и маркетинг се врши со ваша согласност, согласно Член 10, став 1, алинеја од Закон за заштита на личните податоци со цел да ви овозможиме индивидуализирана содржина, за статистички цели што служат да се подобри корисничкото искуство и за маркетиншки цели. Во однос на истите, може да ја промените/повлечете вашата согласност така што ќе кликнете на поставките за Промена на колачиња на дното од веб локацијата.

Управување со колачиња

Повеќето прелистувачи автоматски користат колачиња. Меѓутоа, може да го конфигурирате вашиот прелистувач за колачињата да се чуваат на вашиот компјутер или секогаш да се појави порака со известување пред да се зачува ново колаче. Секој прелистувач е различен, зависно од тоа како се управувани поставките за колачиња. Тоа е опишано во менито за Помош на секој прелистувач, каде е објаснето како да ги промените вашите поставки за колачиња. Следете ги линковите подолу зависно од тоа кој прелистувач го користите:

Целосното деактивирање на колачињата може да доведе до тоа да не можете да ги користите сите функции на нашата веб локација.

Ги користиме следните колачиња:
Неопходни

Назив Java Session Cookie (Колачиња за сесија со Java)
Давател на услуги Сопственикот на оваа веб локација
Цел Ова колаче го користи серверот за апликацијата.
Тоа е од суштинско значење за соодветната работна на софтверот на апликацијата.
Не складира лични податоци. 
Назив на колачето jsessionid
Времетраење на колачето Колаче за сесијата - се брише кога ќе го затворите прелистувачот.
Назив cookieconsent_status
Давател на услуги Сопственикот на оваа веб локација
Цел Неопходно колаче што мора да се зачува со цел да се потврди лентата за колачиња.
Назив на колачето cookieconsent_status
Времетраење на колачето 60 дена
Погодни

Назив VISITOR
Давател на услуги Сопственикот на оваа веб локација
Цел Го користиме ова колаче за да ви овозможиме индивидуализирана содржина. 
Назив на колачето VISITOR
Времетраење на колачето Колаче за сесијата - се брише кога ќе го затворите прелистувачот.
Назив NEW_Visitor
Давател на услуги Сопственикот на оваа веб локација
Цел Го користиме ова колаче за да ви овозможиме индивидуализирана содржина.
Назив на колачето new_visitor
Времетраење на колачето 1 ден
Статистички

Назив nmstat
Давател на услуги Siteimprove GmbH
Цел Ова колаче се користи за да помогне да се направи запис за употребата на веб-страницата од страна на посетителот.
Се користи за да се собере статистика за употребата на веб-страницата како и за тоа кога посетителот последен пат ја посетил истата.
Тие информации потоа се користат за да се подобри корисничкото искуство на веб-страницата. Ова колаче за аналитика за подобрување на веб-страницата содржи случајно генерирана идентификација што се користи за да се препознае прелистувачот кога посетителот чита некоја страница. Колачето не содржи лични податоци и се користи само за веб аналитика.
Назив на колачето nmstat
Времетраење на колачето Постојано – истекува после 400 дена
Назив AWSELB
Давател на услуги Siteimprove GmbH
Цел Колачето AWSELB гарантира дека сите прегледи на страниците за истата посета (сесија на корисници) се испратени до истата крајна точка. Ова ни овозможува да ја утврдиме редоследот на прегледите на страниците на корисникот потребни за функции како Следење на однесувањето и инките.
Назив на колачето AWSELB
Времетраење на колачето Колаче за сесијата - се брише кога ќе го затворите прелистувачот.
marketing

Назив siteimproveses
Давател на услуги Siteimprove GmbH
Цел Ова колаче се употребува само за да се следи секвенцата на страниците што ги прегледува посетителот за време на посетата на веб-страницата.
Тие информации може да се употребат за да се креираат Кориснички патувања и им овозможува на посетителите побрзо да ги најдат релевантните информации.
Назив на колачето siteimproveses
Времетраење на колачето Сесиско колаче - се брише кога ќе го затворите прелистувачот.

2.3. Алатки за анализа

Нашата веб-страница користи мерки за следење за да обезбеди дизајн кој е прилагоден на потребите на корисниците и оптимизиран за употреба.

2.3.1. Siteimprove Analytics

Нашата веб-страница користи Siteimprove Analytics, услуга за веб-аналитика обезбедена од страна на Siteimprove. Siteimprove Analytics користи „колачиња“ - текстуални датотеки што се зачувани на вашиот компјутер или паметен телефон за да му помогнат на ЕОЅ Матрих ДООЕЛ да анализира како посетителите ја користат веб-страницата. Информациите генерирани од колачињата за користењето на веб-страниците на посетителите се чуваат и обработуваат од страна на Siteimprove на серверите во Данска.

IP-адресите се целосно анонимни пред да може да се видат податоците преку веб-страницата за веб-страници за EOS . Не е можно да се смени анонимизацијата на IP-адресите и да се наведат IP-адресите на собраните податоци.

2.4. Youtube видеа

Нашата веб-страница содржи линкови до видеа од YouTube LLC, 901 Cherry Ave, San Bruno, CA 94066, USA. Ако посетите страница на нашата веб-страница која содржи такво видео, ќе се воспостави директна врска помеѓу вашиот прелистувач и серверот YouTube откако ќе го активирате видеото.

YouTube ги прима информациите дека сте ја посетиле нашата веб-страница со вашата IP адреса. Ако кликнете на врската до видеото, вашата IP адреса ќе биде испратена до YouTube.

Би сакале да истакнеме дека, како давател на нашата веб-страница, ние немаме сознанија за содржината на пренесените податоци или неговата употреба од страна на YouTube. Дополнителни информации може да се најдат во декларацијата за заштита на податоците на YouTube ( https://www.youtube.com/ ).

3. Безбедност на податоците

На веб-страницата mk.eos-solutions.com, користиме SSL метод комбиниран со највисокото ниво на криптирање, поддржано од вашиот пребарувач. По правило, ова е 256-битно криптирање. Ако вашиот пребарувач не поддржува 256-битна криптирање, наместо тоа ние користиме 128-битна v3 технологија.

Ние исто така користиме соодветни технички и организациски мерки за безбедност за да ги заштитиме вашите податоци од случајно или намерно манипулирање, делумно или целосно губење, уништување или од неовластен пристап од трети страни. Нашите безбедносни мерки постојано се подобруваат во согласност со технолошкиот развој.

4. Ажурирање и промена на декларацијата за заштита на податоците кои се користат на веб-страницата

Оваа Политика за приватност на веб-страницата во моментов е валидна и последен пат е ажурирана во Јануари 2020 година.

Промена на Политиката за приватност на веб-страницата може да биде неопходна како резултат на подобрувања на нашата веб-страница, нови понуди на нашата веб-страница или поради промени во законските или службените барања. Може да пристапите кон тековната Политика за приватност на веб-страницата и да ја испечатите во кое било време на веб-страницата на https://mk.eos-solutions.com/.