- Постигнати нови височини на приходот и EBITDA.
- Силни инвестиции во купувањето долгови: уште еден чекор кон станувањето на глобален финансиски инвеститор
- „Во голема мера ќе го прошириме нашиот бизнис обезбеден со недвижнини, покрај купувањето на необезбедени долгови“
Хамбург, Германија; 16 јули 2019 година – EOS Group, со седиште во Хамбург, го зголеми својот приход во фискалната 2018–2019 година за 2,3 проценти до 813,7 милиони евра. Заработката пред камата, даноци, депрецијација и амортизација (EBITDA) порасна до 283,6 милиони евра. Според тоа, меѓународниот давател на приспособени финансиски услуги, којшто припаѓа на Otto Group, постигна нов рекорд во однос на двата клучни индикатори за изведба. Една од главните причини за позитивниот развој беше високата инвестиција во купување на портфолија на необезбеден и обезбеден долг: EOS инвестираше 668 милиони евра во побарувања и недвижнини во последната фискална година и сè повеќе еволуира во глобален финансиски инвеститор.
Високата инвестиција во купување долгови продолжува непречено
„Среќен сум за исклучително задоволителната фискална година“, рече Клаус Енгбердинг (Klaus Engberding), Претседател на Извршниот одбор на EOS Group. „Како во однос на приходот, така и во однос на профитот, повторно постигнавме извонредно ниво. И покрај хармонизацијата за фискалната година во претходната година*, успеавме да го зголемиме приходот на EOS Group. Тоа е јасен знак за нашиот одржлив деловен раст“, рече Енгбердинг. „Во голема мера ќе го прошириме нашиот бизнис обезбеден со недвижнини, покрај купувањето на необезбедени долгови.“ Со нашата технологија чиј двигател се податоците, оптимално може да ги процениме и обработиме побарувањата - совршена основа за да продолжиме силно да инвестираме во купување долгови ширум светот“.
EOS Group се состои од повеќе од 60 компании во 26 земји и има вработено повеќе од 7500 луѓе. По пат на партнерска мрежа, EOS им нуди паметни услуги на своите над 20 000 потрошувачи во 180 земји насекаде во светот.
* Во извештајниот период 2017-2018 година, околу 30 компании на EOS беа вклучени со 14 наместо 12 месеци во консолидираните финансиски извештаи за крајот на годината.
Преглед на клучните индикатори за изведбата:
|
2018-2019 година |
2017-2018 година |
Приход од продажба (Милиони евра) од кои |
813,7
|
795,0
|
EBITDA (Милиони евра) |
283,6 |
279,8 |
Во табелата може да има прикажани разлики што се должат на заокружување на цифрите.
Источна Европа со пораст во обезбедените побарувања
Во Источна Европа, EOS ужива целовремени височини: „Горди сме со нашите резултати во Источна Европа за последната фискална година“, рече Марвин Рамке (Marwin Ramcke), Извршен директот на EOS Group одговорен за овој регион. „Со 203,2 милиони евра, приходот го надминува оној од минатата година за повеќе од 10 проценти. Заработката пред данокот е, исто така, многу повисока отколку во претходната година“. За двата клучни индикатори за изведба (KPI), EOS достигна највисоко ниво до сега во регионот. „Повторно бевме во можност да го зголемиме обемот на нашата инвестиција во портфолија со лош долг. Особено во Хрватска и во Полска, но исто така и во Русија и Словачка, нивото од претходната година беше јасно надминато“, според Рамке. Инвестицијата во обезбедени побарувања беше особено проширена; EOS е сега активна во ова поле во девет Источноевропски земји. Рамке: “И понатаму гледаме одлични можности за раст во овој сегмент ипланираме да го прошириме деловниот сегмент во сите наши источноевропски локации во иднина“.
За EOS Group
EOS Group е водечки меѓународен давател на приспособени финансиски услуги. Како специјалист во процената и обработката на побарувања, EOS применува нови технологии за да им понуди на своите 20 000 потрошувачи во 26 земји финансиска сигурност по пат на паметни услуги. Главниот бизнис на компанијата е купување портфолија со необезбеден и обезбеден долг. Во рамките на меѓународна мрежа на партнерски компании, EOS Group вработува повеќе од 7500 вработени во над 60 подружници и има пристап до ресурси во повеќе од 180 земји. Нејзините клучни таргетирани сектори се банкарство, комунални услуги, недвижнини и е-трговија. EOS е дел од Otto Group
За повеќе информации за EOS Group, Ве молиме одете на eos-solutions.com.